Сега го слушав видеото со Апасиев и нема нешто од тоа што кажа со кое не се слагам. Впрочем, секој нормален со малце логичко размислување треба да се согласи.
Идиотските потези на нашите идиоти од политичари не ми се коментираат, ми прават додатна анксиозност и депресија што пробувам да ја намалам во секојдневието.
Сум строго против маска на отворено, јас обично излегувам сама за да извртам километража и да пешачам, не да се пикам во луѓе, така што, досега не носев, али ајде, отсега со гушењето ќе се тешиме дека го штитиме и така пропаднатото здравство.