Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Ако земиме во предвид дека квалитетот на производи што се за секојдневна употреба варира споредбено со оние наменети за Западна и Централна Европа со оние за Источна и Југоисточна, а правиме муабет за исти брендови кои што и таму и овде се продаваат по иста цена, а квалитетот е различен. Можеме само да претпоставуваме што роба од страна на лекови и вакцини ќе дојде кај нас.
Апсоултно точно за стоката, но ја цело време си мислам - нема ваљда и за ова така да биде, мајку му стара (знаејќи во себе си, дека сепак ќе биде). Но, се надевам дека нема да биде.
 
Последно уредено:
- На нормален Ковид, Грип, Риновирус, природните и вештачките /Грипна вакцина/ антитела имаат трајност околу една година, колку ќе е трајноста на новите вакцини?
... од каде ова сознание дека вакцината против сезонски грип создава антитела која штити година дена? здравите особи вакцинирани со вакцина против сезонски грип најчесто имаат антитела до шест месеци, а најмладите и постарите до 3, 4 месеци од истата вакцина!
 
Апсоултно точно за стоката, но ја цело време си мислам - нема ваљда и за ова така да биде, мајку му стара (знаејќи во себе си, дека сепак ќе биде). Ама се надевам.
И да дојде некаква вакцина кај нас, исто се сомневам во капацитетите на оваа држава да спроведе траспарентна и неселективна вакцинација, воедно и правилна прераспределба. Слично како со бесплатните вакцини за сезонски грип кои што се делеа со врски. Некои општини добија и смешни количини во однос на број на население. Во моментов нема ни за со пари, камоли пак бесплатни.
 
И да дојде некаква вакцина кај нас, исто се сомневам во капацитетите на оваа држава да спроведе траспарентна и неселективна вакцинација, воедно и правилна прераспределба. Слично како со бесплатните вакцини за сезонски грип кои што се делеа со врски. Некои општини добија и смешни количини во однос на број на население. Во моментов нема ни за со пари, камоли пак бесплатни.
болдираното ќе биде фактор, памтете
веднаш ќе почнат афери со привилегирани
 
...Де дај линк за тие децата од селото што не можат да имаат деца.
од една страна на илуминатите и ова не им одговара, ќе се намали трошењето на кондоми, едино ако и тоа го направат задолжително, како и вакцините....
 
Кога веќе сме изложени на бесконечен маркетинг и политикантство, можат и да донесат одлука за максимална дозволена цена на тестот. Ова кај нас веќе стана бетер од пазар. Во Грција со регулатива цената државно/приватно не смее да биде повисока од 40еур... Дури и во Србија не е дозволено приватни клиники да тестираат.
... мене ми е жал што никој не најде време да го прочита статусот на линкот од @Bafra околу тестовите, ќе ви беа појасни работите,
... ве читам и се чудам како да не сте имале никогаш грип во животот и не знаете дека и тогаш сме омалаксани и тогаш исто се губи чувството за мирис, вкус, па дури и слухот се изменува и тогаш се има температура и тогаш треска, морници грозница!
...болеста К19 е лоша болест не може туку така лесно да се помине асимптоматски или со лесни симптоми, сето тоа е највероватно инфекција предизвикана со било кој вирус, сезонски грип ама не од SARS-CoV-2, тие што ќе оболат со К19 со средно тешки и тешки симптоми не се споредливи, не создавајте паника или самоверување дека сигурно сите го имате SARS-CoV-2, болеста постои, вирусот постои, но не целиот процент на заболени им припаѓа на К19, голем дел е друг вирус или сезонски вирус што тестовите ги детектираат, и мое мислење дека голем процент имаме инфицирани од сезонски грип или друг вирус и друг помал процент од новиот појавен вирус SARS-CoV-2 која ја дава болеста К19 со средно и тешки симптоми и последици!
 
Последно уредено:
.... ве читам и се чудам како да не сте имале никогаш грип во животот и не знаете дека и тогаш сме омалаксани и тогаш исто се губи чувството за мирис, вкус, па дури и слухот се изменува и тогаш се има температура
Како никогаш досега на толку години и настинки и грип поминати , па не ми се изгубило посебно мирис и вкус паралелно?
 
Како никогаш досега на толку години и настинки и грип поминати , па не ми се изгубило посебно мирис и вкус паралелно?
Тебе не,ама не се прајте од Марс паднати голем дел од случаите губеле мирис и вкус кога ќе ги фати некој појак грип
 
ве читам и се чудам како да не сте имале никогаш грип во животот и не знаете дека и тогаш сме омалаксани и тогаш исто се губи чувството за мирис, вкус,
Па можда имале грип ама не го изгубиле чувството. Доста познаници знам што се пожалија дека прв пат им се случува тоа.
 
Тебе не,ама не се прајте од Марс паднати голем дел од случаите губеле мирис и вкус кога ќе ги фати некој појак грип
Ако некој никад немал таков симптом секако дека му е чудно. И јас никад не сум имала и никој не глуми паднати оф Марс..
 
Како никогаш досега на толку години и настинки и грип поминати , па не ми се изгубило посебно мирис и вкус паралелно?
... затоа што никогаш не е ист вирус!
еве малку потсетување, не сум била член на форумов, но сум била сведок на де жа ву ситуација,
Само пред неколку дена изјавија дека секој со симптоми на грип (обичен грип) ќе биде третиран како свински грип ... шо значи можеби и не е свински можеби е обичен грип ? стасаа испитувањата на бриз? и пак Дали човекот имал предходни компликации од други болести .... како шо се знае за тие кои починале од вакцината дека имале тумор рак бла бла така и за овој нека кажат ... да не биде паника за џабе
и? сакаш да кажеш дека сеа брзо си била болна а не си знаела кој грип е па можеби оној мутираниот си го прележала?
колку да знаеш, овој грип насловен AH1N1 е од типот А (логично) кој не создава имунитет...додека гриповите од типод Б создаваат имунитет кој е ултра краткотраен ради фактот дека грипот е подложен на мутации нон-стоп.
Масовна хистерија. Прво не извадија од памет со вирусот, а после со вакцината. Кој кого манипулира и колку пари ке се инкасираат од оваа болест. Се започна со САРСОТ и сега само продолжуваат со истата веќе опробана техника. Прво ке го измиксираат вирусот во лабараторија после ке го пласираат лекот Тамифлу, за на крај да ја добиеме вакцината. Официјални податоци се дека од сезонскиот грип во светот починуваат 80 000 луѓе. Од овој до сега се починати околу 5 000. Господ нека ни е напомош.
ако немаш висока температура и ако не дишиш тешко, мој совет седи дома.
Под тешко дишење мислам стварно тешко а не кога правиш нешто напорно.
Компликации? Бронхитис? пневмонија?
Се фаќаат од бактерии, вируси (обични, сезонски) и алергии.
Ако немаш ништо од ова (со испитан брис, рендген + ЦРП) тогаш може да се каже дека имаш вирус. Ако имаш вирус треба да се открие дали е свинскиот грип.
Ако болките во белите дробови ти траат веќе неколку дена гарант не е свинскиот грип. Ако веќе пиеш антибиотици одма џитни се на витамини природни и во апчиња оти од антибиотиците не ти останува многу имунитет.
Ако немаш температура а те болат гради, сними се ако сакаш, ама немаш ништо од горепишаното :)))
... не ви е некако познат текот?
 
Ако некој никад немал таков симптом секако дека му е чудно. И јас никад не сум имала и никој не глуми паднати оф Марс..
Не знам мене па ми е чудно можи дека јас обично губам вкус и мирис кога ме фаќа голем грип. А и општо каша попара е целста ситуација со ковид не се знае повеќе ни симптоми кои се ни болни ни ништо.
 
Тебе не,ама не се прајте од Марс паднати голем дел од случаите губеле мирис и вкус кога ќе ги фати некој појак грип
Работава ти е исто, голем број на заболени од корона имаат чувство за мирис и вкус.
Значи се е индивидуално....нема правила.
 
Не знам мене па ми е чудно можи дека јас обично губам вкус и мирис кога ме фаќа голем грип. А и општо каша попара е целста ситуација со ковид не се знае повеќе ни симптоми кои се ни болни ни ништо.
Ама едно е изгубен мирис заради затнат нос, а друго е изгубен мирис од чиста мира.
Автоматски споено мислење:

... затоа што никогаш не е ист вирус!
еве малку потсетување, не сум била член на форумов, но сум била сведок на де жа ву ситуација,




... не ви е некако познат текот?
Ама добро што ти е поентата и што сакаш да докажеш?!

Во време на пандемија, пациент со температура, сува кашлица, болка во грло, болки во мускули, треба да биде суспектен за Ковид - 19. И сега што не ти е јасно?!

Јас колку што те сфаќам, ти си скептик дека голем дел од овие пациенти се сарс-ков-2 позитивни. Ама некако статистиката и резултатите од PCR тестовите не ти идат во прилог на тоа што го збориш.
Или цел свет е грешка, само ти си во право?
 
@CoolIris гледај сега незначи дека ако имаш температура, болка во грло, мускули итн дека мора секогаш да е корона.
И другиот пат мојш да те фати, и наредната, па и во 2022...Или тогаш нема да ги има настинките повеќе...
Јас не велам дека нема појак грип, туку ви велам дека немојте до толку да ви удира на психа секогаш
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom