Потценети играчи

  • Креатор на темата Креатор на темата Near
  • Време на започнување Време на започнување
10 лигашки титули има, Лига на Шампиони, купови. Сегде стандарден првотимец. Што повеќе да експлодира?

Не беше костантен...две сезони се караше во Сити, во Јунајтед една година се менваа со Бербатов...другите сезони пола играше пола не играше...немаше кариера како овие шо ги спомнав реално
 
Стефан Раду. Копилето. Безмилосен долгогодишен центархалф на Лацио. По потреба и лев бек. Пргав и безобразен играч. Некој ќе рече сељак. Сељак. Фудбалер од старата школа на калчо штопери, последниот мохиканец. Дрско копиле, провокатор, тепач, брз, добар во дуели еден на еден, добра игра со левата нога. Кралот на жолтите картони. Нема дерби а да не добие црвен. Романскиот војник. Скоро цела кариера ја помина во Лацио. Легенда на бјанкочелестите.
 
Марио Манџукиќ. Прав балканец што успеал на запад. Дрско копиле што не бира начин да поебе противнички играч. Пцуе, плука и позива на фајт разни Јужно Американци. Кур го боли дали било тоа Меси или Роналдо, ако ти се намерачи ќе те чепка цела утакмица, и ќе се прави пред судијата дека е невин. :D

Играше во екипи како Баерн Минхен, Атлетико и Јувентус, секогаш оставаше 100% на терен. Им шибна луд гол на Реал во финале, и прослави со селско увце ала Мурињо во сред Торино.

Без завидна техника и брзина, можда еден од подобрите напаѓачи од Балканов задњи 15 години.
 
Рафаел Маркез

Легенда, одличен стопер, кој според мене никогаш не го доби заслуженото внимание. Беше незаменлив во Барселона на Рајкард ама некако остана подзаборавена неговата улога покрај толку извонредни фудбалери од таа генерација. Дури и навивачите на Барса денес ретко го споменуваат. За настапите за Мексико па да не правиме муабет, човекот е институција. Еден од ретките кои настапија на пет светски првенства и долги години беше капитен на репрезентацијата.
 
Совршено сумираше @Трибиани зошто го спомнав Тевез а и Маркизио. Ако гледаме така нити Манџукич не припаѓа тука и ред др фудбалери спомнати. И да им доза на сопствено убедување.
 
Роман Рикелме - каков само шут имаше, играчиште. Ги однесе Виљареал во полуфинале 2006 година каде испаднаа од Арсенал. Можеше комотно да игра во некои од поголеми клубови во Европа (додуше играше најпрво во Барса, ама тогаш реално беа срање) место да се врати во Бока.

Жунињо - најдобриот изведувач на слободни удари според мене. Во тоа време кога играше Лион нон-стоп правеа успех во ЛШ, постојано го победуваа Реал, комплекси им набија тогаш. Играч кој исто така можеше да игра во било кој голем клуб во Европа.

Демијан Даф - брз и продорен играч. Имаше добри сезони во Челзи. После тоа играше за Њукасл и Фулам.

Руи Коста - многу добар полушпиц во Милан пред да дојде Кака и да го засени, па после тоа се врати во Бенфика.
 
Pablo Aimar i mozebi cela taa generacija na Valencia, sve igracista.
 
Каспер Шмајхел, цел живот во сенка на татко му, според мене неоправдано, иако ја нема кариерата на сениорот и ги нема титулите, ама има една и таа за сите пари вредна. Шампион на Англија со Лестер.
Дете на Манчестер Сити, никад не доби шанса таму, се моткаше со второлигашки екипи додека не потпиша со Лестер и се врати во Премиер лигата.
Од тогаш наваму одлични партии на голот, фантастичен голман, рефлекси како мачка, со сигурност меѓу најдобрите премиер лигашки голмани од кога е број 1 у Лестер. Топ голман.
 
Јас не знам кој ги потценил Берба и Сон...
Да каже некој, бегај бе, не ги бива, просек играчи. Напротив, само пофалби имало за нив.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom