Постои мала лага, средна лага, голема лага и статистика. Како некој што тврди дека е одличен познавач на основната математика и статистиката, треба да ја знаеш оваа изрека. Патем, сфаќа се пишува со Ф, не со в.
До моментов, за неколку месеци имаме 846 починати од корона. Следејќи го темптото од претходните денови (починаа 22 лица за 2 дена), оваа бројка би дошла до некои 1400 починати до крајот на годината, бројка до која би стигнале со груба оценка преку аритметичка прогресија со разлика 7.
Да речеме дека од овие 1400, 200 „секако би умреле“ поради старост, имаме бројка на мртви која на пример е поголема од бројот на жртви од скопскиот земјотрес.
Скопскиот земјотрес го сметаме за катастрофа, но сличниот број на жртви (веројатно и поголем) од коронава, ќе биде „минорно влијание“ во големата бројка.
Еве, би ве запрашал колкава треба да биде бројката на починати според вас, за овој вирус да го сфатиме сериозно?
Јас разбирам дека кај младите вирусот нема големо влијание (во процент над 99. Иако на почетокот имаше тврдења дека вирусот може да остави последици некое време, јас познавам само еден таков случај.), но факт е дека кај старите не е сеедно ако закачат вирус. Проблемот е што уште немаат точно утврдена група која е најкритична, засега „силината со која го закачуваат вирусот“ постарите, ми изгледа како лотарија.
Не се работи за познавање на статистика, туку се работи за различната перецепција која ја имаме на темава.
Според вас, бројката на починати не е страшна, плус не верувате дека се умрени од корона. Јас не можам да ве убедувам дали луѓето умреле од корона или не, ама некако фактите не се на ваша страна. Цел свет презема мерки. Ако ние имаме преваранти од политичари и секој може да не вози како сака, што да кажеме за сериозни земји како Словенија? Зошто се на праг на воведување најстроги рестрикции? Што е со рестрикциите кои ги има Франција на пример? Што е со рестрикциите кои ги има во Авсатралија? Другарка од Мелбурн не може да мрдне во радиус од 5 км од домот, а имаат смешна броијка од 50-тина случаи дневно.
Да не зборуваме што упорно го заобиколувате фактот за хаосот во нашето здравство и во ситруација кога немаше корона. Денес е потврдено дека има 485 хоспитализирани лица. Дали имате податоци каква била состојбата со хоспитализирани лица пред коронава? Дали некогаш имало жалба за исполнети капацитети?
На крај пак ќе дојдеме до бројот на жртви, кое нели ни е мерило за опасноста. Секако не сакам некој близок да влезе во таа статистика, а реалноста е дека тешко може да се одбранам од „закачување“ на вирусот, со што ставам повозрасни лица во опасност. И не можам да не помислам дека лекувањето во случај на тешки симптоми, ќе биде многу комплицирано. И ова е реална опасност, не е во нашите глави, не се работи за непознавање на статистика, се работи за основно човечко чувство за грижа за најблиските, кое е поткрепено со факти. Уште потрагично е што никако не можеш да влијаеш.
Константно се „вадите“ на економијата. Економијата на Македонија секако е срање, а со блокада од сите соседи, со блокирани економии на сите држави во Европа, не знам како ние би просперирале. И јас не сум за да се затвори се', мора да има обрт на пари, за да не останат кај 2% од моќниците во државава. Немам против да работат ни кафулиња, ни ресторани, ни кладилници, сите места од кои имаш полнење на државна каса. Но, на крајот од денот, здравјето секако ми е поважно од економијата.