Блам состанок!

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
На еден другар женска му работеше фризерка позади универзална,и сум бил со него да ја собере од работа неколку пути.И таму ме има заприметено нејзина колешка,и као ај демек да се упознаеме,се договараме да искочиме сите заедно у Ања на кеј.Лето.А оваа, многу јака пичка,ептен.Јас го оштрам ножот,цела недела.И два сати пред средбата идам и Барселона,да убијам трема,на една две пијачки.Мавам флаша Бомбај Сафајр,со неколку тоника,се убивам максимално.Идам у тоалет се гледам,и сфаќам дека не го чуствувавм лицето,неможам да зборам,ни гримаса да наравам.Искачам надвор,брцам у џеб у кошуља,среќа имав свиткано два џоинта од претходно.Пафкам еден,се средувам,се масакрирам.И си праам филм дека не сум пијан.Се појавувам на средбава,седнувам до нејзе,и нарачувам,дупла вотка.У меѓу време праам некој муабети,безбезе.Ја мавам воткава на екс,и почнувам да повраќам,у врат,у цицки,на маса,секаде.
Ме уби бед...Месец дена од дома не излегов
Златна медаља одма да ти се даде :pos:
 

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.296
Поени од реакции
13.176
Запознавам едно маче,у кабрио.Лапање драпање цела вечер,лесен петинг на танцпол,и,и викам ај кај мене.
Неможела,од Пробиштип била дојдена,на свадба била другиот ден.И ја, на шала,и викам,абе и јас сум утре на свадба,заедно ќе одиме од кај мене )))) Не нејзините ќе ја убиеле.Ми се напраи бед,се пошмукавме уште некој пола саат,и јас се паркирав на шанк.Нареден ден,стегнат се појавувам на свадба у Ден и Ноќ,коа ја гледам нејзе со мајка ми и уште една жена.Ејј топ си викам.Ама ѓаолот,ни ора ни копа.Им се ставам у муабет,и мајка ми вика,запознајте се ова ти е втора братучедка....
Али тоа мене не ме спречи да ја мувам и на свадба )))))))))
 

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.296
Поени од реакции
13.176
Ау,каква тема,најбоље на цел форум,сеа со кафе ја читам,грми,грми
Автоматски споено мислење:

@Джонтра Вохохолта ти со @pozdrav eden topol да не си бил на дејт бе,хахаххахаха
 
Последно уредено:

-x-

punished
Член од
2 март 2013
Мислења
1.191
Поени од реакции
837
Ау чоече ќе умрев за малце..

И пошто си имам тик на ногата од време на време некој живец ваљда не чини знае да фати да скока од време на време, и најде да скока баш тогаш коа треба да ја залапам :facepalm: И да се поздравиме ајде демек чао, ја доста мангупски и смело и викам: „Чекај да пробам нешто“:icon_lol: И оваа тука се смее мене ногата ко хилта ми работи, се лапаме ја одскокнувам, ми вика абе што ти е? Викам:„Од ладното“ - иди објаснувај се сеа у медицински теми рушиш романтики.

И така се мувавме уште утре дента (не ми скокаше ногата), и вешто ме избегнуваше додека не стана јасно дека е готово. :D Сеа си има дечко она, кола има тој.
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.831
Поени од реакции
17.466
Не знам дали е за темава, ама ајде. Пред десетина години му правев друштво на другар ми да се види со некоја женска, а и она со себе викнала другарка. И овие отишле кај што отишле, не оставија нас насамо. Значи по природа не сум многу зборлив и секогаш кога ке седнам со некој да разговам и препуштам на таа личност да зборува. За тие 30 минути го бомбардирав девојчето што со глупи работи, што со глупи недуховити смешки кои не се смешни на тешко ретардирана особа. Значи и ден денес кога ке ја видам ме фаќа таков блам, што сакам во земја да пропаднам. Сигурно си вика еве го овој замарачов, иако се насмевнува кога ке ме види. :facepalm:
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.465
Поени од реакции
17.964
Средно школо, ова време беше, зимо пред нова година, јас само што раскинав со една девојка од клас и имаше едно Босанче убаво тенко ептен ме симпатизираше, и ај се договараме да излеземе двајцата и кај ќе одиме, кај мене у маало во една од зградите имаше скривница, која пред 40 години работела како некое клубче, и летото пред тоа ние копиљаци си ја исчистивме, исфарбавме, направивме шанк, најдовме јако озвучување и есента и зимото се растураравме од журки. И доаѓаме со Босанчето, сите другарчиња знаеа дека вечерта треба да ја мувам и пиевме, деца ко деца, мешај коњак, узо, вино, пиво, после некое време тој на шанк педерче почнал во виното и узо да става, и за саат време лешеви се направивме. Девојкава ја нема, јас решен загреан добро, да стапам у акција, пошто малку срамежлив па алкохол бодри и дава сила, и не можам да ја најдам, зборам со еден другар и вика брат одам да ја барам и јас, и така се вртам 10 минути и доаѓаат двајцата, оваа кога ме виде почна да плаче, викам што ти е, оваа плаче ме гушка, другаров почна да се извинува брат извини не сакав немамерно беше, што не сакаше што ненамерно, и оваа липта и ми кажува се смувавме со другар ти, овој уште се извинува а оваа се бутнала кај мене и врат и ми плаче, и видов не видов почнав да ја лапам, а другаров не гушна двајцата. После се убивме од лапање драпање па и некој месец одевме, добро, у инат на бившата од клас, од моја страна.

Другарот денес ми е најбољи другар, па и се покумашинивме, али големо машко срце, па све опрашта :D
 

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.296
Поени од реакции
13.176
Средно школо, ова време беше, зимо пред нова година, јас само што раскинав со една девојка од клас и имаше едно Босанче убаво тенко ептен ме симпатизираше, и ај се договараме да излеземе двајцата и кај ќе одиме, кај мене у маало во една од зградите имаше скривница, која пред 40 години работела како некое клубче, и летото пред тоа ние копиљаци си ја исчистивме, исфарбавме, направивме шанк, најдовме јако озвучување и есента и зимото се растураравме од журки. И доаѓаме со Босанчето, сите другарчиња знаеа дека вечерта треба да ја мувам и пиевме, деца ко деца, мешај коњак, узо, вино, пиво, после некое време тој на шанк педерче почнал во виното и узо да става, и за саат време лешеви се направивме. Девојкава ја нема, јас решен загреан добро, да стапам у акција, пошто малку срамежлив па алкохол бодри и дава сила, и не можам да ја најдам, зборам со еден другар и вика брат одам да ја барам и јас, и така се вртам 10 минути и доаѓаат двајцата, оваа кога ме виде почна да плаче, викам што ти е, оваа плаче ме гушка, другаров почна да се извинува брат извини не сакав немамерно беше, што не сакаше што ненамерно, и оваа липта и ми кажува се смувавме со другар ти, овој уште се извинува а оваа се бутнала кај мене и врат и ми плаче, и видов не видов почнав да ја лапам, а другаров не гушна двајцата. После се убивме од лапање драпање па и некој месец одевме, добро, у инат на бившата од клас, од моја страна.

Другарот денес ми е најбољи другар, па и се покумашинивме, али големо машко срце, па све опрашта :D
Друже,па ова не е блам,ова е романтична историја со среќен крај )))))
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.282
Поени од реакции
10.171
Бреј која тема. :pos: Ја разлистав сега пак, какви бламови се дешавале.

Ај и јас.

Летово бев на викенд у Охрид и глеам сторито што го стаив на инста го видела една девојка со која си праев муабет пред 1-2 години ама сум ја отследил у меѓувреме и така останало. Поднапиен си викам чек да видам што ќе каже оваа, ја заследувам и и пишувам еј кај си ми се изгубила вака така некој глуп муабет. Ок го решивме тоа и почнуваме муабет што како се дешава, бла бла, и полека полека иде муабетов накај добропознатиот смер. Ај викам деновиве ќе се вратам у Скопје па може да се видиме, и така бидна, се вратив у Скопје и уште некој ден траеа муабетиве и си викам ок мачорот ќе иде на топло.

Една вечер си доаѓам од работа, 7 саат навечер, полууморен ми се спие и оваа ми вика ај бе вечер да се видиме слободна сум. Си викам самиот на себе ајде пиј едно кафе и мрш да не те глеам, не одолговлекувај да не останеш ладен.
Искачам, ја собирам со кола, кај ќе идеме вика ај кај градинката има клупи мирно место нема никој. Во ред идеме таму, ај надвор на цигарче, ок за почеток, после у кола на главното. Сехехехекако. Седиме на клупа и почна да ме мрзи да праам муабет а знам за што сум дошол, и и се приближувам да ја залапам и ми се потргнува и ми вика ааа не корона има. :pos: wait whaaaaaaaaaaaaat? OЗБИЛНО?
И нишо, седиме така и ме фати нервоза малце, тотален шат даун осетив а оваа си продужува си збори нешо ко све најнормално да е. Вика многу се плашам од кучиња и и викам па нема, ми вика може има у темницана и ко за беља се појави едно лингурче и срипа оваа на клупа испаничи ко Годзила да дошол. И ајде ја тешам ја смирувам и си викам чек пак ќе пробам, рампа, корона има. Ај иди у пичку матер си викам у себе.

Си седам така, веќе ми умреа сите надежи и мотивации, и ми вика многу си тивок бе, да не пушиш трава. Ја гледам и и викам не бе не дувам. Ми вика ааа не, зошто стонираш тогаш? Ја глеам чудно и у себе си викам зошто ми се ебе а ти ми глумиш медицински освестена персона. И викам па не знам уморен сум нешто ваљда бла бла. И си течат бош муабети, она збори ја тлеам, пушта нешто Тупак, Биги, си викам кај кур дојдов глупо дете. Ми вика кажи што музика слушаш да пуштам и и викам не знам бе било што, нешто рок пушти и вика ја па само тоа не слушам. Ок ми е гајле што сакаш пуштај да пушам уште една цигара и си бегам - заклучувам у себе.
Кажи бе ми вика, добро ајде да не бидам намќор скроз и викам пушти нешто од Рамштајн, ме гледа и вика што е тоа, и и викам германци бе добри се, ментиши, Du Hast не ли ја знаеш? Не бе ми вика, па не слушам јас тоа. Српско слушам и Тупак. Ја барам камерата од The Office да погледнам у неа. Си викам Тупак кујзне колку се превртува у гроб после ова.
Нејсе, ја пушта Du Hast и ми вика што е ова бе сатанистичко. Е да ти ебам мајката од кај кур заклучи дека е сатанистичка песна? Ти Ангела Меркел ли си па одма разбра што пее германецот. Секако и ова у себе си го изговорив.
И пак да бидам учтив и викам не бе кои сатанисти, имаат и љубовни песни и секакви, не е така ко што мислиш. Она убедена, сатанисти биле. Дојдов да ебам а испаднав дрвен адвокат на Рамштајн.
Се убедуваме све тоа, не попушта, ок смени и викам пушти што сакаш. Водена по муабетот за сатанизам ми вика абе ти веруваш у религија. Ладнокрвно и реков не, и се насмеав цинички.
Ми се чини боље око да и истерав него ова што и го кажав. Таква зачудена ме гледа и ми вика ниеднаш до сеа не си бил на лигургија? хахахахаха не бе, што ќе праам таму. И кажав дека последен пат иам влезено у црква за еден велигден пред повеќе од 10 години, мртов пијан у сред црква у сред народ на 3 реда до попот се глупиравме цело друштво.
Почна тука да ми држи литургиски беседи, да ме замара, ме умре.

Ај викам ќе идеме у кола малце, последна шанса или ја носам дома. И седиме у кола она од телефон пушта САРС и Саша Ковачевиќ почнува да ми збори за врски, да ме испрашува колку сум бил најдолго со девојка, што очекувам од врски, што она добивала, какви и биле дечковците. Еднаш-два пати пробав со муабет, глеам си стои категорично на ставот дека има корона. Издржав уште 10 минути и и викам ај си бегаме и ми вика еј што ти стана одеднаш. Ништо што ми стана, доста е, ќе се видиме друг пат, ми се спие сега.
Ок ајде, ја носам дома, на искачање од кола поздрав со боксче, чао чао, се гледаме друг пат. Секако, обавезно, ќе си пишеме, ајде чао.

Еееееее копиле бе, си викам у себе, идиоту еден, класичното себеругање и понижување. Си отидов дома, си легнав.

После ден-два ете ја се појавува, ми пишува, кај ме снемало. Кај да ме има бе? Еве у црква сум ебати мајката. Го однесе муабетот ко јас да сум крив, не сум праел многу муабет, остана категорична на ставот дека сум бил напушен и сум стонирал, ако продужев да и праам муабет на таа тема гарант ќе ми дадеше број од Бигорски манастир да идам да се лечам од дрога.
Брзо го заклучив муабетот и ја баталив.
Definitivno ne si normalen..:pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::lolzz::lolzz::lolzz:race mi se smejat, telefonov se cepa I...rucekot mi zagore...leleee ..kaj mu tekna, .jakoooooooooookoooo..u crkva bil.....:lolzz::lolzz::lolzz::lolzz::lolzz:
 
Последно уредено:

LepiDzoni

Profesionalen ulichen cigan
Член од
25 јули 2014
Мислења
1.383
Поени од реакции
3.581
Eden drugar me vikna ednas odamna da mu pravam drustvo na double date. Negovata partnerka bese fina i sve ali drugarka i bese otok. I dvete klasicni bebi. Sednavme vo eden (togas) eliten skopski lokal prvo site zaedno ama potoa se razdelivme na posebni odvoeni masi.

I celata takva so napudreno lice, muckata krenata, race prekrsteni. Celo vreme pogledot na strana. Ocigledno ne i bev na nivo, probuvav da ja animiram so nekoi opsti muabeti, prasanja za faks, zaednicki poznanici kurci palci itn. Tipkava beton.
Posto totalno ne bese moj tip (iako izgledase mnogu fino) i bev tamu vo glavno radi drugar mi, po nekoi 30 min od ovoj "sudir" mi skurci i uopste da dremam so nejze, kao si pomisliv vo sebe sto uopste barash tuka so ovaa osoba.

I se izviniv, i rekov ke odam kaj deckive da gi zirnam pa ke si odam. Tipkava malce se iznenadi i kaza nesto ama iskreno ne se ni sekjavam sto tocno.
Otidov kaj niv, se pozdraviv i si otidov doma. Po kratko vreme si otidoa i drugarot so partnerkata nekade taka da ne bese totalno izgubena vecer. Ovaa drugava neznam sto napravi, vajlda si otide doma da si ja brishe pudrata.
 

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.296
Поени од реакции
13.176
Дај бе жениве нека пишат нешто...некоја дешавка )))))))
 

Kajgana Shop

На врв Bottom