И јас сакав да го спомнам Пабло Аимар, права играчина беше типот. Аргентина во 00ти беше фабрика за добри играчи.
Хуан Себастијан Верон беше уште еден од нив. Не се снајде во Јунајтед, али страшно квалитетен играч, секој потег му беше елегантен.
Мендиета исто беше страшен играч во Валенсија.
Диего Тристан, партали правеа со Рој Макај напред во Депортиво. Кога сме кај Макај, прав убиец беше човекот. Многу потценет напаѓач, а беше еден од најдобрите во својата ера.
Еден од моите омилени играчи, Фернандо Редондо. Вистинска класа од играч. Неверојатна техника имаше типот, во секакви услови и под секакви околности контролираше топка. На малку повозрасните тука ќе им текне што играчиште беше.
Уште еден, според мене неоправдано забораван во муабетите за најдобрите играчи во минатиот век, Михаел Лаудруп. Професор за пасови. Де Брујн е само послаба копија на типов. Фантастичен играч, во секоја смисла.
Honourable mentions: Бразилчињата Зе Роберто од Леверкузен и Денилсон од Бетис. Сержињо од Милан, прав swiss army knife беше типот. Јап Стам, можеби најпотценетиот одбранбен играч во историјата, прав ѕид. Роберт Просинечки, поезија беше фудбалот што го играше.