Erich Zann
Модератор
- Член од
- 13 мај 2012
- Мислења
- 14.650
- Поени од реакции
- 31.879
- Возраст
- 34
Да ти кажам и од лично искуство како умираат од корона.Ту бе и по толку време умирате од страв за нешто што е веќе нормално.
Туку да ви кажам како сите умираат од корона,
еден отишол у Штипската болница попладнето или вечерта (сосем небитно) му земале брис за тест, он умира ноќеска и одма го носат да го закопат сред ноќ, одкопале дупка со багер и го треснале со лимен сандк (официјално умрен од корона), утрето доаѓа резултатот од тестот негативен, па пак по некое време го откопувале (веројатно од судска медицина), а фамилијата се спрема за тужба.
Друг случај за приказната од 2000-5000 евра е ваков, умира мајката во болница (штипската нормално) и ќерката која е сиромашна не сакала да го подигне телото оти многу трошоци и тражеле (за лекување, мртовечница, погребални фирми и што ти знам) и нашле компромис да биде од корона, а државата (или општината) ги покрила трошоците и се случило онаа стандардно сценаријо со лимен сандк,
по оваа почнав да си мислам дека тие 2000 евра (или 5000) ги лапаат погребалните фирми, а функционерите перат државни пари, па колку повеќе умреле од корона, толку поголем КЕШ за нив![]()
Дури чекав за систем во инфективно, утрото околу 8 часот, носат 40-тина годишен човек со висока температура, кој едвај дишеше како риба на чкрги, се бори за здив го гледаш, позитивен веќе неколку дена, кој дома се лекувал и дури тогаш фамилијава решава да бара болничка помош, го ставаат на кислород, му даваат некаква терапија.
Одам вечерта околу 20 часот истиот ден, да го примам системот на 12 саати, сестрите ми велат не влегувај, за 10тина минути ќе влезиш. Одат, на кревет со колца вадат човек покриен со чаршав. Кога влегов видов дека е тргнат креветот на кој лежеше утрото ликов.
Ваква глетка каде носат критични, начекав уште неколку пати, овојпат постари, кои имаа проблем со дишењето, ниска сатурација, закаснета реакција.
Иди погребално претпријатие, товара ковчег, ги собира и чао.
И друг пат едно утро така, иди жена плачи пишти, и кажуваат дека татко и' починал, ама вика 4 дена беше хоспитализиран, некни се слушнавме арен беше шо му стана, го симнаа в ковчег и го отворија да го препознај дали е тој, уште толку се расплачи тука и потоа го обложија со железа со ленти некакви, го захевтаа ковчегот и директ в капела.
Така да не навлегувам јас дали има бизниси и банални ситуации, ама преку истите да го негираш постоењето и сериозноста на вирусот, не е некоја паметна идеја.