D
Deleted member 12196
Гостин
Бидејќи велиш дека споредбата е глупа...Споредбата ти е ептен глупа, јануари -15%, февруари -6%..... и на крајот не многу од очигледно просечните години (2018 е ептен аномалична и го руши просекот).
До септември умрени се 15584, претходните години 15440, 15362, 15259, 14876, 14517, од кој во 2016г се 14876 и до крајот е стасано до 20421 како и 2015, 2017 и 2019, значи кусокот од 500 е надополнет во 3 месеци.
Сега со септември има 743 регистрирани умрени од корона, а само 144 повеќе од најлошата година во претходните 5, што значи имаме 600 кој можеби ќе умреле и без короната.
Еве како било месечно, од сајтот https://treker.mk/mk/tables ги извадив.
Ако само 20% од тие што се умрени од корона влијаат на зголемувањето, можеме да пресметаме дека овие 1731 до сега умрени ќе го зголемат бројот на умрени за само 350 лица + нешто во декември (јас таму очекувам да паѓа оти досега убав број го имаме закачено).![]()
Многу одамна предвидов дека нема да има повеќе од 1000-2000 смртни случаи од корната годишно, на вкупно починати во годината нема да надмине над 1000 (повеќе некај 500, ама нека има луфт за изненадувања), што во реалноста би дошло дека короната ќе е причина на само околу 1000.
Знам има многу бројќи и тешко е да се сварат, ама на крајот од денот ќе излезе дека е причина за најмногу 5% од годишно умрените и само 0,0000НУЛАААААААААА некој процент од вкупното население.
Кога имало повеќе починати во летните месеци во однос на јануари?
Бројките се тие, само ти ги гледаш од некој твој агол.
Ти сакаш да ги земеме бројките кага само Цаца беше заразена?Важи пријателе, како ви одговара така ќе правиме. Најдобро е да ги земеме само сегашниве октомври-ноември да ги споредуваме, или па најдобро е бројката на луѓе кои се водат како починати од корона. Иако нели и во сообраќајка да си загинал, во тој куп те пишуваат.
Ако сакаш реална слика, се зема од почеток кога е официјално е регистиран Бетмен дека дошол кај нас. Нели лесно пренослив, голема смртност, а ние со мерките нели скарани, гужви насекаде имаше, времето супер за него, старите ги натераа во 2ч секаде да се гужваат, значи топ услови за ширење и умирање.
Во меѓувреме Бетмен може си бил тука од порано, нели може да го имаш, а да не знаеш, но небитно. Како и да е, со лесно во трето полувреме.
Вирусот драстично се рашири во мај и јуни, затоа ќе ги гледаме бројките после тоа, не кога имаше само троцифрена бројка на заразени.
Автоматски споено мислење:
Бројките што ги објавува Филипче се за претходниот ден. Објавеното синоќа е за недела.Не викам дека ги штелуваат туку така е секој викенд, речиси за 2-3 пати помалку тестирања има, најверојатно некои приватни лабаратории не работат и поради тоа нема кој да пријави тестови. Не знам зошто постои мислење дека си даваат од тепка заразени кога сите се од официјално направени и пријавени.
Многу полошо е тоа што не му се дава до значење на бројот на починати. Има еден куп што се лекуваат дома или одат касно да бараат помош. Вака полошо прават, ќе излезе Филипче, ќе рече готово бранот помина и ќе ја прогласат за брзо мртва короната, на така ми мириса.
Последно уредено од модератор: