Како со носење на маска на отворено го штитиш здравствениот систем од колапс?
Директно можеби не, но индиректно секако.
Види, можеби "носење маска на отворено" звучи глупаво... но целта не е буквално да ја сватиме пораката.
Идеата е јасна - ДА СЕ НОСИ МАСКА 24/7. Зошто?
Па од ситуација човек да е на отворено, лесно може да премине во ситуација - човекот да влези на затворено.. да пазари негде, или да се размине со други луѓе, или да оди во вц, или да кивне, искашла.. па одма друг да помине на истиот тој "отворен" простор..
Муабетов ми е дека постојат мал милион ситуации кои не можат да бидат индивидуално регулирани.
Затоа, 'задолжително носење на маска во секаков простор' е основата на се'.
Можеби процентот да се добие или пренесе вирусот на отворено е мноооогу мала, но сепак не е еднаква на нула.
Во фаза кога има 1000 нови случаи на ден, ние дискутираме зошто требало да се носи маска на отворено? Патем тоа "отворено" како што кажав многу лесно преминува во затворено кога сме во движење низ населени средини.
Па не маски, ние треба се можно да правиме за да си помогнеме себе и на системот, кој за жал ни е катастрофа.