Потценети играчи

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Ако бараме специфичен тип на играчи, тоа секад ќе се оние ДМ или ЦМ играчи без flair, некаков фенси дриблинг талент и слично. Сите тие играчи се потценети, и нема поента темата ако само по тоа гледаме.
Не е точно. Еве со Белами, Керик, Ајала, Гути итн. скроз се погодува поентата на темата. Има куп играчи кои не се експонирани и не добива(ле) кредит низ кариерата.

Гути најтипичен пример, периодот кога ги изнакупија Бензема, Роналдо, Кака, ојле, дојле, Гути секое второ коло им го вадеше газот на Реал а никогаш немаше хајп за оствареното.
 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.891
Не е точно. Еве со Белами, Керик, Ајала, Гути итн. скроз се погодува поентата на темата. Има куп играчи кои не се експонирани и не добива(ле) кредит низ кариерата.

Гути најтипичен пример, периодот кога ги изнакупија Бензема, Роналдо, Кака, ојле, дојле, Гути секое второ коло им го вадеше газот на Реал а никогаш немаше хајп за оствареното.
Штета што беше тешка флегма и играше само кога беше расположен, прејака визија имаше на теренот. Комотно можеше на Еуро 2008 и СП 2010 да си игра за репрезентација.

Од прва вака во склоп со темата - Хозе Марија Каљехон. Во Реал направи трансфер во втората сезона на Мурињо кога рушеше рекорди во Ла Лига. Голем работник на теренот, од крилен бек до дефанзивни задачи во средниот ред извршуваше кај Мурињо без проблем. Во Наполи стандарден, една сезона и најдобар асистент беше во Серија А доколку не се лажам. Техника, шут, креативност со добро фудбалско IQ.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.979
Поени од реакции
116.664
Hulk

Исто за мене страшен напаѓач со разорен удар. Не верувам да има друг играч за кој цел свет знае, а на кој најголем клуб во кој играл му е Порто/Зенит.
Од овој попреценет играч немало и нема да има.
 

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.300
Поени од реакции
7.026
Бриј, пола играчи ми ги земаа...Наредно ги планирав Аимар, Рикелме и останата багра јужноамериканци ама ми ги украдовте више :D

Нвм, да се вратам на темата.. Хоакин Санчез, сега сеуште активен во неговиот матичен клуб Бетис веќе на 40 години, ама пред 15-тина години каков притисок имаше тој преоден рок кога Валенсија и Реал буквално се тепаа за него. Можеби и најдобар крилен играч во Шпанија во тој период(правам муабет за класични крила, не крилни напаѓачи), оган дриблинг и брзина..
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.679
Поени од реакции
14.562
Себастијан Дајслер.

Штета што заради мешавината од повреди/депресија се пензионираше премлад, којзнае што прави сега и каде е, нема ништо по германски портали веќе со години.

Најталентиран играч што излегол од Германија последниве 50 години, без дилема.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
17.029
Поени од реакции
51.290
Нема фиксно усогласени критериуми за тоа што е потценет фудбалер, ама сигурно не треба да ставаме во потценети фудбалери разни нереализирани таленти или несреќници што ради повреди не го исполниле потенцијалот и плус да си додаваме и носталгија малце.... Маркизио, куров ми :icon_lol:


Не би рекол дека се потценети , ама Кејн и Сон да се во Манчестер и Ливерпул ќе се крстеа деца по нив, вака заглавени во клуб со слабо реноме, тој статус нема никогаш да го достигнат и секогаш некој неук ќе ги доведува по прашалник.
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Од моменталната екипа на Ливерпул на која што дефинитивно ќе се гледа како на сјаен тим со години отсега, ќе бидат запазени Салах и Мане, и за Фирмино ќе има аргументи како е моноторот, ни Хендерсон нема да е потценет туку ќе му се прифати статусот поготово пошто е капитен, Робертсон и Трент како еден вид револуционерни бекови исто ќе бидат славни, Ван Дајк како главниот штопер, и Алисон како најдобриот голман у свет.

Ама сигурен сум дека играчот кој ќе биде најпотценет, а има еднаква улога како и сите останати ќе биде Вајналдум. Постојано у прв тим, иста минутажа како сите, редовен, конзистентен, вреден, и клучен во огромен број утакмици. Убеден сум дека ќе биде подзаборавен кога ќе се гледа на овој тим на Клоп во иднина, на сметка на останатите.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Не е точно. Еве со Белами, Керик, Ајала, Гути итн. скроз се погодува поентата на темата. Има куп играчи кои не се експонирани и не добива(ле) кредит низ кариерата.

Гути најтипичен пример, периодот кога ги изнакупија Бензема, Роналдо, Кака, ојле, дојле, Гути секое второ коло им го вадеше газот на Реал а никогаш немаше хајп за оствареното.
Кај правите навијачи имал увек место :D
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.338
PART II

Лудовик Жули - Во тој тим на Барса со Роналдињо и Ето се заборава Жули. Мало, брзо, пргаво копиле, играше кирло ама специјалитет му беше да се шмугне меѓу двата стопери. Многу касно се проби па кратко траеше на таа голема сцена, плус Меси се појави по што си го изгуби местото во Барса. Претходно хараше во Монако, еден од најзнајчаните што стигнаа до финале во ЛШ.

Овен Харгривс - Многу ми е криво за овој играч што ич немаше среќа со повредите. Беше прејак играч ама повеќе беше повреден отколку што беше на терен. Во Баерн успеваше барем пола сезона да сврзе, во Јунајтед не можеше ни еден меч да изигра во сезона.

Олоф Мелберг и Јонас Олсон - Олд скул премиерлигашки стопери, дресот во шорц, градба на хокеари и уште кога ќе ги видиш едниот со брадата другиот со косата бегаш километар од нив. Двајцата швеѓани, едниот играше за Астон Вила, другиот за ВБА, само мислам во различно време беа.
 
Последно уредено:

Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.756
Поени од реакции
8.852
Како бе Тевез потценет?
Играл за Вест Хем, Јунајтед, Сити и Јуве цел свет знае за него, зад себе 2 светски првенства и преку 70 настапи за Аргентина која отсекогаш имала топ напаѓачи и за тебе тој е потценет?
Да кажеше Одемвинге, па да имаше смисла, ама Тевез беше играчиште пред 10 години и си доби внимание кое си го заслужи.
Реално Тевез по квалитет беше иста класа како Агуеро,Суарез,Левандовски и претходно Ибра,Ето,Давид Виља.....ама реално не направи кариера како овие поради што имаше бубачки во глата...иако има солидна кариера сепак за тој квалитет што располагаше требаше да експлодира......ретко виден вундеркинд беше Тевез своевремено....класа и неповторлив играч
Автоматски споено мислење:

Hulk

Исто за мене страшен напаѓач со разорен удар. Не верувам да има друг играч за кој цел свет знае, а на кој најголем клуб во кој играл му е Порто/Зенит.
Овај не е потценет играч...со причина замина во Зенит и со причина никој не го бараше од големите клубови...типичен силеџија и недисциплиниран играч...никоја голема екипа нема да толерира таков game play како што практикуваше Хулк...тамам си беше за во Зенит
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.364
Поени од реакции
26.411
Реално Тевез по квалитет беше иста класа како Агуеро,Суарез,Левандовски и претходно Ибра,Ето,Давид Виља.....ама реално не направи кариера како овие поради што имаше бубачки во глата...иако има солидна кариера сепак за тој квалитет што располагаше требаше да експлодира......ретко виден вундеркинд беше Тевез своевремено....класа и неповторлив играч
10 лигашки титули има, Лига на Шампиони, купови. Сегде стандарден првотимец. Што повеќе да експлодира?
 
Член од
30 јануари 2008
Мислења
13.966
Поени од реакции
23.526
Мојот човек Џеј Џеј Окоча, од циганштуријава од Африка не излегол нити ќе излеле фудбалер со толку фудбал у ноѓете! И никад не напрае кариера каква што требаше!

Хенрик Ларсон треба да биде у речник покрај зборот подценет!

И Гаиска Мендиета, додуша цела таа генерација на Валенсија со Клаудио Лопез, Кили Гонзалес и компанија беа играчишта и варем едно од финалињата да земеа у ЛШ ќе направеа бољи кариери
 

Kajgana Shop

На врв Bottom