Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Изгледа нема толку многу (или воопшто?) случаи на заразување од идење у продавница.
Пошто, реално, тоа се двете активности - идење на работа и идење у продавница.
Па тоа се единствени места со 100% носење на маска (со исклучоци под нос...)
 
Ок најпрвин слободно бришете го постот ако е непријатен или глуп. Муабетот ми го кажа колешка од Битола која му била комшика човекот.
@cholismo ти може да потврдиш ако си запозната со ова.

36 годишен битолчанец кренал температура, го откриле позитивен, го хоспитализирале, избегал, го бркала полиција, го вратила назад на болница, умрел човекот таму.
Има точност во муабетот или веќе сите сме отидени у курац?
Сега само шо ќе пишев за дечкото, не го познавам, знам само дека починал во болнички услови, позитивен бил.
Пријатели негови гневни пишат статуси дека наводно дечкото добивал некоја терапија, ама по муабетите шо ги читам претходно изг си имал некои проблеми со здравјето, дали притисок или шеќер ... врска немам, се надевам ќе се разјасни случајот.
За тоа со бегањето од тебе слушам прв пат.
 
?
Добро може претерав малку ама ќе удри јако уште едно затварање и стварно би имал големи економски последици. Има многу луѓе задолжени со кредити. И сега уште ова им фали.

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
Па тоа треба да се донесат мерки, да им се одложат на луѓето кредитите, да се одложат извршувањата..... а не по секоја цена да се работи. И затворањето не значи дека нема да се работи. Како беше пролетта? Вистина некои луѓе, посебно во угостителската дејност, останаа без работа но многу е полесно како држава да им помогнеш на тие што ке останат без егзистенција отколку да тераш вака без компас на штета на здравјето и животот на луѓето а тоа секако само по себе ке ти ја рокне и целата економија.
 
Има почината од Охрид, 34 годишна девојка без никакви претходни заболувања од тоа што се шушка низ град. Најверојатно ќе ја има во статистиката денес или утре.
Ова не е официјално, ама наводно ковид центарот во Охрид немал респиратор, девојката починала на пат кон Скопје бидејќи сатурацијата и била многу ниска.
 
Вирусот во моментов убедливо највеќе се шири на работните места и од децата кои одат во градинка. Дополнително во градскиот транспорт кој си крца.
И ден денес не можам да ги разберам “мерките“ околу јавниот превоз. До душа сега не знам какви се, али првите неколку месеци беа... Значи самата логика на нештата вика дека треба да ја растеретиш гужвата во време на пандемија, а не да ја зголемиш и да го поттикнеш уште толку вирусот. Добро, која е ебената логика на смалување на бројот на автобуси? Да се пикнат 200 наместо 100 луѓе? Па милион луѓе користат јавен превоз бе, не знам што не сфаќаат дека некој НЕМА избор и мора со автобус да оди на работа, немаат сите по 3 коли дома. Најтрагично е што тие луѓе се оставени на милост или немилост, не може да не одат на работа пошо нели ќе ги избркаат, а од друга страна се возат во полн автобус каде голема е шансата за да се заразат. И нормално со тоа пренесуваат вирус и на работните места и дома ни криви ни должни и така се формираат кластери.... Ужас.
 
Има почината од Охрид, 34 годишна девојка без никакви претходни заболувања од тоа што се шушка низ град. Најверојатно ќе ја има во статистиката денес или утре.
Ова не е официјално, ама наводно ковид центарот во Охрид немал респиратор, девојката починала на пат кон Скопје бидејќи сатурацијата и била многу ниска.
Sea ke dojdat da ti kazat deka na 34 godini ne e devojka.
 
Сега секакви муабети ќе слушни чоек, овој навистина избегал од болница, наводно дечкото параноја го фатило оти до него лежел починат пациент некое време никој не идел да го крени.:popce:
 
Сега секакви муабети ќе слушни чоек, овој навистина избегал од болница, наводно дечкото параноја го фатило оти до него лежел починат пациент некое време никој не идел да го крени.:popce:
Па по закон 2-3 саата не смеат да го испуштат телото.

Ајде бе, паника го кренало. Смрт е, дел од животот колку години имал, тлинаесет?

За вакви (ако е точно тоа дека отишол дома и се наклукал хелекси) се вика само - арен беше, арно му се стори.
 
Бар од мое опкружување имам впечаток дека шеќераши се ризични. Тројца досега такви мои познаници умреа на возраст меѓу 45 и 60 години.
 
Па по закон 2-3 саата не смеат да го испуштат телото.

Ајде бе, паника го кренало. Смрт е, дел од животот колку години имал, тлинаесет?

За вакви (ако е точно тоа дека отишол дома и се наклукал хелекси) се вика само - арен беше, арно му се стори.
Наводни два дена мртвиот лежел, такви муабети кружат, јас лично не верувам во ова, не ми е логично ама кај нас се бидва.
Имаше во онаа групата Битолски проблеми пред неколку дена дека некој мртов два дена не доаѓаат да го кренат,е сега колку е точно не знам.

Наводно овој дечкото починал пред врата, претходно немал никакви заболувања, работеше Лондон, требаше овој период да патува, во неколку дена му се искомплицирала ситуацијата и бил хоспитализиран.



Инаку читајте шо се дешава низ твитерот, и после бараме намалување на бројки :facepalm:
 
Во Прилеп имало случај каде што дечкото што почина на 36 години умирал пред очите на друг млад пациент. Другиов помлад пациент, таман подоздравел, сега го фатило психа од шокот што го доживеал, па преминале на лекарства за смирување.
 
Ако е ова точно, тогаш шо туку обвинват по лекари и доктори, после Цацко му е крив
 
Sea ke dojdat da ti kazat deka na 34 godini ne e devojka.
Да, и тука не гледам никаков проблем. Сосема нормално е да се појават такви, да дојдат, и да го критикуваат овој начин на изразување.
Кога некој свесно ги категоризира како момчиња/дечковци/девојки 35 годишните луѓе, тоа мора да го прави од една или повеќе од следниве 3 причини:
  • Сака да шири паника;
  • од инат и/или
  • блиску е до возраста па не му се прифаќа дека не е веќе дечко/девојка.
дечкото што почина на 36 години
:facepalm:
Еве го овој пак, од инат провоцира.
 
Ако е ова точно, тогаш шо туку обвинват по лекари и доктори, после Цацко му е крив
И овој што се отрул со седативи ќе биде пишан дека умрел од корона.
На кого му одговараат овие пумпања на бројки и сеење страв мислам дека никад нема да дознаеме.

Sent from my SM-G975U using Tapatalk
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom