Во никој случај не треба да се споредат Пепе и Лаказет. Реков пред неколку месеца земено сите параметри Пепе може да испадне најголемиот флоп во нашата историја. Знам дека има фудбал некаде во него, очигледно е , не сум хејтер. Мислам дека си има ментална блокада, се гледа по body language некогаш, нема самодоверба, ко спортист разбирам, ама редно време е да почне да се крева. Лани викавме тешка сезона не го судиме, оваа сезона една утакмица само нешто изигра, другото беше очобол. Воопшто не сакам да сум во право. Пепе дава некој вајб што колку и да е лош сите мислиме дека ќе биде подобро, се надевам ќе почне на подобро.