Потценети играчи

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Господинот Дирк Кајт. Страва од играч, ровареше во Ливерпул, играше 9ка, крило, позади тројката напред, помагаше во одбрана, трчаше милион киломентри, ултимејт работник со одлична техника. Се пензионираше после хеттрик во последната утакмица за Фејнорд што им обезбеди титула после 20 години, легенда им е во клубот.
Дирк Кајт секогаш ме асоцира и на Крег Белами.

Ниско тежиште, стамина 99, oпасен шут.

Прошета низ неколку тима во ПЛ. Секаде беше битен дел, лидер на млади години во Њукасл, потоа во Белкбурн па го направи трансферот на кариерата во Ливерпул, пред да го шитнат овие у Вест Хем па после да го вратат. Ги има изорано аут линиите на секој стадион во Англија.
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
И кој го потценува Сколс? Прашај било и ќе ти кажат Сколс, Пирло и Чави тие се тие 3ца што се најдобри на таа позиција. Луѓе што не гледаат фудбал го знаат ова.
И дечкото на мојот аватар, фала.
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Apsolutno nieden od ovie site sto gi spomnavte ne bile potceneti, bidejki ne bile vo senka na nieden drug igrac i igrale kolku sto im se moznostite..

Edinstven igrac koj mi teknuva momentalno deka e potcenet e Vesli Snajder... Deckoto trebase da osvoi zlatna topka, ama bese potcenet i frlen vo senka ma Messi taa 2010 godina..
 

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
10.406
Поени од реакции
9.628
И кој го потценува Сколс? Прашај било и ќе ти кажат Сколс, Пирло и Чави тие се тие 3ца што се најдобри на таа позиција. Луѓе што не гледаат фудбал го знаат ова.
Најоглем дел од фановите го ставаат позади Џерард и Лампард што нее е така.
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.338
И дечкото на мојот аватар, фала.
Во ред и дечкото на аватар, само немој да заплачете. Ма да мислам дека сосема различни улога играше Џерард од овие тројца. Овие тројца беа диригенти, се започнуваше од нив, додека Џерард не можам да го опишам, versatile ми беше, нешто како Швајнштајгер.
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.607
Поени од реакции
17.441
Carlos Tevez

Клето куче, мразеше пораз, играше како секогаш да му е последен меч.Сегде на терен го имаше и воопшто не му беше гајле против кој игра и кој е на др страна. Често донираше пари на местото каде што е роден дури и го има изградено и подобрено цело мало.

Достоинствено ја носеше 10ката после Дел Пиеро. Одличен техничар, пас, визија, шут право динамо на теренот. Имаше уште мн фудбал во него а и Дибала ќе научеше премногу ама сепак реши да оди во Аргентина и да заигра уште еднаш за Бока пред да ја заврши кариерата, ден денес е активен.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.794
Поени од реакции
39.977
Apsolutno nieden od ovie site sto gi spomnavte ne bile potceneti, bidejki ne bile vo senka na nieden drug igrac i igrale kolku sto im se moznostite..

Edinstven igrac koj mi teknuva momentalno deka e potcenet e Vesli Snajder... Deckoto trebase da osvoi zlatna topka, ama bese potcenet i frlen vo senka ma Messi taa 2010 godina..
Нееее, сите до сега спомнати како Кајт, Парк, Рекоба и слични не биле потценети, Весли Снајдер бил, мозокот на тимот, на една од најдобрите генерации на Интер, играчот без кој ниедна акција не почнувала ни завршувала. Брао.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
23.319
Carlos Tevez

Клето куче, мразеше пораз, играше како секогаш да му е последен меч.Сегде на терен го имаше и воопшто не му беше гајле против кој игра и кој е на др страна. Често донираше пари на местото каде што е роден дури и го има изградено и подобрено цело мало.

Достоинствено ја носеше 10ката после Дел Пиеро. Одличен техничар, пас, визија, шут право динамо на теренот. Имаше уште мн фудбал во него а и Дибала ќе научеше премногу ама сепак реши да оди во Аргентина и да заигра уште еднаш за Бока пред да ја заврши кариерата, ден денес е активен.
Како бе Тевез потценет?
Играл за Вест Хем, Јунајтед, Сити и Јуве цел свет знае за него, зад себе 2 светски првенства и преку 70 настапи за Аргентина која отсекогаш имала топ напаѓачи и за тебе тој е потценет?
Да кажеше Одемвинге, па да имаше смисла, ама Тевез беше играчиште пред 10 години и си доби внимание кое си го заслужи.
 
Член од
5 ноември 2020
Мислења
109
Поени од реакции
298
Од голманите Сантиаго Канизарес сигурно. Каква фаца беше чоеко, штета шо се погоди со Касиљас во исто време па не се изнабрани за Шпанија. Имаше Валенсија тоа време доста играчи шо не беа вреднувани како шо треба.

Од Премиер лига Клод Макелеле. Батето заедно со Патрик Виеира ја имаат напишано дефиницијата за DMF.

Од Серија А, Мансини од Рома и Паломбо од Сампдорија.

Од Манчестер Јунајтед (навивачки) Весли Браун. Кој гледал Манчестер знае дека пред доаѓањето на Видич, Евра и Керик, тој ги покриваше сите овие позиции.
На други играчи, а да не се напишани не ми текнува.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Дечки дајте бе какви Сколс, Џерард, Тевез... ај убаво прочитајте ја темата. Збориме за оние фудбалери кои секогаш биле „втора виолина“ во успешен период за земја или клуб или па фудбалери кои никогаш не добивале пофалби за магарешката работа што ја вршеле.
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Ако бараме специфичен тип на играчи, тоа секад ќе се оние ДМ или ЦМ играчи без flair, некаков фенси дриблинг талент и слично. Сите тие играчи се потценети, и нема поента темата ако само по тоа гледаме.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
23.319
Ако бараме специфичен тип на играчи, тоа секад ќе се оние ДМ или ЦМ играчи без flair, некаков фенси дриблинг талент и слично. Сите тие играчи се потценети, и нема поента темата ако само по тоа гледаме.
Па не баш, еве Максвел и Савиола би ги споменал како ептен потценети играчи. Особено првиов.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom