Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Отворени автобуски постројки, отворени простори пред банки, отворени пазари, прометни тротоари, отворени "чекалници" за влез пред државни органи, билетарници и сл. не се сметаат за "отворен простор"??? Баш затоа што овие места се како што велиш високоризичен простор и се воведе таа мерка за носење на маски на отворен простор. Сам тврдиш дека секоја блискост со луѓе внатре или НАДВОР е ризична и е пожелна маска. Значи мерката и не е толку дебилна уште повеќе што истата се воведе и во повеќето европски земји и посебно во земјите од нашето опкружување.
ОК е тоа, друго е прашањето, зошто само во кафаните не треба маска ???
место во кафана јади дома, има достава на храна, па и од истата кафана, а кафанскиот муабет води го на онлајн конференција
 
Добро бе што се дешава? Трет случај за две недели што закажал а не отишол да се тестира и им се јавуваат дека се позитивни на тестот што не го направиле.Имам и за други слушнато ама не ги познавам за да тврдам со сигурност.
 
ОК е тоа, друго е прашањето, зошто само во кафаните не треба маска ???
место во кафана јади дома, има достава на храна, па и од истата кафана, а кафанскиот муабет води го на онлајн конференција
Затоа што опинците неизживеани мора да седат во кафиќ,да лигават едно кафе два саати,да видат,да бидат видени...
Тоа е тој сељачизам,таа малограѓантштина!

Може тој/таа да нема ни вистински другари,може колегите органски да не го поднесуваат на работа... али ќе пиеме кафе на пауза,афтер ворк,на пица вечер "човече"...
И истиот тој/таа утре ќе ти филозофира социјален живот разбираш...
Тоа им е животот,видокруг у бетонски ѕид.
 
Јас не ги кривам луѓето демек муабети народот е стока, туку власта каде од почеток почнаа со нелогичности и дебилизми од видот затвори школи а не затварај кафиќи, полициски час од 9 а до 9 се слободно, полициски час за велигден, а немаа муда да го истераат и за бајрам, маски на отворено а во кафани немора... луѓето гледаат дека се неозбилни и си тераат по свое, а од почеток да заземаат став и да донесуваа логични мерки од тип забрана за јавни собири, затвори кафани и кафиќи, нека патролира полиција по паркови и плоштади да не се собираат луѓето и ке беше доволно, а како што гледам не е само кај нас иста ситуација туку во цела европа, така да не е до народот.
 
Ајде да направиме една проста математика ... Последните информации за смртноста на ковид е 0.2% и според нашите бројки веќе сме имале 500000 заразени на ковид. И да земеме дури дупло поголема смртност од 0.4 поради лош живот, загаденост , лоша нега, касно хоспитализирање и еден куп други фактори пак имаме огромни 250000 заразени.

Колку ви изгледат овие бројки реални , јас секако мислев и пред ова дека реалната бројка е x10 од официјалната што е ~30000 моментално.
 
сакаш да кажеш веке имаме имунитет на ДОБИТОК ( крдо):icon_mrgr:, само не сме знаеле оти не праиме доволно тестирања
 
Па знаејќи колку без симптоми има и со благи сомтоми што не се тестираат, ништо чудно и 10 пати повеќе да има.
 
Ајде да направиме една проста математика ... Последните информации за смртноста на ковид е 0.2% и според нашите бројки веќе сме имале 500000 заразени на ковид. И да земеме дури дупло поголема смртност од 0.4 поради лош живот, загаденост , лоша нега, касно хоспитализирање и еден куп други фактори пак имаме огромни 250000 заразени.

Колку ви изгледат овие бројки реални , јас секако мислев и пред ова дека реалната бројка е x10 од официјалната што е ~30000 моментално.
Како вака се расфрлате со бројки незнам. Ова со X10 може да важи за поголемите држави и каде што не се тестира многу. Ама овде пред да се зголемат нагло бројките се тестираше добро зборувам за периодот кога имавме по 10-15% заразени, 100-150 дневно.
Сега во хаосот да многу луѓе не се тестираа а ги имаа сите симптоми.
Моја претпоставка е да има моментално околу 30000-50000 активно заразени а може и да се само 20000. Да се ширеше толку лесно до сега колективен имунитет ќе имавме одма после изборите.

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
 
Тоа со колективен имунитет изгледа не функционира. Сеуште ниту една држава го нема стекнато а изгледа дека и тешко ке оди, се повеке има информации дека заболуваат и лица кои веке еднаш го прележале ковидот.
 
Има член погоре објавено студија од 30000 излечени само 8% повторно се заразиле со таа голема бројка на луѓе би рекол дека е релевантна и позитивна студија.

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
 
Ајде да направиме една проста математика ... Последните информации за смртноста на ковид е 0.2% и според нашите бројки веќе сме имале 500000 заразени на ковид. И да земеме дури дупло поголема смртност од 0.4 поради лош живот, загаденост , лоша нега, касно хоспитализирање и еден куп други фактори пак имаме огромни 250000 заразени.

Колку ви изгледат овие бројки реални , јас секако мислев и пред ова дека реалната бројка е x10 од официјалната што е ~30000 моментално.
Добро бе стварно си лупетате бројки! Какви црни 400-500 илјади?! Каква смртност од 0.2%?! Фалеше уште да кажеш дека 5г мрежата го шири... и таман муабетов!

И за останатите,разберете веќе еднаш што значи колективен имунитет!
И за морбилите лани имавме <90% вакцинирани деца,па пак бувна вирусот!
Дури и 60% од населението да помине корона(а,тоа значи да имаме ~60 000 мртви и целосен колапс на државата!) пак ќе постои и ќе се шири вирусот кај непрележаните/невакцинираните!! Дај баталете тоа фејсбуците... едуцирајте се малку! Единствено коефициентот на зараза ќе падне на 1 или под еден... тоа е тоа.
 
Има член погоре објавено студија од 30000 излечени само 8% повторно се заразиле со таа голема бројка на луѓе би рекол дека е релевантна и позитивна студија.

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
Ако повторно се заразиле 8%, тоа е ПРЕМНОГУ.
 
"По одлуката на Филипче и оваа Клиника да биде КОВИД-19 центар вработените се упатија до министерот писмено и го известуваат дека условите не се соодветни за болни од корона. Одлуката на состанокот е донесена едногласно."
Логично е сето ова. Не може било која болница да биде пренаменета за Ковид. Потребен е постојан доток на кислород до секој кревет....најважното од се, обучен медицински кадар кој факт е дека го немаме.
Како мала утеха е дека целиот објект на бивша Воена болница, сегашна ГОБ 8ми Септември има доток на кислород секаде. Така била конструирана уште на времето кога се градела, бидејќи намената била исклучиво воена. Дали истиот систем сеуште е во целост исправен тоа е прашалник. Еве и сите девет ката да бидат пренаменети за Ковид, кој ќе работи со тие пациенти.......нема соодветен кадар, многу е просто.
Залудни се обидите со тоа што не залажуваат дека кревети има, кога соодветен персонал нема.

На сите новинарски прашања упатени до Филипче, која е границата од заболени на дневна основа за да се промени нешто....одговорот му е -се додека имаме слободни болнички капацитети. Секоја чест.

Утрово на еден пријател му закажаа тестирање во Ѓорче (со новите брзи тестови), за навистина брзо време.....16.11 (за 15 дена)
Истиот е во високоризична група со изразени симптоми, што да прави утре ќе оди да плесне 4000 денари на приватно.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom