Нејќам да го напаѓам Артета, ама вака пристрасни постови за бранење имаше и за Венгер. И Венгер беше тој што тука голем број го бранеа дека не е он крив, Кроенке е крив, Венгер сака да купува играчи, ама немало пари, па Венгер далечната 2004та ја имал инвисиблс сезоната, па освојувал ФА купови и океј било тоа, зошто сме завршувале со трофеј итн итн.
Слични аргументи сеа и за Артета, он сакал да промени нешто, ама требало време, ама управата била крива, ама структура немало ама вака ама онака.
Ако горе постот на мкганер е вистина и дава објективна споредба за резултатите на Артета и Емери, нема потреба од вакви срцепарателни постови и бранење на Артета. Не викам да се избрка Артета, ама па тоа не треба да значи дека сеа треба со розови наочари да го глеаме.
Точно е дека проблемите не почнаа со Артета туку уште од Венгер и точно е дека не може магично тоа да се реши, ама па тоа не значи дека оправдување за вака катастрофални резултати секогаш треба да бидат проблемите од минатото.
Јас секогаш се водам по една филозофија дека ако сакаш ти нешто да смениш, а некој те кочи, пробуваш 1, 2, 3, 5 пати и после си одиш ти. Не глеам зошто и тука би било различно, ако Артета пробува нешто да смени, а го кочи управата или било кој друг, нека си отиде и нека каже јавно зошто си оди, нека се створи некаков притисок за промена, не дека нема и сеа, ама ипак нека биде поголем. Секако Арсенал не може подоле од ова да падне...