Друже ако имаш просек 700W х просечен COP од 4 да земеме, (5,1 е SCOP за Amberot за целата сезона кога се вклучени и многу потопли месеци, октомври, ноември, март, април) излегува дека ти во најладниот месец имаш потреба од само 2,8KW. Практично невозможно од мое искуство. И јас имам сличен простор кој го имам многу пати опишано, и знам дека 2,8KW на час во јануари се научна фантастика. И мислам дека сите што имаат толку голем простор ќе се сложат со тоа.
Дали сакаш да направиме една пресметка во knaufterm за топлотните загуби? Ако детално ми го опишеш просторот јас ќе се потрудам да направам за викендов па ќе може заеднички да ја разгледаме.