Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
27 декември 2008
Мислења
1.531
Поени од реакции
693
Во Македонија во 2018 година починале 19727 лица, а во 2010 починале 20446, значи околу 700 повеќе. Очекува морталитетот во македонија за 2021 да не биде повеќе од 21 500 луѓе. Тоа би било максимум 1000 повеќе од 2019.

Ако заради тоа се исплаќа да ја уништиме државата, тогаш тоа е математика која јас не можам да ја разберам.
Само едно нешто забораваш сепак се луѓе во прашање, а не бројки,статистика,математика недај боже некој близок пријател или роднина да влезе во таа твоја статистика сигурен сум дека нема да збориш така.Се согласувам дека е уништена економијата
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.709
Поени од реакции
9.541
....ама тие што укажуваат да ги почитуваме мерките, а НИЕ ГИ ПОЧИТУВАМЕ, тие не ги почитуваат, и што со тоа ? се вртиме во круг?
ај да ги наредам кои не ги почитува мерките, а нас ни укажуваат- политичарите, министрите, премиерот, претседателот на државата, градоначалници, министерот за здравство, директори, членовите на комисија за заразни болести, ако треба ќе поставам и фотки како доказ! :cool:
П.С.
... членов (истомисленик) над мене беше побрз! :)
Za site vazi toa sto go pisav,...od site si patime....:toe:
 
ivan1987

СерКонсалот
Член од
23 септември 2020
Мислења
11
Поени од реакции
18
Само едно нешто забораваш сепак се луѓе во прашање, а не бројки,статистика,математика недај боже некој близок пријател или роднина да влезе во таа твоја статистика сигурен сум дека нема да збориш така.Се согласувам дека е уништена економијата
Економијата е уништена поради глупите проекти на сите влади вклучувајќи ја и сегашнава. Скопје 2014 ништо не помага сега ниту со праите дадени за стиропор и не-инвестирање во здравството... Сепак, државата е највиновна, дури и да спроведува Шведски модел - нема никаква контрола, никаде, во никој град.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.867
Поени од реакции
7.254
Го следам форумот, особено оваа тема, и еве после 10тина години решив да пишам.

Прво, чоече, ти ми стоиш дека веруваш во овој човек.
Прегледај го приврзокот 271103

Имено, човекот од сликата е српски јутубер кој шири дезинформации и бричи овци во Македонија и Србија за тие што незнаат.

А ти јузеру страшен, се сметаш за разбуден, а уствари ти со во заблуди и го загрозуваш јавното здравје.

Антиваксер си оти неможеш да ја прифатиш ново-настаната ситуација и да се разбира не веруваш во науката (таа наука на која одиш кога ќе се влоши твоето здравје). Твојата фантазија стана твоја реалност, а далеку си од разумно размислување. Не веруваш во медицината, и веруваш во теории на заговор. Сметаш дека вирусот е настинка, а тоа што гледаш вакви видеа те пропаѓаат во зајчката дупка (побарај на Гугл и види што значи таа фраза). Сметаш дека луѓето кои велат дека вирусот е страшен се платеници, а ти си платеник на човековата најмрачна мана - неинформираноста, т.е. инфомирање од погрешни извори.

И да Били Гејтс го има твоето име прв на листата за чипирање и иде по тебе GigovIt

Вразуми се и престани да пропаѓаш во зајчката дупка.
Па ти ако си толку многу информиран, не биди себичен, сподели некои научни информации, сподели некое научно истражување.
Како ги делиш изворите на точни и погрешни, врз основа на што...
СЗО, медиумите, Фаучи кажи ова е точен извор поради ова и ова, овој извор досега нема утка направено.

Изгледа ти после 10год чмаејќи во зајачката дупка, сакаш сите други со тебе исто да чмаат :toe:
 
Malak

Darth Malak
Член од
15 април 2008
Мислења
48
Поени од реакции
38

Сакаш да постирам линкови од научни трудови?

Еве ти еден линк од профилот на најдобрите научници кои ги пратат најбитните информации поврзани со вирусот. Просветли се. Тенк ми лејтер.
 
Член од
13 август 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
2.036
Го следам форумот, особено оваа тема, и еве после 10тина години решив да пишам.

Прво, чоече, ти ми стоиш дека веруваш во овој човек.
Прегледај го приврзокот 271103

Имено, човекот од сликата е српски јутубер кој шири дезинформации и бричи овци во Македонија и Србија за тие што незнаат.

А ти јузеру страшен, се сметаш за разбуден, а уствари ти со во заблуди и го загрозуваш јавното здравје.

Антиваксер си оти неможеш да ја прифатиш ново-настаната ситуација и да се разбира не веруваш во науката (таа наука на која одиш кога ќе се влоши твоето здравје). Твојата фантазија стана твоја реалност, а далеку си од разумно размислување. Не веруваш во медицината, и веруваш во теории на заговор. Сметаш дека вирусот е настинка, а тоа што гледаш вакви видеа те пропаѓаат во зајчката дупка (побарај на Гугл и види што значи таа фраза). Сметаш дека луѓето кои велат дека вирусот е страшен се платеници, а ти си платеник на човековата најмрачна мана - неинформираноста, т.е. инфомирање од погрешни извори.

И да Били Гејтс го има твоето име прв на листата за чипирање и иде по тебе GigovIt

Вразуми се и престани да пропаѓаш во зајчката дупка.
Продолжи да следиш и понатаму, прашај ако нешто конкретно те занима ќе ти одговорам, моето разсмислување е медицинско, твоето од телевизија и портали. Жалосно во оваа ситуација е што немаш никакво образование, а се удираш во гради дека ја капираш работата. Видела жабата дека го потковуват коњот, па дигнала и она ногата.
 
Malak

Darth Malak
Член од
15 април 2008
Мислења
48
Поени од реакции
38
Продолжи да следиш и понатаму, прашај ако нешто конкретно те занима ќе ти одговорам, моето разсмислување е медицинско, твоето од телевизија и портали. Жалосно во оваа ситуација е што немаш никакво образование, а се удираш во гради дека ја капираш работата. Видела жабата дека го потковуват коњот, па дигнала и она ногата.
Ајде кажи ми од каде ги црпаш ти информациите, од кои истражувања? Кога велиш дека ги црпам информациите од портали и телевизија, да не збораш за самиот себе? Имаш прочитано барем еден пејпер за вирусот? Или пак твојот омилен јутубер те известува за се?
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.240
Поени од реакции
4.433
Телма пуштајте
Гревов од вмро сам си зборува против власта, Зибери не се замара, не мешајте политика ладен му вика, у стилу ништо не можеш на дуи :D
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.709
Поени од реакции
9.541
Продолжи да следиш и понатаму, прашај ако нешто конкретно те занима ќе ти одговорам, моето разсмислување е медицинско, твоето од телевизија и портали. Жалосно во оваа ситуација е што немаш никакво образование, а се удираш во гради дека ја капираш работата. Видела жабата дека го потковуват коњот, па дигнала и она ногата.
Ako tvoeto razmisluvanje e medicinsko, togas kakvo e na site onie vrvni doktori, naucnici, epidemiolozi, infektolozi, koi te predupreduvaat sekojdnevno na rizicite od virusot I bukvalno ne molat za pocituvanje na merkite!?
 
Malak

Darth Malak
Член од
15 април 2008
Мислења
48
Поени од реакции
38
Ako tvoeto razmisluvanje e medicinsko, togas kakvo e na site onie vrvni doktori, naucnici, epidemiolozi, infektolozi, koi te predupreduvaat sekojdnevno na rizicite od virusot I bukvalno ne molat za pocituvanje na merkite!?

Од кафана, и мала група на фејс каде пишуваат и се уверуваат дека сатанистите сакат да не контролираат. Во медицината ова си има име и дијагноза.
 
Член од
7 јули 2013
Мислења
1.462
Поени од реакции
9.180
Постои мала лага, средна лага, голема лага и статистика. Како некој што тврди дека е одличен познавач на основната математика и статистиката, треба да ја знаеш оваа изрека. Патем, сфаќа се пишува со Ф, не со в.

До моментов, за неколку месеци имаме 846 починати од корона. Следејќи го темптото од претходните денови (починаа 22 лица за 2 дена), оваа бројка би дошла до некои 1400 починати до крајот на годината, бројка до која би стигнале со груба оценка преку аритметичка прогресија со разлика 7.
Да речеме дека од овие 1400, 200 „секако би умреле“ поради старост, имаме бројка на мртви која на пример е поголема од бројот на жртви од скопскиот земјотрес.
Скопскиот земјотрес го сметаме за катастрофа, но сличниот број на жртви (веројатно и поголем) од коронава, ќе биде „минорно влијание“ во големата бројка.

Еве, би ве запрашал колкава треба да биде бројката на починати според вас, за овој вирус да го сфатиме сериозно?
Јас разбирам дека кај младите вирусот нема големо влијание (во процент над 99. Иако на почетокот имаше тврдења дека вирусот може да остави последици некое време, јас познавам само еден таков случај.), но факт е дека кај старите не е сеедно ако закачат вирус. Проблемот е што уште немаат точно утврдена група која е најкритична, засега „силината со која го закачуваат вирусот“ постарите, ми изгледа како лотарија.

Не се работи за познавање на статистика, туку се работи за различната перецепција која ја имаме на темава.
Според вас, бројката на починати не е страшна, плус не верувате дека се умрени од корона. Јас не можам да ве убедувам дали луѓето умреле од корона или не, ама некако фактите не се на ваша страна. Цел свет презема мерки. Ако ние имаме преваранти од политичари и секој може да не вози како сака, што да кажеме за сериозни земји како Словенија? Зошто се на праг на воведување најстроги рестрикции? Што е со рестрикциите кои ги има Франција на пример? Што е со рестрикциите кои ги има во Авсатралија? Другарка од Мелбурн не може да мрдне во радиус од 5 км од домот, а имаат смешна броијка од 50-тина случаи дневно.
Да не зборуваме што упорно го заобиколувате фактот за хаосот во нашето здравство и во ситруација кога немаше корона. Денес е потврдено дека има 485 хоспитализирани лица. Дали имате податоци каква била состојбата со хоспитализирани лица пред коронава? Дали некогаш имало жалба за исполнети капацитети?
На крај пак ќе дојдеме до бројот на жртви, кое нели ни е мерило за опасноста. Секако не сакам некој близок да влезе во таа статистика, а реалноста е дека тешко може да се одбранам од „закачување“ на вирусот, со што ставам повозрасни лица во опасност. И не можам да не помислам дека лекувањето во случај на тешки симптоми, ќе биде многу комплицирано. И ова е реална опасност, не е во нашите глави, не се работи за непознавање на статистика, се работи за основно човечко чувство за грижа за најблиските, кое е поткрепено со факти. Уште потрагично е што никако не можеш да влијаеш.

Константно се „вадите“ на економијата.
Економијата на Македонија секако е срање, а со блокада од сите соседи, со блокирани економии на сите држави во Европа, не знам како ние би просперирале. И јас не сум за да се затвори се', мора да има обрт на пари, за да не останат кај 2% од моќниците во државава. Немам против да работат ни кафулиња, ни ресторани, ни кладилници, сите места од кои имаш полнење на државна каса. Но, на крајот од денот, здравјето секако ми е поважно од економијата.
Прв болд. Со оглед на ширењето на паника и параноја како да доаѓа апокалипсата, дека ќе имало многу мртви и со носење на мерки којшто се косат со кршење на човекови права и слободи, со застанување на сите општествени процеси како и уништување на глобалната економија, бројките треба да се движат околу 20 до 30 милиони мртви на светско ниво. Значи правам споредба драстичните мерки vs фактичката опасност и смртност на вирусот која во моментов на светско ниво е 1,118,945 мртви и тоа пола од овие се старци, а пола со многу други сериозни болести.

Втор болд. Се враќаме повторно на тој комплекс дека се што е позападно е фантастично и идеално, а дека ние сме никакви и дека треба да правиме тоа што тие треба да прават. Друга работа е тоа што ваквите строги рестрикции како мерки се превземени од Кина која е комунистички диктаторски систем која врши шпијунажа врз своето население и има логори за своето непослушното население. Земја комбинација од Нацистичка Германија и Советскиот сојуз, која е најблиску до Орвеловиот дистописки кошмар. Од друга страна пак ваквите мерки беа отфрлени од Шведска и Јапонија, земји кои скоро секогаш се земаат за позитивен пример.

Трет болд. Па тоа е муабетот, дека никако не можеме да влијаеме. Се работи за природна непогода која за жал ќе однесе доста луѓе, но во исто време за среќа не е толку опасна како што многу луѓе ни ја презентираа. Не постои човек што сака да фати корона, а уште повеќе да ја пренесе на домашните, но човек мора да работи за да стави леб на маса, а факт е дека најголема изложеност е на работа поради долгите часови во затворени простории, посебно кај фабриките и конфекциите. Имаш живи примери на темава како луѓе носеле маска, ама пак фатиле корона, па затоа се нелогични мерките за носење маска на отворено.

Четврт болд. Па нормално дека ќе сме загрижени за економија, правиме муабет за земја која имаше најлоша транзиција од сите пост-комунистички земји и која има највисока невработеност од сите земји во Европа. Нови економски шокови како тие во 90тите и Македонија може да доживее целосен колапс. Затоа треба да се размислува со ладни глави, а не со емоции. Треба да се мисли на иднината.
 
Член од
13 август 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
2.036
Ајде кажи ми од каде ги црпаш ти информациите, од кои истражувања? Кога велиш дека ги црпам информациите од портали и телевизија, да не збораш за самиот себе? Имаш прочитано барем еден пејпер за вирусот? Или пак твојот омилен јутубер те известува за се?
Момак, седи не рипај високо, да не ти помодре газот. Имам медицинско образование и вакви мрсолковци како тебе не се достојни за дискусија.
Обајсни еве на мене и на сите други што се форумот каква е патологијата и патогенезата на вирусот па да почнеме да дискутираме на ниво.
Автоматски споено мислење:

Ako tvoeto razmisluvanje e medicinsko, togas kakvo e na site onie vrvni doktori, naucnici, epidemiolozi, infektolozi, koi te predupreduvaat sekojdnevno na rizicite od virusot I bukvalno ne molat za pocituvanje na merkite!?
Србите викаат нареџење-извршење. Не смеам многу да пишам пошто ми бришат постови и може пак да ме банираат.
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.227
Поени од реакции
78.810
 
Kajgana Shop

На врв Bottom