Ако утре решиме дека се согласуваме со тезата на Македонија и признаеме се што ќе кажете! Што ќе се случи?
Целиот свет ќе се потсмева на Бугарија затоа што не ја знае својата историја! Како замислувате да се случи тоа?
Те прашувам доста пријателски! Кои попусти гледате дека можеме да ги направиме?
Погледнете од други гледишта!
Еве, отидов назад во темата да видам што си пишувал, и ми падна во око овој пост, меѓу другите. Какви заблуди пријателе мој
Никого, ама баш никого не го интересира за бугарската или за македонската историја. Тоа си се работи за по дома.
Вие доаѓате од позиција дека имало некаков проблем, кој требало да се реши. А решението е исто како на со Грција: Вето, се додека не се изнуди некакво „признание“. Тоа ти е отприлика исто како обвинет за убиство да го признае делото затоа што му ставиле пиштол на главата.
Во суштина, ние нема што да „разговараме“ за историјата, посебно не како услов за евро-интеграции. Вие сте слободни да си ја изучувате и разбирате историјата онака како што сакате. Нам ни е сосема сеедно и не ви се мешаме во вашите работи. Вие се мешате во нашите.
До сега, постоеше само една причина зошто македонците и бугарите не се повеќе блиски, а тоа е втората светска војна. Од сега па натаму, ќе има уште една причина: ветото, и тоа што ја поддржувавте Грција во спорот со Македонија. Вие сами си создавате причини за нетрпеливост. Од една страна велите дека сите оние херои кои се бореле за автономна Македонија, се Бугари, и дека илјадници и илјадници Бугари ги дале животите за Македонија. Од друга страна, кога Грците рекоа „Македонија е грчка“, вие како држава застанавте од нивна страна. Нели е малку срамота тоа?
За тоа дека македонците се измислена нација, ќе почекате уште една-две генерации. Тогаш можеби ќе ви поверуваат. Јас имав дедо и баба, родени во 20-те, пред скоро 100 години. Дедо ми велеше дека во „српско време“, како деца/тинејџери, не смееле да кажат дека се Македонци, затоа што жандармите ги носеле во станица и ги тепале. Му беше благодарен на Тито затоа што Тито му дозволи да се вика онака како што се чувствува. Тито и комунистите само ја испочитуваа народната волја. Како вие си замислувате дека со некаква наредба Тито ги претворил бугарите во македонци, само вие си знаете
И друго, братот на дедо ми бил затворан и тепан во станица од бугарите. Ова во делот дека сте биле „администрација“.
Ова се сведоштва, колега, од нашите дедовци. Како што реков, ќе мора да почекате малку да се подзаборави. Факт е дека народот ве доживувал како окупаторска војска.
За да бидеме пријатели нема никаква потреба од решавање имагинарни спорови. Тоа не е одлика на европски држави туку на балкански племиња. Ние мора да се свртиме кон иднината и да се почитуваме како соседи, и да си помагаме кога е потребно. Манифестации на сила секако нема да не приближат.
Секое добро.