Добро и? Никој не го спори фактот дека Бугарија имала многу пријатели тука во тој период и многу луѓе во неа гледале надеж за спас од Турците на еден или друг начин.
Ама факт е дека македонски национално будење се јавува во 19ти век со бранот на национализам низ цела Европа. Ѓеоргија Пулевски во 1875 година објавува прв речник на три јазици, албански, турски и македонски, во 1880 година објавува Слогница речовска, прва граматика на македонскиот јазик.
Кај вас ми е смешно што цело време имате некои смешни објаснувања ,,ама тој мислел Македонец во регионална смисла”, ,,ама тој бил србоман и намерно го правел тоа”, ,,ама они се бореле за Македонија ама во рамки на Бугарија”. Значи смешки живи
Ама некој кога ќе ви укаже дека тоа Бугар во 18 или 19 век имало друго значење од тоа што вие денес го поимате и дека идентитетот бил многу флуиден зависно кон кој крал или во која црква оделе, тоа нема шанси.
Во интервју на Васко Ефтов еден гостин ве има перфектно опишано. Оди Бугар во зоолошка оти му кажале дека таму имало животно со огромен врат. И седи бугарот пред жирафата и ја гледа и ја гледа и така во еден момент се врти и вели ,,не бе не постои” и си оди. Абе истите сте тука и на форумов, тоа ви е изгледа национален модус операнди