Од денес во Мелбурн дозволено е движење до 25км од дома, нема рестрикции за колку време може да се рекреираш, дозволено е да почнат со работа фризерски салони и ред други бизниси... 4 нови случаи, 1 мртов, окулу 300 активни во град од 5 мил. На народот последниве неколку недели му е веќе преку глава очигледно сите сакаат подинамично менаџирање на кризата ама политичарите се плашат да не дојде до трет пик што во нивни очи би било крај за нив... Не се слагам со тоа, мислам дека дефинитивно ќе наебат секако. За сега оставки поднесоа министерката за здраство и шефот на кабинетот на премиерот. Се тресе столицата на премиерот, речиси сигурно ќе поднесе оставка пред следните избори за да и се даде шанса на партијата да освои колку толку гласови мада тоа би било за година дена од сега до тогаш ќе си „заработува“ 10 000 неделно...
Цело фијаско овде беше ради лошо организираниот карантин на повратниците во хотелите. Иако беше понудено војската да ги обезбедува, иако требаше полицијата тоа да го направи на крај 30 мил долари контракт бил даден на приватна фирма по што буквално за 2 недели вирусот се рашири до степен да имаме по 750 ново заболени дневно (ова е на 30 000 тестови дневно).
Во куси црти... Ако сте сега 400 случаи дневно, за недела дена ќе бидете на 1000ка+ нормално ако тестирате адекватно. Џабе е веќе да се бркаат кластери, од она што овде објаснуваа тоа е можно до кај 20-30 случаи дневно потоа ви треба армија искусни трејсери да може да направат нешто... Во Мелбурн на 700 случаи цифрата на луѓе што требаше да биде проверена стигна над 15 000... Во МКД би било и повеќе од тоа. Тукашно искуство е дека треба да работат самопослугите колку што може подолго за да нема гужви. Аутобуси да се дуплираат и маски да се обавезни. Мора да се внимава на старците по домовите зашто таму највеќе гинеа. Под внимава овде во оние што добро поминаа вработените имаа забрана да работат на друго место (сестри, обезбедување, транспорт), се внимаваше на добавувачи на храна (овие беа голем проблем), пациентите беа стрикно изолирани и не беа дозболени посети итн...
Целосно затварање на економијата е глупаво. Да овде беше огоромен дел затворен АМА овде речиси секој може да работи од дома. Сите се опремени, имаат брз интернет, компјутери, место... Овде 95% живеат во куќи и не е проблем еден родите да работи друг да помага на децата дур учат од дома. Викторија преставува 25% од АУС економијата а сепак падот на економијата беше некој 7%. Една од мерките што беа преземени овде беше Job Keeper каде секој вработен што изгубил работа, му биле намалени саатите или му е суспендирано работното место добиваше помош од 750 неделно.
Македонија треба да најде некаков баланс, од една страна делат ваучери за одмори и грантови за тренирање магариња од друга страна ништо не се презема за да се стабилизира економијата и да се помогнат вработените. Мислам дека некој индустрии мора да бидат затворени и помогнати адекватно али целосно затварање е глупост. ОК е полициски час навечер, иако нема некоја смисла, идеата е да се намалат обврските на џандарите, да се растеретат малку и они плус нормално младите да не се собираат. Од 8-9 до 5-6 е ОК, нема нешто што неможеш да свршиш преку ден за тоа премногу да те тангира. 100 пати поглупо е тоа што го правеа предходно каде по 3-4 дена не ве пуштаа да излезете од дома. Глупа работа е и со маските надвор... Маска има потреба да се носи каде има луге али надвор е глупост. Глупост е и во канцеларија, таму треба да се обезбеди доволно простор за да не мора некој да носи маска цел ден. Нека се работи во смена од дома, работодавецот треба да си најде решение.