Џ
Џонтра Волта
Гостин
Добро точно, се слагам до негде. Ама дали стварно некој мисли дека постои играч на светов што намерно сака да му искрши нога на друг играч. Има други подмукли и педерски работи за да се повреди играч ко Рамос со Салах, ко французите што го тепаа Роналдо на повредената нога у финалето и уште неколку други примери ама дека некој намерно ќе му рипне со две нозе на противникот за да му ја скрши, мислам дека не постои таков.Абе Давидс и Рој Кин не треба да бидат пример, исто и поранешните времиња кај што се колеле на терен исто не треба да бидат пример.
Намерни стартови со намера да се повреди играч треба да бидат најказнувани, али ова не беше таков старт.
Несмасен да, ама не и намерен за да го повреди ВВД и не треба да биде распнуван по медиумите за тоа што го направи. Несреќа за ВВД е што беше лошо поставен при стартот на Пикфорд.
Повредите се дел од спортов и се нешто со кое што секој тим, секоја сезона се соочува. Да, ВВД е многу битен играч за Ливерпул, али не треба да се паѓа у несвест и да се прават драми по медиумиве.
Тие стартови ко Тејлор над Едуардо се несреќен сплет на околности, сигурно тој копачот не си рекол чек сеа ќе му го избијам зглобот од лежиште на овој. Недвед му ја скрши ногата на Фиго само што го чепна од позади, у дуел, Камбијасо коа го згазна Џовинко и уште милијарда примери на жестоки стартови по кои доаѓало до сериозни повреди.. а некад и не.
Никој немаше уста да отвори ако Ван Дајк продужеше да игра и покрај ударот од Пикфорд.
Давидс и Рој Кин ги земав само ко пример за цврстиот фудбал што се играше тогаш, а не дека така треба да изгледаат сите стартови.. иако јас ако се прашувам би дозволувал поостра игра, што е ова сеа ко пичиња играат, дуел не знаат да издржат, клизач не смеат да пуштат.