Па со самиот одговор на мојот пост се покажува дека идејата ти е таква. Релативизирачка.
Џејмс ги држи рацете на Мегваер и ги пушта навремено. Не го попречува во понатамошно движење, не прави очигледен прекршок за санкција.
Фудбалот е контактна игра. И на двете страни имаше 100 ситуации кога еден или друг играч има ставено раце врз некого. Ова од Мегваер не беше ,,само попатно држење на рацете". Мегваер со две раце, предолго, го држеше Азпиликуета и му оневозможи во својот шеснаесетник да тргне по топката. Во боречки Кабиб зафат.
Вичхант, наречи го како сакаш. Јас го нарекувам недосуден пенал.
А кога сме кај Мегваер, си има тој многу богата историја во овие мечеви. Лани го удри Бачуаји по тестиси со копачките надвор од терен, никаква санкција. Го истуркаа со Фред нашиот Зума на ,,Стемфорд", ВАР го поништи голот за наводен прекршок во напад.