Фан Клуб: Ливерпул

Кој ќе ни биде нов капитен после продавањето на Хендерсон?


  • Вкупно гласачи
    100
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Алисон било повреда, којзнае која по ред. Келехер изигра маестрално, се надевам ќе брани и со Митиланд. Адриан може да пакува куфери и да брка рабита на друго место. Последно коло ЛШ може да го прати Пеп да ги води и само младинци, под 21, што не мора ни да ги пријавуваат.
 
Член од
12 март 2012
Мислења
203
Поени од реакции
187
Алисон било повреда, којзнае која по ред. Келехер изигра маестрално, се надевам ќе брани и со Митиланд. Адриан може да пакува куфери и да брка рабита на друго место. Последно коло ЛШ може да го прати Пеп да ги води и само младинци, под 21, што не мора ни да ги пријавуваат.
Не го заборавај и Куртис. Далеку од тоа што даде гол,ама дечкото е страшен и ќе биде уште подобар. Затоа симајте дресови од него додека се ефтини за 3-4год ќе вредат многу :)
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
1.880
Поени од реакции
1.990
Куртис Џоунс е сила, страшен техничар. Имаме многу избор во средина (кога сите се фит), но засега одлично ги користи своите шанси. Во иднина може да завземе место во прв тим. Незнам до каде е ситуацијата со Вајналдум и неговиот договор, мислам дека сеуште не му е продолжен, а за Кеита нема ни што да се зборува, ликот игра 4 утакмици у цела сезона.

На Џини ако не му се продолжи договорот ќе биде стварно штета, ликот моментално е мотор, машина, рине на терен.

Воопшто не сум импресиониран од Неко Вилијамс. Зборувам за со Брајтон утакмицата. Малиот игра исплашено,несигурно.
Вчера со барање стримови,кочење, не ја изгледав убаво утакмицата, имаше асистенција а целокупно како одигра нека пише друг.
Таа позиција, стварно ни приближно неможе никој Трент да го замени, Милнер кога е фит одбрана покрива, но во напад јебига тоа е. Нит тоа му е позиција, нит се работи за таков тип играч и години си прават свое и се. Дали Вилијамс ќе биде стандардна замена за Трент? Со она јас што имам гледано се надевам не, иако секако има простор за напредок, млад е, но да видиме.


Сакав да пишам и за Минамино, утакмицата со Брајтон според мене катастрофа. Како да не е за оваа лига, нема некоја идеја, додава на тој до него, некоја алиби игра, па демек втрчува у празно, лесно губи топка. Незнам не ме бендисува.


Засега вака, со оваков ростер, со оваква сезона, моторите ни се Вајналдум, Робертсон и Фабињо,кој просто да се чудиш како добро покрива на бековска позиција.

Како што читам по нет, Трент, Кеита и Шакири се вратиле на тренинг, можно е некој да е во комбинација за со Волфс.


И да, браво Келехер, каква сигурност, Адриан нека си бара нов клуб.
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.961
Поени од реакции
8.156
^ Проблемот е што Трент и Робертсон толку ги кренаа стандардите што сега е претешко кој и да дојди да игра приближно на нивното ниво. Дури и Цимикас кога го гледав некни, изгледаше како изгубен германец во однос на спринтовите и пргавоста што сум навикнат да ја гледам од Робертсон.
За Минамино и јас мислам дека некако не можи да се носи со ова темпо што е наметнато. Гледам дека пробуваат да му погодат позиција и го имаат изиграно на сите напаѓачки позиции плус во последно како AMF, но некако многу тешко му оди.
За Жота бев многу песимист ама засега пријатно ме изненадува.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Не е проблемот до толку со кренатиот стандард на Робо и Трент него со фан базата која е благоретардирана на моменти. Неко си играше супер за неговите години и искуство. Во ред, не е вонсериски талент ко Трент ама не беше ни страшен. Имаше една слаба утакмица, значи не очајна, него слаба и РЕТАРДИРАНАТА ФАН БАЗА почна да го вреѓа и колне на твитер, при што овој избриша и твитер тогаш, уствари секаква социјална мрежа.

Од тој момент, се' што прави му е со задоцување, без ризик, премислување дали или не и го разбирам, дете е нема ни 20 години и треба да го замени еден од најдобрите десни бекови ако не и најдобриот во моментов.

Преголем притисок му се стави, преголем. ВОвововововово не изиграл утакмица на врвно ниво, мислиш Кафу е па мора секоја утакмица да ја игра ко најбоље десен бек у историја на фудбал, ти ебам тоа ретардираните непознавачи на фудбалската игра.
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.961
Поени од реакции
8.156
Затоа постојано има играчи од пред 10-20 години што викаат сета среќа што во наше време немаше вака голема медиумска распространетост, па не се сеќаваше сето тоа.
Кога ќе видиш не е само Ливерпул проблем, еден Роналдо добиваше свирежи во Мадрид после само една лоша утакмица. Верувам дека сите фан клубови се соочуваат со овој проблем на навивачи со мозочни удари, но пак сметам дека колку повеќе го креваш стандардот и очекувањата, толку поголем ќе биде и притисокот секогаш кога ќе бидеш под стандард, затоа што ретко кој би го интересирало дали тоа дете од 18 години го игра првиот натпревар во ЛШ, многу повеќе би биле понесени од тоа што Ливерпул ги паднал на тикет во кладилница.

Кога сите што викаат дека се навивачи или еве кога тие што се дрзнуваат да судат кој како изиграл би прочитале барем 10% од официјалните соопштенија на клубот или изјавите на менаџерот пред или после натпревар, сите тие судови и расудувања би биле поинакви ама проблем е што воопшто не читаат и не ни знаат што се случува во тимот моментално.
Автоматски споено мислење:

Само да се надополнам
Kvyat deleted his latest instagram post because of the hate comments. Dude why do people blame him when it wasn't his fault
За мене оваа интернет пандемија ми е на исто ниво со Коронава жими се
 
Последно уредено:
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Не можам и искрено не сакам да зборам за друга фан база ама нашава последниве 3-4 години е хаотична. Не може секој потег на играчи на Ливерпул да биде најдобар, сите да се против нас, сите не' мразат, де играчите ни се најдобри, па младинците со една просечна утакмица се најслаби и ги мразиме, ги праќаме во 8ма сандеј лига.

Разбирам кога првотимците и Клоп имаат критики кон судии, федерација, вар, вршат притисок и слично. Дали оправдувам е едно, дали разбирам зошто го прават тоа е друго. Ама фан базава, страшно.
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.961
Поени од реакции
8.156
Самиот Клоп има изјавено дека сите учесници во тие 90 мин треба да заборават се и да мислат само на натпреварот. Треба да заборават на пријателства, на фамилии на се и да мислат само на задачите кои му се доделени за 90те минути. Верувам дека му зборува натпреварот да го замислат како просечен човек кога оди во фабрика и цел ден сечи кабли. Затоа и тој самиот се губи кон противнички тренери, кон судии, затоа што смета дека само со 100% концентрација во меч може да се оствари добар резултат, никогаш не вика дека е потребно да се освојат 3 бода туку само да се даде максимумот, а само со такво залагање ќе дојдат резултатите... кои и всушност дојдоа. ЛШ и Премиер се само заради менталитетот кој го наметна во тимот, 100% залагање, концентрација и игра по Ексел.

Дали е правилно и дали е за оправдување кога претерува, нема кој да пресуди точно за сите ситуации. Дали таквиот пристап донесе резултат, донесе.

За фан базата, штета е што не го користат овој период и да уживаат во стабилноста на тимот, во добрите игри и добрите резултати. Штета што забораваат како само неколку саати не делеа моментално да гледаме Liverpool Am во 5та лига.
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
1.880
Поени од реакции
1.990
Тоа што Неко Вилијамс добивал навреди, закани и што уште не, после незнам која утакмица беше, е навистина дно дна.

Дали он ќе прерасне за достојна замена на Трент незнаеме, но да одиш до тоа ниво е навистина жално.


Нашата фан база не е благо ретардирана од сега, одамна е. Не во смисла само на ова. Уште памтам тука со еден член што постира на Macedonian Reds кога му викав да намали со возбудавањата, како ги најавуваше Рики Ламберт, Чарли Адам, Адам Лалана мислиш Меси го купувавме. Уште не дојдени играчите уште невидени, се постираа клипчиња мислиш за кујзнае кој се работи а немаа ни една утакмица изиграна во Ливерпул дрес барем да видиме како ќе се поклопат.


А да, и секоја сезона беше наша. После не заебавале, епа јбг. Да ни е жив и здрав Клоп само :)
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.961
Поени од реакции
8.156
Liverpool Fans Македонија
·
Официјален фан пејџ на навивачите на Liverpool во Македонија


Кој трипа и си игра официјална страна? Нали Редс се официјални?

Иначе платена реклама имаат пуштено на фб па така се појави.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Бодо си игра курот, праи пејџови, крева следбеници и ги продава после хахаха

Редс е официјален пејџ на бренчот веќе 8 години.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom