Пред неколку месеци кај мои роднини, стари лица, им наместив Mitsubishi Heavy SRK/SRC 35ZS-W, која беше планирано да биде примарно грејно тело за просторија од 23м2. Просторијата е со јужна експозција, над гаража, без никаква изолација на подот, таван од трска со 10цм изолација со стаклена волна и лоша, стара, дрвена столарија со дрвени кутии за ролетни, која не духтува добро и се осеќа значителен провев.Просторијата се грее помеѓу 23 и 26 степени.
Првичните впечатоци се дека климата е префектна.
Утринава на -6 потрошувачка околку 0,8KW/час со внатрешни 26 степени.
Просечна потрушувачка за последниве два дена од кога го поставив мерачот е 0,45KW/час со внатрешна помеѓу 23 и 26 степени.
Внатрешната единица е најтивката која ја имам сретнато, парактично бесшумна, дури и на најјак издув.
Надворешната единица е исто така бесшумна.
Монтажата по сите принципи (надворешната е на бафери и перфектно нивелирана како и внатрешната), со должина на инсталација околку 4,5 метри.
Колку што имав можност да забележам, не влегува во дефрост во редовни интервали. Во неколку часа колку што поминав во просторија ниту еднаш не влезе во дефрост.
Негативна страна е цената. Климата заедно со монтажа и доплата за подолгата инсталација од стандардните 3 метри кошташе блиску 60.000.