- Член од
- 18 април 2015
- Мислења
- 59
- Поени од реакции
- 104
Имам и ја бааги кратено калори ама 1000че дневно внесени е стварно малку. Претпоставувам дека ти е за слабеење, и да намалување на внес на калории е клучно за тоа ама ова е премалку јадење. Маж цел ден да лежи ќе потроши 1600-1800 калори, на тоа додади работа, движење, сега зимно време одржување на температура, мозочна активност проценката што ја гледам од 2500 калории може да се земе за прилично точна. Значи ти скоро јадеш 1/3 од што трошиш. Не е здраво! Со ова што правиш ќе имаш резултат на почеток со сигурност ќе ослабнеш ама ако продожиш вака.. ќе почне организмот да ти јаде од мускулите не од салото, и дури и контра ефект да напраиш да престане скроз да троши сало, туку да ти намали витални активности и ќе чуствуваш замор, неможеш да мислиш итн. бидејќи мисли дека нема јадење и дека умира, ова се факти расчитај се ќе најдеш информации. Најдобро намерно ти препорачувам да не симнуваш под 1500-1600 калории. Тие дополнителни + калории што ти се од од сегашните 1000-1200 троши ги. Пешачи по пола саат плус, 30минути HIIT, одколку да нејадеш воопшто.