Предлози и свое видување на актуелните фотки на натпреварот!

  • Креатор на темата Креатор на темата Toto.toto
  • Време на започнување Време на започнување
Може и не се, ама ние се забавуваме :D
п.с. мојата гледам со многу лоша резолуција излегла :(
Да нема лутење после ако победи некоја па да се почне ееее ама таа е со утната тема :)
 
Да нема лутење после ако победи некоја па да се почне ееее ама таа е со утната тема :)
А, тоа! Може да има, хаха
Ајде, ако не, некој зналец нека посочи кои фотографии се текстура и само тие да се стават за гласање?

п.с. ја сменив мојата фотографија со почиста верзија
 
Искрено, ни на крај памет не ми текнало дека и фасада или надворешен изглед на една зграда може да се вика текстура!?
Дезенот не е ли текстура?
нема везе ајде, дал е цвеќе, балкон, прекривач, паркети или цигли.....забавата тече:toe:
 
Да нема лутење после ако победи некоја па да се почне ееее ама таа е со утната тема :)
Па уметничка слобода, ова она... Концептуална текстура.. Ако некој ситничари тогаш имаме тука и минимализам и микро фотографија. Сите се убави, секој има своја интерпретација.
 
Дали се сите фотки текстура? Не.
На повеќе фотки можело да се кропираат одредени елементи од фотката каде што текстурата ќе се изрази. Или целата композиција да биде сликана од блиску, со цел текстурата да биде во целост изразена и да биде видлива во 2Д.
Али ако така цепидлачиме, нема смисла.....секој учесник се потрудил, секогаш може повеќе, секогаш може подобро.....секој од нас без исклучок.
Јас не сум од оние што би се лутеле, па дури и да победи некоја фотка вон тема.
Мене ми е битна забавата, го ценам и почитувам учеството на сите членови во натпреварите.
Патем.....оваа тема и тема музика ми се теми за релаксација и уживање. :)
Сите сте супер! Опуштено.... :)
 
Искрено, ни на крај памет не ми текнало дека и фасада или надворешен изглед на една зграда може да се вика текстура!?
Дезенот не е ли текстура?
нема везе ајде, дал е цвеќе, балкон, прекривач, паркети или цигли.....забавата тече:toe:
Дезен не е патерн?
 
Незнам што е патерн...аман бе деца од кај ги вадите сите овие изрази.....:sramezliv:
Не сме ги измислиле :). Си постојат како типови во фотографијата.
Еве нешто за патерн :)

Нека заврши веќе ова со вирусов....па здравје и @коцка да дојде на гости во МК, стварно желба ми е сите што сме редовни на натпревариве, што се дружиме тука......да седнеме на по некоја пијачка, кафе....сеедно. Да се запознаме, па здравје и да се прошетаме да сликнеме по нешто.
 
Последно уредено:
Многу веројатно фотографијата да се оценува...нели е фото натпревар...
Немам многу други затоа учестувам со оваа...а спортски прослави / дочеци па и прво е спомнато во набројувањето.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom