Видал за ова што го направи вчера, треба да си грее клупа едно пет натпревари, а после тоа да биде шеста опција во средина.
Пострашно е што човекот не чувствува вина, и со оние бокс емотикони на инстаграм сугерира демек му е наапан на судијата место да се извини за мега глупоста која ја направи.
Како и да е, знам дека ова нема да се случи зашто Конте е полојален према Гаљардини, Дамбро и Видал повеќе и од Мрме према Трајковски и Велковски.
Иако за него оправдување е дека противникот е Реал М. (всушност ова е најслабиот Реал последниве 10 години) и дека раниот гол и црвениот картон не дотолчиле, сепак тактичката поставеност вчера му беше и повеќе од очајна и ме курчи како никогаш не признава дека вината е негова.
Алиби му е наводно тешката група и демек Интер не е дораснат за овој Реал. А Шахтјор и Борусија М. кој буквално го надиграа Реал се дораснати значи?
Сигурен сум на Конте му е мерак кога ќе даде ваква изјава. Му се пуни тоа срцето црно бело, да даде господ инфаркт да го удри.
Бастони и Шкриниар дејствуваа поголемиот дел како бекови, а Јанг и Хакими не постоеја. Хакими имаше два центаршути вкупно, и двата ала Кандрева. Јанг не се сеќавам да направи некој дриблинг или центаршут. Гаљардини како и Барела, со точно 0 креирани шанси, и Видал со една креирана шанса (за Реал М.) упорно ги наградува со 90 минути секој натпревар додека Ериксен и Наинголан ќе чекаат 89та да влезат малце да потрчаат. Ериксен и да одбиеше да влезе, ќе беше сосема разбирливо и оправдано. Затоа и Наинголан му тренира како на татко му да е клубот.
Дамброзио место Бастони мислам дека ни на тренер од трета МФЛ не би му текнало.
Кога отсуствуваше Лукаку си викавме демек заради неговото отсуство играта ни е различна, ама вчера убаво се виде дека Конте нема игра, нема стил.
Од 12 натпревари, на дури 8 има примено 2 или повеќе голови.
Спалети кој за мене беше само просечен тренер, е измислен за ова преценето гомно од тренер. Сигурен сум ако ништо друго, сега Спалети ќе имаше барем 4 поени и многу подобар пласман во Серија А.
Мислам дека и играчите веќе не се залагаат, на сите ни е јасно дека сезонава е отидена во курац. Цело сабајле сум на твитер, очекувам некоја вест да ме израдува, ама многу пореално е да си се помирам со фактот дека ама баш ништо нема што да се очекува сезонава и дека Конте ќе продолжи да не нервира. Управата е пасивна, Конте им се сере пред очи а реакција никаква.
Доста беше нервирање на тема Конте, ова е последен мој коментар за него додека е тренер на Интер.
Едноставно не вреди да трошам време залудно да пишувам реферати а и кажано е се'. Отсега ќе го гледам овој јувенташки Интер само ако имам време и ми е досадно. Пре би некоја текма како Торино-Специја отколку да гледам паразити како се влечат по теренот и чекаат ВАР да им свирне пенал за да мрднат од место.
#ConteOut