Оффсет ти е да ја наместиш температурата што ја задаваш и бараш да ти ја постигне климата, да ти биде иста со температурата што ќе ја добиеш на собниот термометар, нема врска со потрошувачка.
Пр .Ако задаваш 24 за да ти прави 23 собна температура тогаш треба да го зголемиш оффсетот(фабричкиот ако е на 2??, или на 1 е незнам точно , ќе го наместиш на 3 или на 2, ќе пробаш ќе видиш), и обратно ако задаваш 24 а ти прави 25 Т во собата тогаш ќе го намалиш(фабричкиот ако е на 2, ќе го наместиш на 1 или 0, ќе пробаш).
Процедурата за оффсет е : за клими Gree што немаат пола степен регулација
-го местиш далечинското на 20° Ц (за 0 оффсет на 20, за 1 оффсет на 19°, за 2 оффсет 18 и за 3 оффсет 17) и на греење мод и така ја гасиш офф климата со далечинското. Ја вадиш од штекер 30 сек и пак ја уклучуваш, чекаш 5 секунди и ја палиш он со далечинското и стискаш + - + - + - и трепка бројот 0, 1 , 2 или 3 горе на дисплејот на климата.
- за Gree клими со пола степен регулација на температурата се е исто само за 0 оффсет местиш на 20.5 ° Ц, за 1 на 19.5, за 2 на 18.5 и за 3 на 17.5.
Пс. Ако климата ти е со децимала подесување на температура, ако неќе со едната пробај со другата процедура или пиши па ќе се бара чаре. Ова е само за Gree клима уреди или друг бренд ама правени од грее , ако фаќа и кај нив оваа процедура.