Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
4 ноември 2017
Мислења
270
Поени од реакции
190
@Darling епа ајде цел свет нека се затвори билиони луѓе тогаш што ќе се деси?
Зш мојт секој да е позитивен не се знајт така вие викате..
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
За нив секогаш има место. Обичрн човек и со 40 температура е оставен да се лечи со парацетамолче.
Ama ima i vo Butel..kolku li samo parceli se cuvaat za niv,desno od glavnata porta. A bar vo toa sme ednakvi,site ke odime tamu, samo tie vo besplatni alei.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.935
Поени од реакции
3.624
Kako gi kazuvas, ko da ne se bitni ugostiteli i butici aj.
Zboruvas za ogromen del od stopanstvoto so desetici iljadi vraboteni.
Tolku luge ako se dovedat do rab na egzistencija e pogolema steta od brojot na mrtvi ne mislis?
Човечкиот живот е секогаш на прво место. 30 години половина држава ни е на раб на егзистенција па се преживеа. Ке се преживее и сега. Човечкиот живот неможе да се врати а парите се губат и пак се прават. Тебе што би ти било потешко: - Да не земеш плата 3 месеци или недај боже ти или некој твој близок почине од ковидот?
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Директно можеби не, но индиректно секако.

Види, можеби "носење маска на отворено" звучи глупаво... но целта не е буквално да ја сватиме пораката.

Идеата е јасна - ДА СЕ НОСИ МАСКА 24/7. Зошто?
Па од ситуација човек да е на отворено, лесно може да премине во ситуација - човекот да влези на затворено.. да пазари негде, или да се размине со други луѓе, или да оди во вц, или да кивне, искашла.. па одма друг да помине на истиот тој "отворен" простор..
Муабетов ми е дека постојат мал милион ситуации кои не можат да бидат индивидуално регулирани.
Затоа, 'задолжително носење на маска во секаков простор' е основата на се'.

Можеби процентот да се добие или пренесе вирусот на отворено е мноооогу мала, но сепак не е еднаква на нула.

Во фаза кога има 1000 нови случаи на ден
, ние дискутираме зошто требало да се носи маска на отворено? Патем тоа "отворено" како што кажав многу лесно преминува во затворено кога сме во движење низ населени средини.

Па не маски, ние треба се можно да правиме за да си помогнеме себе и на системот, кој за жал ни е катастрофа.
Капа доле ако ти е јасна некоја идеја што ја дале политичарите откако е почната кризава.

Како ќе пијат и јадат во меана ако е задолжително за секаков простор? Или таму не може да се искашла дури ја вади маската за да пие и јаде?

Ние ги средивме големите шанси, па остана ред да си играме со тие минималните :tapp:

1000 случаи на ден немаше ни да има ако навистина некој се заангажираше да мисли правилни мерки. Ние кога имавме 8 дневно окапавме во карантини и се задолживме со тешки милиони за да покриваме на загубите во економијата, а сега кога имаме 1000че имаме отворен пас за забави и збирања - логика упичку матер.

Факт е дека работата излезе од контрола, факт е дека не ни можат да воспостават контрола во повеќе од пола држава (што кај нашите мили сограѓани, што кај нашите каубојци), факт е дека меркиве се наменети само и само за полнење на буџетот од казни и правење на профит во нивните бизниси или бизнисите на олигарсите, факт е дека вирусов ќе убие повеќе луѓе на нервна база кога ќе пукне економската криза отколку што директно од што заболеле, факт е дека повеќе луѓе ќе си го опапаат од здравствениот систем поради што не им откриле некоја сериозна болест наместо што немало кој да ги прими ради корона...и на крај од целава криза богатите ќе станат уште побогати, а сиромашните уште поотепани.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.987
Ако се затвори цела економијата штетата ќе ја почувствуваат сите граѓани. Од вирусот страдаат хронично болните и граѓаните над 65 год. и тоа не значи дека ќе починат. Нема што тука да се вага, економијата мора да остане отворена.
За градинките, никој не ве тера децата да ги носите во градинка.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
270
Поени од реакции
190
@Dumbledore и јас истото го зборвам.. Нека не одет на работа хроничните болни само..
За економијава не сваќет луѓево дека ако има повторно затворање не ќе мојме со години да се опоравиме зш многу јака земја сме..
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Не знам што да ви одговорам...

Што мислите, тие во комисијата не си ги поставуваат истите прашања што ние овде ги дискутираме?
Што мислите, тие во комисијата онака без логично објаснување носат одлуки за носење маски на отворено?
Тие во комисијата не даваат отчет на никого?
Граѓанскиот сектор не врши никаков мониторинг над настаните?

Некако премногу лесно критикувате и носите заклучоци за работи за кои немате стручно познавање.

Не дека јас лично се согласувам со ова што се случува.. ама сепак, овде не се работи за мене или за вас. Се работи за 2 милиони народ.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.198
Поени од реакции
27.503
Човечкиот живот е секогаш на прво место. 30 години половина држава ни е на раб на егзистенција па се преживеа. Ке се преживее и сега. Човечкиот живот неможе да се врати а парите се губат и пак се прават. Тебе што би ти било потешко: - Да не земеш плата 3 месеци или недај боже ти или некој твој близок почине од ковидот?
Mene najlesno ke mi bide da se nosat maski, rastojanie i dezinfekcija vo mesta kaj sho ima mnogu luge na edno mesto.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.715
Поени од реакции
17.378
[/QUOTE]
Не знам што да ви одговорам...

Што мислите, тие во комисијата не си ги поставуваат истите прашања што ние овде ги дискутираме?
Што мислите, тие во комисијата онака без логично објаснување носат одлуки за носење маски на отворено?
Тие во комисијата не даваат отчет на никого?
Граѓанскиот сектор не врши никаков мониторинг над настаните?

Некако премногу лесно критикувате и носите заклучоци за работи за кои немате стручно познавање.

Не дека јас лично се согласувам со ова што се случува.. ама сепак, овде не се работи за мене или за вас. Се работи за 2 милиони народ.
Не, не и не? :D Давале отчет на некој, каде живееш. Да даваа отчет глави ќе летаа до сега.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Не, не и не?
Не мислиш дека е малку језиво без основ и поткрепепливи аргументи да дискредитираш некој кој врши јавна фунцкија само затоа што е вршител на јавна функција и не се согласуваш со нивното делување?
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
Што мислите, тие во комисијата онака без логично објаснување носат одлуки за носење маски на отворено?
Достапно е некаде ова логично објаснување?
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Нема некоја разлика во мерките, па ако сакате и во бројот на заразени, па и на почитување на истите во рамките на цела Европа и САД. Речиси никаде да не се почитува салам, па затоа цела Европа се испозарази. Зошто Европа и САД крахираа, а Азија не е прашањето. А политиканство и такви работи во поглед на мерките од Комисијата не гледам. Едноставно ги препишуваат од ЕУ-земјите, но не се почитуваат и тоа е тоа.
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.035
Поени од реакции
28.672
Човечкиот живот е секогаш на прво место. 30 години половина држава ни е на раб на егзистенција па се преживеа. Ке се преживее и сега. Човечкиот живот неможе да се врати а парите се губат и пак се прават. Тебе што би ти било потешко: - Да не земеш плата 3 месеци или недај боже ти или некој твој близок почине од ковидот?
Народот ќе преживее овие политичариве ќе нема шо да крадат ако нема кој да го полни буџетот.
 
Член од
1 февруари 2005
Мислења
1.277
Поени од реакции
1.755
Убаво е за една дискусија да се дават и мислења на разноразни специјалисти, од Македонија, Дијаспората, Светот.
Нормално си даваш и своето мислење, но е глупо едно исто се вергла Ковидофили, Ковидофоби...
Давам едно 18' интервју на професор Михаил Дељагин, има учество во неколку руски влади како советник и специјалист по проблеми на глобализацијата.

Лошо е што е на Руски, но горе доле се разбира, може и да се пушти автоматски превод на македонски, но има доста грешки. Читам се и свашта, но од тој калибар анализи има само на Руски, немам предвид некакви ебиветр* конспитатори што зборат за летачки чинии, рептили, а стварно професори на институти, академици.
Давам Линк на прерасказ од поголемо интервју на на професор Михаил Дељагин.
Немам некоја специјална цел, но ми е малку криво, по разни статистики околу 30 до 50% сметат дека има конспирација со короната, по разни држави е различно, но кај мене во мојата татковина 90% имаат некаква ковидофобија, и ми е малку криво, забегале у некој јаки карантин филмови.:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom