Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Џонтра излезе поголем победник од Пандев вечерва. Собра пола милион лајкови на грбот на Видевски и Мрме хахахаха каков лик значи, секоja чест :pos:
 
Гледам се клацка столицата на Зидан, да не ни го земат Среал Мрмевич пред ЕП како Лопетеги што им го земаа на Шпанија све им јебем франковско. :cautious:
 
Баталете ги нашиве твитер џукели, ако сте на таја социјална мрежа пребарајте Пандев и ќе видите колку е почитуван и фален насекаде. Секоја му чест, заслужил се' што освоил и фала му шо не израдва и нас напатените.
 
Фудбалериве пеат Бисер балкански, Едно име имаме итн. а штапски пацови се шлепаат ли се шлепаат на успехов. Реално јас да сум партиски ухлебена од оваа власт као пола Твитераја и поготово како овој момаков што го спомнувате по темава, срам би ме фатило после сите национални продавања бетер тезга на Битпазар да пишам било што за успехов ама ок, тие си знаат.

Од такво не ги мавајте, радувајте си се вечерва, нонстоп искачаат преубави слики и видеа, за тоа што го тргаат видеото од говорот на Тони има едно нешто што се вика Стрејсенд ефект, ќе се аплоадира деновиве на некој офшор сајт па нека го тргнат да ги видам. :kuracc:

Туку само јас ли премрзнав во последниот напад на Грузија? Топката кога идеше накај Столе, од што имам трауми од нашите голмани веќе во гол ја видов :facepalm: :pos:

Уствари батали....
Ајдееее :oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe:
 
Ова се моменти кога величината на самиот успех фрла сенка врз секакви обиди за политиканство, национално негаторство и релативизирање на постигнатото. Сега веројатно е моментот кога можеме да си ги накривиме капите и да одмориме, по што успехот самиот говори во наше име, не сме во позиција на никој да му се правдаме или полагаме сметки, сега сме веќе на онаа другата страна, победничката и чувството е добро.
 
А, зошто уствари го бришат видеото? Копирајт или батхрт Бугари во корисничка поддршка?
 
Кој викаше приватен лет?
Прегледај го приврзокот 274267
Не се во овој...

https://fr24.com/CTN8362/2607658e

Еве ги.Би слетале околу 2 и 40 ако има услови.но во моментов нема услови,авион на wizzair кружи над петровец.

Ми беше чудно , некако мало авионче беше (каде место за гостите на ФФМ :D), ама сега сигурно е Кроација :)
Нек слетет кај нас, убо е времево, малу ветар, смештај бесплатно:D

Screenshot_20201113_001452_com.android.chrome.jpg
 
А, зошто уствари го бришат видеото? Копирајт или батхрт Бугари во корисничка поддршка?
Абе штапски пацови без ниедна друга обврска па ти, мислиш вечерва ќе може да заспијат? Не, ќе го репортираат видеото и ќе стискаат во причини нешто политикал, вамте тамте.
 
Кој викаше приватен лет?
Прегледај го приврзокот 274267


Ми беше чудно , некако мало авионче беше (каде место за гостите на ФФМ :D), ама сега сигурно е Кроација :)
Нек слетет кај нас, убо е времево, малу ветар, смештај бесплатно:D

Прегледај го приврзокот 274276
Еве го на wizzair отиде накај Приштина.Али за 2 саати може да се расчисти маглата
 
Најјако е што Албанци, Турци и други националности го лајкнуваат говорот, го споделуваат, објавуваат по купи продај групи дека се среќни и дека се горди, на рекорд заедно слават со сите, ама на рендом изродче му смета говорот на Тони. И во вакви ситуации ли мора бе да се бедираме и да бараме што ни смета, дај уживајте во успехот. Нели е убаво бе мајка му стара да се чуе говор каде што вика дека Македонци, Албанци, Турци сите заедно се изборивме за ова и само вака можеме да му покажеме на светот кој сме и што сме. Мора ли толку партија над државата да се става и да се фрла дамка за ова... Браво Тони со години ќе се споделува на денешен ден коментарот и видеото, само да знаете партиите и луѓето во нив се менуваат денес едни ќе бидат обвинувани дека продаваат држава, пред 10 години биле другите обвинувани, за 10 години може некои трети ќе бидат, овој момент ќе остане, овој говор ќе остане, овој успех ќе остане за век и векова.

Кометал бев мал и не се сеќавам многу, ама за вакви моменти, за Вардар ракомет х2, за Вардар фудбал во ЛЕ пласман, за ракомет 5то место, за кошарка 4то место, за одбојкарите пласманот и победата против Словенија, е за вакви работи вреди да се живее и да се трпи целата беда што ја трпиме како народ секојдневно. За вакви мигови вреди се што издржуваме, дај да бидеме сплотени луѓе,зар мал доказ ни се фудбалерите дека само сполотеност може да вроди со успех.

За луѓево што да кажам, да не ги редам сите по ред, очигледно е дека се голема поддршка меѓусебно и дека секој придонесува другиот да е подобар играч. Со Елиф тренирав на времето во Форза, тогаш бевме фудбал мислам и најкамења во историја, ама си реков ако сите млади луѓе се талентирани како детево тогаш Македонија има светла фудбалска иднина, само трпение и верба. Еве среќен сум што не се откажа од својот сон како многу други и што веруваше во себе и во својот талент, а и цела нација е благодарна на луѓето што ти беа најголема подршка тогаш и кои беа тука за тебе да станеш ова што си денес. Ајдеееееееее бе гинење, гризање до крај, срце на терен, не е битно кои се противниците, битно е кои сме ние, ние сме Македонија, горди сме до плафон на вас :cuc:
 
Последно уредено:
Луѓе, џабе гледате кога и каде да слета, и да слета во Скопје, шанси нема на аеродром да влезе толпа луѓе. Летав скоро, само патниците ги пуштаат и тоа е тоа. На аеродром е помртво од на гробишта.
 
Абе штапски пацови без ниедна друга обврска па ти, мислиш вечерва ќе може да заспијат? Не, ќе го репортираат видеото и ќе стискаат во причини нешто политикал, вамте тамте.
Цел месец ми излегуваа реклами во форма на молитва за помош на Трамп против сатанистите и слични работи, ама видео на јазик кој го разбираме ние и уште 3 други земји го бришат (y)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom