Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Луѓето мора да сватат дека мерките што се носат не се директно насочени кон граѓаните. Приоритет е заштита/превенција на здравствениот систем (од колапс), во зависност од капацитетите со кои располагаме.
 
https://faktor.mk/da-sum-zaev-bi-gi...xhpTxIdOov4wjPvHK4xueJtNPmO_dUiihYi9wz0GXwREk

kovid-protokol.JPG
 
Абе секако помогнало, само на кого и за која цел...

@lazar31 ти ли се фалеше дека дедо ти убивал нацисти ... а сега бараш и се пењавиш нацистички мерки да се воведат. :zver:
Како тоа мерките за да го заштитиш сопствениот народ од помор може да ги оквалификуваш како нацистички? Нацистички, фашистички, сатанистички... е да го оставиш народот да умира, да гледаш како умира а да не превземаш ништо, да оставиш природата да си го заврши своето па кој ке преживее значи е здрава и силна единка и заслужува да живее а тој што ке умре значи е слаб и таква единка секако не и е потребнана заедницата оти е само терет и трошок а и секако дека еден ден ке умре од слабостите кои ги има, макар тоа и по 20 години. А некои според својата националност и онака не заслужуваат да живеат. Тоа е фашизам и нацизам.
 
Луѓето мора да сватат дека мерките што се носат не се директно насочени кон граѓаните. Приоритет е заштита/превенција на здравствениот систем (од колапс), во зависност од капацитетите со кои располагаме.
Ama prosecen torko, koj ima tolku prosecen normalen zivot, mora da si vnese nekakva vaznost i vozbuda, pa izmisluva teorii kako cel svet ima konspiracija protiv nego i negovoto pravo da otide po cigari bez maska.
 
И
Луѓето мора да сватат дека мерките што се носат не се директно насочени кон граѓаните. Приоритет е заштита/превенција на здравствениот систем (од колапс), во зависност од капацитетите со кои располагаме.
Истиот здравствен систем кој години наназад свесно се запоставува и пропаѓа со цел приватните здравствени установи да направат милионски профит секоја година...... Задолжителна маска на отворено е тотална глупост за спречување на пандемијата, може само нови болести да закачат луѓето со недоволно внес на кислород
 
Како тоа мерките за да го заштитиш сопствениот народ од помор може да ги оквалификуваш како нацистички? Нацистички, фашистички, сатанистички... е да го оставиш народот да умира, да гледаш како умира а да не превземаш ништо, да оставиш природата да си го заврши своето па кој ке преживее значи е здрава и силна единка и заслужува да живее а тој што ке умре значи е слаб и таква единка секако не и е потребнана заедницата оти е само терет и трошок а и секако дека еден ден ке умре од слабостите кои ги има, макар тоа и по 20 години. А некои според својата националност и онака не заслужуваат да живеат. Тоа е фашизам и нацизам.

Прво и основно за секоја мерка е да НЕМА негативни последици. Мерките кои ти ги бараш со 100% сигурност ќе допринесат за илјадници да се разболат и умрат, а НЕМА никаков реален доказ дека ќе помогнат во намерата.
Нема гајле, патот до пеколот е поплочен со добри намери. Намерите се Ок, мерките ќе се со катастрофални последици.
 
Баш сега имав близок контакт со човек со бубуве.
Некогаш се шегувам по форумов, но стално пишувам по совест, не лажам. Од месец дена на работа не фати некаков Рино вирус, она ти тече како вода од носот, кашлаш киваш, некој пат температура. Си знаеме дека не се покриваат симптомите со Ковид, си тераме работа, и дома сите прележаа, тоа и не беше некое лежење, на нога помина.
А прошлата недела на колегата му испадна позитивен тест на Ковид.
Шаблонот, во попаметни фирми е ако има некој со ковид тестираат цела фирма или делумно оддел. Вчера и јас се тестирав за трети пат оваа година, и баш ми беше интересно да видам што чудо се ова бубиве, очекував и јас да имам, но немав. Во смисол два дена работев со него по 8 сата, параваните ни се еден до друг, воздухот е ист, и си киваше колегата цело време. У смисол, закон почитуваме, држиме дистанца еден до друг, не се бацуваме, лапаме, разменуваме течности/не преферирам такви работи со мажи/, маски не се носат, не не задолжуваат, затоа што нема корист у однос на бубите, а и се штетни.
У смисол при кашлање малку корони испаѓаат, најопасно е кивањето, брзина 50-100Км/час вирусот не е групиран во големи капки, а е помешан со воздухот или во мали капки со размер микрон, така да поминуваат низ секакви маски.
Давам два примера, сува материја камилица, ја вариш и се раствара во вода, после ја цедиш со цедалка, дали ќе остане таква сува материја во цедалката ? Нема да остане, дури и да правиш титрување со фина филтер хартија. За да ја очистиш водата од камилицата, може со испарување, активен филтер да речеме јаглен што хемиски се врзува со камилицата, за сметка на тоа таа активна материја се троши. И третиот начин е нано филтер со размер помал од супстанцијата што ја филтруваме, но поголем од таа на водата, има такви машинки, некој армии ги користат да си пречистиш вода за пиење, филтерот фаќа и бактерии, но треба да пумпаш многу силно, за дишење преку тоа нема никаква шанса. Друг пример, прднеш колегата со најмодерна маска ќе те осети :), значи скоро се поминува низ маската, освен земја, прав...
Маски главно носат хирурзи и може да фатат некоја бактерија, главно е да се намали брзината кога издишува, да не оди право во рана , а да се дифузира од маската и помалку бактерии паѓаат во раната.
Така да ама уопште не се секирам, секоја година по 2-3 месеца се вртат вирисуве, фрижидерот е полн + машина за леб, ако продолжи ова далаверата со бубиве очекувам и јас да се одморам месец дена, башка и здравнио фонд плаќа кога си болнички, а платите на ковидариве неколку илјади евро ќе си ги делиме колегите у отделот, демек ние ја работиме нивната работа.
Убави далавери се тоа, но не е на арно целава работа, јасно му е на секој дека страшни работи ни готват.
 
Чек сеа, остануваат меаните отворени, ама битно ќе се носи маска и на отворено?
ЈаВол, па и
Од првиот пакет предложени мерки, повлечен е само предлогот кој предвидуваше во домовите на граѓаните да доаѓаат само до четири гости.
Значи МОЖЕ и 40гости, Верски слави, Ифтари и слично,
сега на Берик ќе му скокне притисок ..
Не е само кај нас, кога ќе видиш на ТВ во УК или Италија, Огромен Празен стадион, а Пелистер во Данска играше ракомет во мала сала со публика БЕЗ МАСКИ, само делегатите и некој помошни тренери и резервни играчи носеа маска...
 
Како и се друго во државава така и ова е колку да се полни касата од казни, не примарно со размислување за заштитат нешто.

Сега почнуваат и кај нас славите, значи ќе може да се тераат слави по дома со по 20 души, ама надвор и сам да сум на цел тротоар ќе мора како куче да носам огламник на фаца.
Fuck logic е работава, еден куп свадби се направија по кафеаните, секој ден полни се игла да нема каде да фрлиш ни маска ни бутур, по автобусите на ЈСП исто човек на човек, арно ама надвор маската нема вадење :facepalm:
 
Исто е и кај нас, првично беше со маска и на биро ама не се седи цел ден така.
Ние кога одиме во канцеларија мора да ја носиме цело време, како сакаш сврти се затворен е просторот и дали ќе дишеш на биро или на 2 метра на соседното пак имаш шанса да закачиш од некој.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom