Македонска берза

Член од
12 март 2009
Мислења
20.276
Поени од реакции
16.424
Веќе имам две позиции во Америка, како и уште три дополнителни локално, само не пишувам за нив за да не се разводнува дискусијата од ПКБ. Тоа е моментално убедливо најгорливата тема затоа што ќе ги засегне сите 80.000 мали акционери, како и скоро сите 800.000 вработени коишто посредно преку фондовите од вториот столб поседуваат акции во македонски котирани компании вредни неколку десетици миљони евра! Ќе ги видам нив како ќе го правдаат догодина своето паразитско постоење во економијата кога директорите на компаниите кајшто поседуваат акции неказнето ќе можат да си исплаќаат бонуси во вредност од 60% од добивката како и Кутревски.

Постои граница до којашто парите некому му се потребни за нормален живот, а над тој износ само болно алчен човек може да сака да го исцеди и задното денарче у секоја зделка. Никому нема да му биде битно дали на децата ќе им оставиш доволно пари за лагоден живот или дупло или тродупло или стократно од тоа, туку што си направил за подобрување на општеството во коешто живееш. Сите знаат кој бил Крсте Мисирков, ама никој не знае кој бил сопственикот на тогашната најголема месна индустрија.
има ли некој сознанија, дали постојат во културните држави законски регулативи за менаџерските плати инагради, во смисол плати во однос на просечни плати во државата а за награда максимана вредност во % од Профитот ?, посебно ако Друштвото не дели Дивиденда ???
Колку знам некој менаџери , посебно во УСА водат некој фирми и без плата, само за награда ??
Друго, дали и колкави се Даноците на менаџерските награди а во споредба со данокот на Дивиденда ???
*******************
 
ahil

м-р
Член од
11 јули 2005
Мислења
634
Поени од реакции
620
Имам другар работи во фабрика на ТЕСЛА. При самиот договор за вработување му префрлија 25 акции на негово име. После година дена работа му го продолжија договорот и малку го унапредија плус му префрлија уште 5 акции. Поентата е колку многу добро може ова да се менаџира кај компании кои имаат откупено свои акции и по однапред предвидлив систем би ги давале на менаџери, работници (пример за 10-20 години стаж)
 
имаше кај нас Работничко акционерство пред 25+ години почна, тоа по мене е најголема глупост...
Прво менаџерот ги злоупотребува работниците -акционери, а второ ниту крупен акционер не треба да работи во фирмата кај што има акции, нема објективно да гледа на работата..... а спротивно пак за менаџерскиот тим би морало да биде Задолжително да имаат акции а не менаџерски награди, туку Мотивот на сите во менаџерскиот тим да му биде Растот на акцијата и Дивидендата !!!
 
Член од
11 јули 2017
Мислења
883
Поени од реакции
623
Sledna nedela ke bide izveshtajot za KMB i kako sto gledam denovive kako alva se sobra se do 6800 sto znaci ke ideme na sleden sprat ako ne i sprat poveke od lani ??
Kako sto gledam i TNB se trguva nakaj 18.000 sto znaci deka ke bide interesno i mislam deka ke se bara i na 20.000 akcija poveke so ogled na toa sto sledi uste edna dividenda ???
Ako se fuknat i parite na MPT pa i nekoj denar t.e. taa miljarda za infrastruktura valjda i tpj GRNT ke go vidime na nekoja kulturna cena ??
Znaci sto bi rekle drugarite se ide po plan nekoj stvarno zagubi na berzata so 10 zrtvi za da nekoj zaraboti na 1000 mrtvi ????
Ova u skolo go nema ova se uchi samo vo nashe skolstvo !!!
 
Член од
10 април 2013
Мислења
1.118
Поени од реакции
714
Mandrac, mnogu bi sakal da si vo pravo zasto poseduvam TNB,MPT, i GRNT ama ovaa koronata nesto da ne ni go narusi optimizmot ?
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.459
Поени од реакции
1.886
Тоа делење акции на вработени е и заради лојалност, ама и заради добра реклама на акцијата. Овдека газдите се толку затуцани што нема ни да помислат на таква можност. Еве нпр. во ПКБ имаше што да научи и од мене и од другите мали акционери. Штета што не искористи шанса да добие конструктивни партнери што ќе му створеа поголема дополнителна вредност од дивидендата што ќе им ја исплатеше. Од пуста алчност глупердата си створи деструктивни...
 
пак ќе повторам, целава работа со малите акционери е за никаде поради законот за Трговски Друштва а каде наводно пишува дека тој што во АД има 51% ГЛАСОВИ Располага слободно со целиот Профит !!!!!, а може и така да пишува, ПРЕСЛИКАНО од стари закони од време кога немаше акционерство....
Мислам дека тоа е само кај нас, на запад ако сакаш самостално и слободно да располагаш со целиот профит ЌЕ ИЗЛЕЗЕШ од Берзата, ете грчка Пивара ги откупуваше сите свои акции на МСЕ за 100% да биде сопственик и да излезе од берза...
 
Член од
9 септември 2020
Мислења
141
Поени од реакции
102
Од Македонија со кој брокер може да се тргува на NYSE?
Фала
Илирика, НЛБ Тутунска, Комерцијална, Интерактив брокерс итн .....
Сигурен си за Интерактив брокерс? Некој имаше пишано дека нема како да се префрат пари кај нив, а и прашање е дали е законски кај нас онлајн тргување преку вакви платформи...
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.276
Поени од реакции
16.424
ова ме потсеќа на една случка пред многу години...Бране требаше да оди на годишница од Аушвиц, сите председатели се собраа таму... ама нему му се јавил некој блгарски тајкун, дека сака да ја купи ОХБ ( ова беше пред СГ да влезе)... блгаринот дури го запали аеропланот и дојде тука, во сред зима...Бране улета у офсајд и доби жолт картон од од гувернеро со чисти раце, наравоучение дека во РМ банките се купуваат преку берза а со согласност на НБРМ... б.т.в., овој блгарски тајкун, несудениот газда на ОХБ , го имаше пред некоја година во медиумите, бил застрелан или убиен мислам во Блгарија...
 
Член од
15 февруари 2012
Мислења
435
Поени од реакции
537

Ilija Pavlov?
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.276
Поени од реакции
16.424
може и да не беше тој, Илија Павлов е повржан со МултиГруп сите написи се избришани, треба хартиено издание да се бара...
сакав да кажам тајкунот блгарски 2005 наумил да ја купи ОХБ и право на телефон на Црвенковски... а Бране тогаш откажа и Давос и Аушвиц, за тоа има некој напис, не е се избришано... а имаше тогаш и во весник како Гувернерот Гошев преку весник го подучува Бране, како во РМ се купува Банка...
Смешно ми е и Некоректно Борисов да се лути зошто бугарите не ја купиле Комерцијална и Телеком, посебно Комерцијална не е државна банка....

... еве, најдов нешто, Македонско Сонце, 11,05,2005 стр567
тогаш за купување на ОХБ била заинтересирана блгарска групација ДЗИ , значи не само што тајкунот дошол во Скопје во јануари 2005 туку и до мај месец го притискале Гошев...
ОХРИДСКА БАНКА НЕ Е ЗА ПРОДАЖБА "Охридска банка не е за продавање на стратешки партнер", објави Управниот одбор на оваа Банка, една од трите во земјава за чие купување беше заинтересирана бугарската групација ДЗИ. Според шпекулациите, ДЗИ сакала да купи 70 проценти од Охридска банка, но најголемите акционери во Банката не сакале продажба преку стратешки партнер туку влез на инвеститор кој ќе ја купи новата емисија на акции што, пак, не им одговарало на бугарските партнери, поради што и не дојде до зделка. Управниот одбор на Охридска банка потврдува дека воделе неофицијални разговори, но не само со бугарската ДЗИ, туку и со други странски инвеститори. За информацијата од бугарските медиуми - дека ДЗИ сака да купи три банки во пакет - Охридска, Македонска и Радо - Управниот одбор на Ох ридска банка вели дека тоа било пуста желба на стратешкиот партнер или на некоја друга државна или монетарна институција. "Не треба лесно да се продаваат субјектите од финансиската инфраструктура", велат првите луѓе на Охридска банка. Наместо продавање, од Охридска банка велат дека било подобро ако банките во земјава се поврзат меѓу себе. Од ДЗИ се сретнаа и со гувернерот на Народна банка Петар Гошев и со претседателот Бранко Црвенковски, што говори за упорноста на бугарската групација ДЗИ.
 
Последно уредено:
Член од
23 јуни 2017
Мислења
592
Поени од реакции
1.102
Mnogu depresiven I forumov stanuva... Ne razbiram, na mesec-dva sme od vakcina, ne deka odma kje se reshat site problemi, ama nikoj vekje nema da zboruva kolkumina umrele, tuku kolkumina se vakcinirale... Samo neka padne Trump nikoj vekje nema da zboruva za ova cudo, kje vikaat starite umiraat I porano umirale... Nikoj od mainstream media nema ni C da spomne od coronava... Problemot so bugarive mnogu prosto kje bide reshen, so nekoj gaz-papir dokument I idemo dalje...
 
Член од
27 ноември 2009
Мислења
963
Поени од реакции
921
Mnogu depresiven I forumov stanuva... Ne razbiram, na mesec-dva sme od vakcina, ne deka odma kje se reshat site problemi, ama nikoj vekje nema da zboruva kolkumina umrele, tuku kolkumina se vakcinirale... Samo neka padne Trump nikoj vekje nema da zboruva za ova cudo, kje vikaat starite umiraat I porano umirale... Nikoj od mainstream media nema ni C da spomne od coronava... Problemot so bugarive mnogu prosto kje bide reshen, so nekoj gaz-papir dokument I idemo dalje...
Тешко Трамп да падне
 
Kajgana Shop

На врв Bottom