Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Сега со вакциниве има да се тепаат кој колку да зграбчи од колачот.

АстраЗенека: неколку долари по доза

Вакцината на компанијата АстраЗенека – „вакцината Оксфорд“ – би чинела помеѓу 3 и 4 долари по доза, што е значително пониско од конкурентските вакцини и се дава во две дози. Грубо, изразено во евра, две дози од оваа вакцина би чинеле максимум околу 10 евра. Вакцината на АстраЗенека очигледно ќе има најниска цена и многу веројатно е дека таа ќе биде доминантна вакцина на овие простори, откако ќе започне купувањето и дистрибуцијата.

ГАВИ и фондацијата Бил и Мелинда Гејтс се договорија со Индискиот серумски институт, најголемиот светски производител на вакцини, да произведат 200 милиони дози вакцини лиценцирани од АстраЗенец и Новавакс.

Фајзер: 16 долари доза

Вакцината Фајзер/БиоНТек се проценува дека е малку поскапа и би чинела околу 16 долари, или 19-20 евра по доза. Бидејќи оваа вакцина се дава во две дози во рок од 28 дена, тоа значи дека оваа вакцина би чинела околу 40 евра по лице. Сепак, постои скептицизам кон оваа вакцина, не поради нејзиниот комплетно нов механизам на дејствување, кој се базира на испорака на генетски код (на информациите за РНК) за еден протеин од еден вирус, туку затоа што таа се чува на -70OC, што е логистички захтевно дури и за побогатите земји.

Новавакс: 16 долари доза

Вакцината на Новавакс против КОВИД-19 се базира на протеинска подединица, а проценетата цена на една доза на вакцината на оваа американска компанија ќе биде околу 16 долари.

Модерена: 37 долари

Проценката на цената на дозата на вакцината развиена од американската компанија Модерна беше дека таа ќе чини помеѓу 50 и 60 долари. Ова е исто така вакцина заснована на информациона РНК како вакцината на Фајзер и ваквите вакцини се поскапи за производство. Сепак, Модерна во август објави дека горната граница на цената за нивната вакцина ќе биде 37 долари по доза, што е под производната цена.

Синовак: 60 долари две дози

Кинеската вакцина од компанијата Синовак чини околу 60 долари за две дози и веќе започна да се продава, бидејќи доби дозвола како дел од програмата за одобрување во вонредни состојби.

Џонсон и Џонсон: 10 евра по доза

Очекуваната цена на вакцината на Џонсон и Џонсон, која ја развива компанија во сопственост на таа компанија – Janssen Pharmaceutical, ќе биде околу 10 евра по доза. Оваа вакцина се базира на генетски модифициран адевирусен вектор, слична на вакцината од АстраЗенека и КанСино.

Руската вакцина: 10 долари за две дози

Спутник V, вакцината на Центарот Гамалеј, според руските медиуми, ќе чини околу 10 долари за две дози.
Брејј, многу вакцини искочија од нигде и никаде. Која ја избирате? :D
 
Мислам дека ќе биде дај шта даш кај нас :)
ќе земаат некоја индиско производство, тотално без никакви допирни точки со вирусот што го имаме тука, ќе ја купат Систина за 5 евра набавна и ќе ја продаваат за супер 1500 денари 1 доза и ќе не спасат сите.
Чим еден реагенс ти го продаваат 2000 денари шо е проблемот за спасот да го продаваат 1500.

После на кај април-мај Орце ќе побара помош од државата пошто фирмата имала многу тешки загуби цело зимо.
 
Наредниов период не би се изненадил ако некој влета со пиштол во болница или на прес кај Филипче
ne nekoj tuku SEKOJ, na koj ne mu e pruzena medicinska pomos kako sto treba ili sekoj na koj mu pocinal blizok pak poradi negriza na bolnicki personal.
 

40 починати...само од корона, не сакам ни да знам колку има индиректни жртви што се мачат со нешто друго а неможат да дојдат на ред од што е се преполно со корона случаеви..
 
Владата еднаш барем ме послуша и ете, мерката што ја предложив, одма дава резултати - веќе неколку дена имаме намален број на новозаболени.
 
Kicevo skoro 500 aktivni oficijalno.

Gesendet von meinem KB2003 mit Tapatalk
 
Владата еднаш барем ме послуша и ете, мерката што ја предложив, одма дава резултати - веќе неколку дена имаме намален број на новозаболени.
Aj potseti ne, koja merka si ja predlozil!
 

40 починати...само од корона, не сакам ни да знам колку има индиректни жртви што се мачат со нешто друго а неможат да дојдат на ред од што е се преполно со корона случаеви..
Не знам во Скопје и другите клиники како е ама познавам неколку случаи во Битола кои добиле добар третман на клиника, вујна ми е еден од нив, дијабетичар.
Значи оние кои ги познавам и кои имале потреба од лекар сите добиле третман и биле згрижени, ова за Битола кажвам Скопје најверојатно е хаос.
Автоматски споено мислење:

Инаку Вело ви е на тв 24 вести :D
Ако ви недостасуваа неговите ковид експертизи
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom