Лака е многу изгубен, тотално пропадна, не може ни во вакви натпревари да појави знаци на живот. Пепе е супер сезонава во ЛЕ, ама проблемот е што само се разигрува против тимови од ЛЕ кои се на квалитет на неговите противници во Лил од француска лига. Во ПЛ играчите не му паѓаат на истите фори, нема толку слободен простор и доста лесно се угушува. Да се надеваме дека може да се сменат работите, ама веќе долго време сум на ваков впечаток. Нелсон и Вилок во никој случај да не се седнуваат на клупа, да си го играат цело натпреварување, си заслужија. Нкетиа ме разочарува. И многу лесно можеше натпреваров во друг правец да отиде, прво полувреме бевме доста изгубени и имавме многу среќа бидејќи играме со слаб противник.