Ти верувам. Не реков дека сите побегнале во Бугарија, но поголем број побегнале. Како што реков, Србите немале милост и убивале буквално исто како кучиња да убиваат. Омилен метод на убивање им бил давење при што жртвата е обично кукавички следена и напаѓана од тројца жандарми кога е сама, при што двајца од жандармите му ги држат рацете а третиот го извршува чинот на задушување. Мислам дека имам постирано претходно слики овде од една книга во која е опишано убиството на член од мојата фамилија на начинот кој што го опишав. Вакви убиства извршени на начинот кој што го опишав погоре ги имало многу, низ целата територија на окупираната од Србите Вардарска Македонија. Последно што читав беше вакво исто убиство извршено во Прилеп врз виден граѓанин, кој на некоја прослава организирана од Србите по повод 'ослободувањето' на Вардарска Македонија, освен што наздравил во чест на србската војска, наздравил и за бугарската и поради тоа бил убиен. Не ми текнува името во моментов но ќе го побарам. Нашата историографија нема подмрднато ни со прст да ги спомне, истражи и опише сите
овие злосторства, нормално во знак на "братство и единство". Треба сепак да се спомене и дека одреден број стари вморовци смениле страна и подоцна станале извршители на србската а подоцна и на југословенската пропаганда.
Официјално бројките за бегалци за време на балканските војни и првата светска војна од територијата на географска и етничка Македонија се околу 600000.
Кога ќе се земе предвид дека тие луѓе имале деца, внуци, правнуци, тогаш станува јасно дека бројката на луѓе во Бугарија со потекло од Македонија е многу поголема од 1000000(без пиринците).
Проблемот е што Бугарите кои што се познати по својата пасивност, никако да разберат дека македонската нација денес е факт и дека колку повеќе не ја признаваат македонската нација и јазик толку повеќе се зголемува бугарофобијата кај населението. Сепак треба и да им биде јасно на многумина дека оваа држава иако почива врз идеите на револуционери на ВМОРО кои рака на срце се декларирале во голема мера како Бугари, изградена е не по теркот на овие револуционери(и иако некои од нив смениле страна, подоцна се испратени на Голи Оток, убиени или протерани), туку по теркот на југословенските комунисти, а АСНОМ е печатот на таа државност.
Трето, факт е дека називот е Бугари и Бугарија, дури и таму при тие дијалекти кои што имаат најмногу допирни точки со бугарскиот јазик. Ако некој бара да се смени таквиот назив тогаш тој е надвор од секоја реалност. А зошто е тоа така најдобро би можеле да одговорат некои професионални историчари и лингвисти. Бидејќи според гласовните законитости на македонските дијалекти, називот Бугарин е туѓо влијание (читај србско) и никако не би можело да се оформи под домашните гласовни правила. Па така, ако се земат централниот дијалект според кој е оформен литературниот јазик и солунскиот дијалект и се споредат со србскиот:
цен: м
олчи;
сол: м
'лчи;
срб: ћ
ути
цен: в
олк;
сол: в
'лк;
срб: в
ук
цен: в
олна;
сол: в
'лна;
срб: в
уна
цен: б
олва;
сол: б
'ља;
срб: б
ува
цен: д
олг;
сол: д
'лг;
срб: д
уг
цен: м
олзи;
сол: м
'лзе;
срб: м
узи итн.
Од ова станува јасно дека називот Бугари е неприродна појава во македонските дијалекти и дека ако се следат гласовните законитости тогаш во централниот дијалект 'Бугари' би било Болгари а во солунскиот дијалект би било Б'лгари. Зошто и како настанала оваа неприродна појава најдобро би одговориле професионалци но јасно се гледа србското влијание од каде е и позајмен овој назив.