Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.030
Не, но баш би сакал да извади некој статистика за хоспитализирани деца во Јануари и Февруари годинава. Преполни беа болниците со испоразболени деца. И сега замисли истово да се повтори, а болницава во Козле е пренаменета за лекување возрасни од ковид. Што е полошо, да умираат деца заради незгриженост или старци со пропратни болести?
Тоа е точно мојата поента. Луѓето не се плашат толку од вирусот, колку што се плашат од вирусот во комбинација со македонското здравство. Тука здрав ќе те умрат, а не па да чекаш да се лечиш од вирус кој е непознаница.
Од кој дел од мојот пост изведе заклучок дека ја оправдувам пренамената на болниците?
Првата реченица е исто така добар повод за разгледување. Оваа година имаше многу поголем број на болни луѓе, со потешки симптоми уште во јануари и февруари. Многумина тоа го поврзуваа со појава на короната во Македонија, многу порано отколку што официјално сметаме.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.716
Поени од реакции
17.382
Постои мала лага, средна лага, голема лага и статистика. Како некој што тврди дека е одличен познавач на основната математика и статистиката, треба да ја знаеш оваа изрека. Патем, сфаќа се пишува со Ф, не со в.

До моментов, за неколку месеци имаме 846 починати од корона. Следејќи го темптото од претходните денови (починаа 22 лица за 2 дена), оваа бројка би дошла до некои 1400 починати до крајот на годината, бројка до која би стигнале со груба оценка преку аритметичка прогресија со разлика 7.
Да речеме дека од овие 1400, 200 „секако би умреле“ поради старост, имаме бројка на мртви која на пример е поголема од бројот на жртви од скопскиот земјотрес.
Скопскиот земјотрес го сметаме за катастрофа, но сличниот број на жртви (веројатно и поголем) од коронава, ќе биде „минорно влијание“ во големата бројка.

Еве, би ве запрашал колкава треба да биде бројката на починати според вас, за овој вирус да го сфатиме сериозно?
Јас разбирам дека кај младите вирусот нема големо влијание (во процент над 99. Иако на почетокот имаше тврдења дека вирусот може да остави последици некое време, јас познавам само еден таков случај.), но факт е дека кај старите не е сеедно ако закачат вирус. Проблемот е што уште немаат точно утврдена група која е најкритична, засега „силината со која го закачуваат вирусот“ постарите, ми изгледа како лотарија.

Не се работи за познавање на статистика, туку се работи за различната перецепција која ја имаме на темава.
Според вас, бројката на починати не е страшна, плус не верувате дека се умрени од корона. Јас не можам да ве убедувам дали луѓето умреле од корона или не, ама некако фактите не се на ваша страна. Цел свет презема мерки. Ако ние имаме преваранти од политичари и секој може да не вози како сака, што да кажеме за сериозни земји како Словенија? Зошто се на праг на воведување најстроги рестрикции? Што е со рестрикциите кои ги има Франција на пример? Што е со рестрикциите кои ги има во Авсатралија? Другарка од Мелбурн не може да мрдне во радиус од 5 км од домот, а имаат смешна броијка од 50-тина случаи дневно.
Да не зборуваме што упорно го заобиколувате фактот за хаосот во нашето здравство и во ситруација кога немаше корона. Денес е потврдено дека има 485 хоспитализирани лица. Дали имате податоци каква била состојбата со хоспитализирани лица пред коронава? Дали некогаш имало жалба за исполнети капацитети?
На крај пак ќе дојдеме до бројот на жртви, кое нели ни е мерило за опасноста. Секако не сакам некој близок да влезе во таа статистика, а реалноста е дека тешко може да се одбранам од „закачување“ на вирусот, со што ставам повозрасни лица во опасност. И не можам да не помислам дека лекувањето во случај на тешки симптоми, ќе биде многу комплицирано. И ова е реална опасност, не е во нашите глави, не се работи за непознавање на статистика, се работи за основно човечко чувство за грижа за најблиските, кое е поткрепено со факти. Уште потрагично е што никако не можеш да влијаеш.

Константно се „вадите“ на економијата. Економијата на Македонија секако е срање, а со блокада од сите соседи, со блокирани економии на сите држави во Европа, не знам како ние би просперирале. И јас не сум за да се затвори се', мора да има обрт на пари, за да не останат кај 2% од моќниците во државава. Немам против да работат ни кафулиња, ни ресторани, ни кладилници, сите места од кои имаш полнење на државна каса. Но, на крајот од денот, здравјето секако ми е поважно од економијата.
Ако е статистиката најголема лага, зашто тогаш воопшто ме цитираше? Од почетокот се тресет секакви статистички глупости тука, од тоа дека смртноста била 5% до тоа дека морталитетот ќе пораснел за 100%, па не сум видел нив да ги цитираш со истата поговорка. Или сеа пошто не ти одговара, ќе се фаќаме за граматички грешки и жалопојки од типот колку луѓе изумреле од земјотресот? Место да се фаќаш за тоа, објасни ми колкаво статистичко поместување ќе направи бројка од 1000 мртви на регуларен морталитет во државата од 20000. Тоа е 5-6% проценти, доколку нели тие 90 годишните ја преживеале годинава и онака. Сеа отвори државен завод за статистика и ќе видиш дека секоја година има до 5% разлика во морталитетот, независно од короната, исто ко што ќе има годинава, безразлика на короната. И да се работи за познавање на базична математика тука а не толкување, бидејки вирусот сакал да признаеш или не нема толкава смртност за да влијае на морталитетот. Тоа е дискусијата, а не дали младите лесно го проаѓаат. Ако мислиш дека ја сум грешка математички, еве да се кладиме дека нема да има невообичаена промена на морталтиетот ван тие 5% што ги има секоја година.

Тоа дали луѓето стварно умираат од корона не го измислив туку Караџовски, типот што ги предлага мерките што ги браниш.
 
Член од
31 март 2008
Мислења
2.497
Поени од реакции
1.704
Мислиш дека е паметна работа на мене да применуваш иронија?

Инаку да, СЗО е една од најкорумпираните светски организации, дно.
Посебно бидејќи на почетокот викаа маски не помагаат, а сега викат друго.

Посебно бидејќи пред тоа викаа дека вирусот не се пренесува од човек на човек и дека нема место за страв, а сега викат друго.

Посебно не треба да им се верува бидејќи штом Америка реши да прекине да ги финансира, Кина стапи на сцена и оп, кинеската традиционална медицина ќе биде легална на светско ниво од 1ви Јануари.

Можам да продолжам да додавам зошто не се веродостојни, но нема потреба.

Инаку имаат полно кадри кои им се способни, но немаат глас да гукнат бидејќи некој друг го води орото.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.030
Ако е статистиката најголема лага, зашто тогаш воопшто ме цитираше? Од почетокот се тресет секакви статистички глупости тука, од тоа дека смртноста била 5% до тоа дека морталитетот ќе пораснел за 100%, па не сум видел нив да ги цитираш со истата поговорка. Или сеа пошто не ти одговара, ќе се фаќаме за граматички грешки и жалопојки од типот колку луѓе изумреле од земјотресот? Место да се фаќаш за тоа, објасни ми колкаво статистичко поместување ќе направи бројка од 1000 мртви на регуларен морталитет во државата од 20000. Тоа е 5-6% проценти, доколку нели тие 90 годишните ја преживеале годинава и онака. Сеа отвори државен завод за статистика и ќе видиш дека секоја година има до 5% разлика во морталитетот, независно од короната, исто ко што ќе има годинава, безразлика на короната. И да се работи за познавање на базична математика тука а не толкување, бидејки вирусот сакал да признаеш или не нема толкава смртност за да влијае на морталитетот. Тоа е дискусијата, а не дали младите лесно го проаѓаат. Ако мислиш дека ја сум грешка математички, еве да се кладиме дека нема да има невообичаена промена на морталтиетот ван тие 5% што ги има секоја година.

Тоа дали луѓето стварно умираат од корона не го измислив туку Караџовски, типот што ги предлага мерките што ги браниш.
Статистиката не е најголема лага, туку нејзината различна интерпретација води кон сосема различни заклучоци. Просечната плата во Македонија е некои 21 000, ама ако побараме медијана ќе дојдеме до многу поразочарувачки резултати. Секој си ја толкува од перспектива која му одговара.
Бројот на починати во една година зависи од многу фактори, така што повеќе би се задржал на конкретниот број на починати од оваа болест. Се сеќавам на еден дечко на кој му се смеевте, дека бројот на починати бил помал поради полициските часови, со што се намали бројот на жртви од сообраќајки, жртви од повреди на работно место, жртви од тепачки и убиства чиј број веројатно би бил поголем. Немам никакви информации за овие статистики, но неговиот заклучок мене ми беше сосема логичен. Пак ќе кажам, она на кое би се задржал е тоа што е директен резултат од болеста, бројот на починати (можеби споредбено со жртвите од сезонскиот грип), бројот на хоспитализирани, очигледниот хаос кој владее во СВЕТОТ, неизбежниот хаос во и онака кревкото македонско здравство.
Караџовски спомна дека ние имаме различен начин на кој ги броиме жртвите од корона, односно секој што починал и му бил дијагностициран вирусот, се смета дека починал од корона. Чисто во одбрана на нападите зошто имаме поголеми бројки на починати од останатите држави. И тоа му беше најголема грешка, затоа што овде некои го земаат тоа како аргумент за поткрепа на мислењето дека фамилиите земаат пари за умрените да ги пишат дека биле короносани.

Јас веќе те прашав, колкава треба да биде бројката на починати за да кажеме дека стравот на некои членови бил основан? Колку очекувавте да умрат? Па не очекувавте веројатно дека 500 000 луѓе ќе умрат во држава која нема ни 1 700 000 жители? Нашата дискусија оди во ќор сокак, затоа што двајцата имаме различна мерка за тоа колку е опасен вирусот. Ти гледаш според промената на бројот на починати во државава, јас судам по бројот на починати заразени луѓе и секако, бројот на хоспитализирани, заедно со кажувањата за ситуацијата на инфективна, кои ги имам од блиски. Не знам дали се спомна на темава, ама пред почетокот на есенва, во здравството им текна одлична идеја да интернистите ги ротираат со лекарите од КОЖНО за да помагаат на инфективна. Таму имаш суети, партиски препукувања, борба за статус, за пари. Ова се работи кои од бројките не ги гледаш, но ситуацијата во реалноста е многу поинаква, само ќе ја осетат оние кои ќе дојдат до таму.
Следиш ракомет, го знаеш Доне кугла. Од Доне се имаа опростено сите, човекот се врати од мртвите. Дали Доне ќе беше во таква ситуација да немаше корона?
Не можам да гледам бројки кога се работи за луѓе кои ми се блиски, не знам како не го разбирате тоа :D

Патем, во темава не гледам хипохондрици, гледам луѓе кои бараат да има посериозни мерки и посериозно да се пристапи на ситуацијата. Не гледам дека некој некого убедува дека сите ќе умреме, но спроти тоа секој ден темава е преплавена од луѓе кои не убедуваат дека луѓето не умирале од корона, се' е некоја голема игра што ете ние не можеме да ја сфатиме и најстрашното, не трујат со некои вести од портали кои господ знае од каде ги копаат.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.127
Поени од реакции
17.919

Коронава ќе ја завршиме со 3600 мртви со ова темпо. Тогаш и најверојатно ќе имаме колективен имунитет.
Тоа ти е како просекот од јануари 2000 и јуни 1600 заедно.
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Многу еднострано, всушност пристрасно ги гледаш бројките. Проблемот е што не функционира здравството цели 10 месеци. Еве едно под прашање, колку би била смртноста кај нас доколку се затворени сите амбуланти и болници и не се пружа никаква помош на хронично болни, почнувајќи од рак, дијализа, инфаркти ??? Би било помала или поголема смртноста ?? Друго потпрашање, дали од тие 20.000 кои умираат просечно во македонија би била поголема или помала смртноста доколку имаме поквалитетно здравство, дали од тоа не зависи нешто, или нема веза тоа.
Не, не ги гледам еднострано работите. Баш добро ги согледувам, но дискусијата досега не тргна во тој правец.
Во јуни од корона (официјално, без разлика дали е веродостојно) починале 170. Вкупно во јуни починале 305 над просекот. Разлика 135. Во јули од корона починале 184. Вкупно во јули починале 335 над просекот. Разлика 151. Тоа ти е одговорот на првото потпрашање. Смртноста е зголемена не само директно од короната, туку и индиректно што се откажани медицинските услуги.
На второто потпрашање добро размисли околу мојот одговор. На прв поглед ќе ти изгледа нелогичен. Одговорот е: Со добро или лошо здравство (долгорочно гледано) смртноста ќе биде иста.
 
Член од
13 август 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
2.036
Постои мала лага, средна лага, голема лага и статистика. Како некој што тврди дека е одличен познавач на основната математика и статистиката, треба да ја знаеш оваа изрека. Патем, сфаќа се пишува со Ф, не со в.

До моментов, за неколку месеци имаме 846 починати од корона. Следејќи го темптото од претходните денови (починаа 22 лица за 2 дена), оваа бројка би дошла до некои 1400 починати до крајот на годината, бројка до која би стигнале со груба оценка преку аритметичка прогресија со разлика 7.
Да речеме дека од овие 1400, 200 „секако би умреле“ поради старост, имаме бројка на мртви која на пример е поголема од бројот на жртви од скопскиот земјотрес.
Скопскиот земјотрес го сметаме за катастрофа, но сличниот број на жртви (веројатно и поголем) од коронава, ќе биде „минорно влијание“ во големата бројка.

Еве, би ве запрашал колкава треба да биде бројката на починати според вас, за овој вирус да го сфатиме сериозно?
Јас разбирам дека кај младите вирусот нема големо влијание (во процент над 99. Иако на почетокот имаше тврдења дека вирусот може да остави последици некое време, јас познавам само еден таков случај.), но факт е дека кај старите не е сеедно ако закачат вирус. Проблемот е што уште немаат точно утврдена група која е најкритична, засега „силината со која го закачуваат вирусот“ постарите, ми изгледа како лотарија.

Не се работи за познавање на статистика, туку се работи за различната перецепција која ја имаме на темава.
Според вас, бројката на починати не е страшна, плус не верувате дека се умрени од корона. Јас не можам да ве убедувам дали луѓето умреле од корона или не, ама некако фактите не се на ваша страна. Цел свет презема мерки. Ако ние имаме преваранти од политичари и секој може да не вози како сака, што да кажеме за сериозни земји како Словенија? Зошто се на праг на воведување најстроги рестрикции? Што е со рестрикциите кои ги има Франција на пример? Што е со рестрикциите кои ги има во Авсатралија? Другарка од Мелбурн не може да мрдне во радиус од 5 км од домот, а имаат смешна броијка од 50-тина случаи дневно.
Да не зборуваме што упорно го заобиколувате фактот за хаосот во нашето здравство и во ситруација кога немаше корона. Денес е потврдено дека има 485 хоспитализирани лица. Дали имате податоци каква била состојбата со хоспитализирани лица пред коронава? Дали некогаш имало жалба за исполнети капацитети?
На крај пак ќе дојдеме до бројот на жртви, кое нели ни е мерило за опасноста. Секако не сакам некој близок да влезе во таа статистика, а реалноста е дека тешко може да се одбранам од „закачување“ на вирусот, со што ставам повозрасни лица во опасност. И не можам да не помислам дека лекувањето во случај на тешки симптоми, ќе биде многу комплицирано. И ова е реална опасност, не е во нашите глави, не се работи за непознавање на статистика, се работи за основно човечко чувство за грижа за најблиските, кое е поткрепено со факти. Уште потрагично е што никако не можеш да влијаеш.

Константно се „вадите“ на економијата. Економијата на Македонија секако е срање, а со блокада од сите соседи, со блокирани економии на сите држави во Европа, не знам како ние би просперирале. И јас не сум за да се затвори се', мора да има обрт на пари, за да не останат кај 2% од моќниците во државава. Немам против да работат ни кафулиња, ни ресторани, ни кладилници, сите места од кои имаш полнење на државна каса. Но, на крајот од денот, здравјето секако ми е поважно од економијата.
Има една стара поговорка, вика ’акло те лаже,нема кој да ти каже*
Толку ти се наводите во кои веруваш дискутабилни, што 20 страни може да се дебатира, а пак нема да мрднеме од место.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
... пак ќе кажам, во сите болници па и во Прилеп, едно одделение има од 30-50 -100 кревети зависи, значи на порталот се пишува за едно одделение конкретно Инфктивно одд. и дека капацитетот е полн и дека недостасува персонал- АМА ЗА ИНФЕКТИВНО ОДД, додека другите одделенија имаат исто болнички кревети кои се празни и персоналот на тие одделенија само се присутни на работа, евентуално ако има некој хитен загрозувачки случај за тоа одделение да го примат, и тоа е тоа!
... е сега зошто директорот на прилепската болница не спроведува отварање на друго одделение за прием на пациенти позитивни со коронавирус како на пример интерно одделение и да го ангажира тамошниот персонал тоа е друго прашање, односно зошто истиот директор не наредува ротирање на целиот медицински персонал од сите одделенија каде нема лежечки пациенти и креветите се празни да дежураат во инфективно одделение -тоа е друго прашање!
...и како трето може инфективно одделение нема централно снабдување со кислород (затоа што порано никогаш не се применувало кислородна подршка во третирање на пациенти кои лежеле на инфективно), ама не и во други одделенија, јас не верувам, на пример, дека интерното одделение во прилепската болница каде доаѓаат пациенти со кардиоваскуларни проблеми што главно е и сатурација со кислород, тие пациенти да се на подршка само со кислородна боца!

...еве ист случај и со охридската болница, па на испомош на ифективна во персонал им доаѓа од хирушки гранки и од интерно, ако имаме пандемија со инфективен вирус, тоа не значи дека само инфектолози треба да бидат ангажирани, а другите да се со четири во вис, сите треба да учествуваат во лекување на тие пациенти позитивни на коронавирус!
 
Последно уредено:
Член од
17 август 2011
Мислења
9.716
Поени од реакции
17.382
Статистиката не е најголема лага, туку нејзината различна интерпретација води кон сосема различни заклучоци. Просечната плата во Македонија е некои 21 000, ама ако побараме медијана ќе дојдеме до многу поразочарувачки резултати. Секој си ја толкува од перспектива која му одговара.
Бројот на починати во една година зависи од многу фактори, така што повеќе би се задржал на конкретниот број на починати од оваа болест. Се сеќавам на еден дечко на кој му се смеевте, дека бројот на починати бил помал поради полициските часови, со што се намали бројот на жртви од сообраќајки, жртви од повреди на работно место, жртви од тепачки и убиства чиј број веројатно би бил поголем. Немам никакви информации за овие статистики, но неговиот заклучок мене ми беше сосема логичен. Пак ќе кажам, она на кое би се задржал е тоа што е директен резултат од болеста, бројот на починати (можеби споредбено со жртвите од сезонскиот грип), бројот на хоспитализирани, очигледниот хаос кој владее во СВЕТОТ, неизбежниот хаос во и онака кревкото македонско здравство.
Караџовски спомна дека ние имаме различен начин на кој ги броиме жртвите од корона, односно секој што починал и му бил дијагностициран вирусот, се смета дека починал од корона. Чисто во одбрана на нападите зошто имаме поголеми бројки на починати од останатите држави. И тоа му беше најголема грешка, затоа што овде некои го земаат тоа како аргумент за поткрепа на мислењето дека фамилиите земаат пари за умрените да ги пишат дека биле короносани.

Јас веќе те прашав, колкава треба да биде бројката на починати за да кажеме дека стравот на некои членови бил основан? Колку очекувавте да умрат? Па не очекувавте веројатно дека 500 000 луѓе ќе умрат во држава која нема ни 1 700 000 жители? Нашата дискусија оди во ќор сокак, затоа што двајцата имаме различна мерка за тоа колку е опасен вирусот. Ти гледаш според промената на бројот на починати во државава, јас судам по бројот на починати заразени луѓе и секако, бројот на хоспитализирани, заедно со кажувањата за ситуацијата на инфективна, кои ги имам од блиски. Не знам дали се спомна на темава, ама пред почетокот на есенва, во здравството им текна одлична идеја да интернистите ги ротираат со лекарите од КОЖНО за да помагаат на инфективна. Таму имаш суети, партиски препукувања, борба за статус, за пари. Ова се работи кои од бројките не ги гледаш, но ситуацијата во реалноста е многу поинаква, само ќе ја осетат оние кои ќе дојдат до таму.
Следиш ракомет, го знаеш Доне кугла. Од Доне се имаа опростено сите, човекот се врати од мртвите. Дали Доне ќе беше во таква ситуација да немаше корона?
Не можам да гледам бројки кога се работи за луѓе кои ми се блиски, не знам како не го разбирате тоа :D

Патем, во темава не гледам хипохондрици, гледам луѓе кои бараат да има посериозни мерки и посериозно да се пристапи на ситуацијата. Не гледам дека некој некого убедува дека сите ќе умреме, но спроти тоа секој ден темава е преплавена од луѓе кои не убедуваат дека луѓето не умирале од корона, се' е некоја голема игра што ете ние не можеме да ја сфатиме и најстрашното, не трујат со некои вести од портали кои господ знае од каде ги копаат.
Како е поразлично од тоа што го имам пишано во првичниот пост, дека морталитетот зависи од многу фактори и дека бројката од короната не е толку голема за да ја помести статистиката? Нит сум пишал дека нема вирус, ниту дека сите лесно ќе го пројдат. Веројатно ни Доне ни многу други немало ништо да им биде без корона, ама статистички мал број ќе пројдат како нив. Не дај боже ќе бидам јас или некој близок, ама тоа е, не глеам што може да се направи. Тоа не значи дека треба од паника да кажувам небулози како тоа за короната и морталитетот у државата, кој не се математички издржани.

Инаку повеќето луѓе од сам старт сакавте поригорозни мерки, ги добивте и го потрошивте џокерот карантин кој требаше да спречи прептоварување на болниците а не да се користи за курташак при празни болници. Сеа народот е истоштен и финансиски и психички па втор карантин е премногу тешко да се воведе дури дури и ако ситуацијата е нож до коска. Ама искрено што мислевте на пролет, дека вечно ќе воведуваат карантинчиња :D
Автоматски споено мислење:

Коронава ќе ја завршиме со 3600 мртви со ова темпо. Тогаш и најверојатно ќе имаме колективен имунитет.
Тоа ти е како просекот од јануари 2000 и јуни 1600 заедно.
Веројатно да, само истите ќе бидат распослани во период од 2-3 години.
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.082
Поени од реакции
22.127
Од денес во Мелбурн дозволено е движење до 25км од дома, нема рестрикции за колку време може да се рекреираш, дозволено е да почнат со работа фризерски салони и ред други бизниси... 4 нови случаи, 1 мртов, окулу 300 активни во град од 5 мил. На народот последниве неколку недели му е веќе преку глава очигледно сите сакаат подинамично менаџирање на кризата ама политичарите се плашат да не дојде до трет пик што во нивни очи би било крај за нив... Не се слагам со тоа, мислам дека дефинитивно ќе наебат секако. За сега оставки поднесоа министерката за здраство и шефот на кабинетот на премиерот. Се тресе столицата на премиерот, речиси сигурно ќе поднесе оставка пред следните избори за да и се даде шанса на партијата да освои колку толку гласови мада тоа би било за година дена од сега до тогаш ќе си „заработува“ 10 000 неделно...

Цело фијаско овде беше ради лошо организираниот карантин на повратниците во хотелите. Иако беше понудено војската да ги обезбедува, иако требаше полицијата тоа да го направи на крај 30 мил долари контракт бил даден на приватна фирма по што буквално за 2 недели вирусот се рашири до степен да имаме по 750 ново заболени дневно (ова е на 30 000 тестови дневно).

Во куси црти... Ако сте сега 400 случаи дневно, за недела дена ќе бидете на 1000ка+ нормално ако тестирате адекватно. Џабе е веќе да се бркаат кластери, од она што овде објаснуваа тоа е можно до кај 20-30 случаи дневно потоа ви треба армија искусни трејсери да може да направат нешто... Во Мелбурн на 700 случаи цифрата на луѓе што требаше да биде проверена стигна над 15 000... Во МКД би било и повеќе од тоа. Тукашно искуство е дека треба да работат самопослугите колку што може подолго за да нема гужви. Аутобуси да се дуплираат и маски да се обавезни. Мора да се внимава на старците по домовите зашто таму највеќе гинеа. Под внимава овде во оние што добро поминаа вработените имаа забрана да работат на друго место (сестри, обезбедување, транспорт), се внимаваше на добавувачи на храна (овие беа голем проблем), пациентите беа стрикно изолирани и не беа дозболени посети итн...

Целосно затварање на економијата е глупаво. Да овде беше огоромен дел затворен АМА овде речиси секој може да работи од дома. Сите се опремени, имаат брз интернет, компјутери, место... Овде 95% живеат во куќи и не е проблем еден родите да работи друг да помага на децата дур учат од дома. Викторија преставува 25% од АУС економијата а сепак падот на економијата беше некој 7%. Една од мерките што беа преземени овде беше Job Keeper каде секој вработен што изгубил работа, му биле намалени саатите или му е суспендирано работното место добиваше помош од 750 неделно.

Македонија треба да најде некаков баланс, од една страна делат ваучери за одмори и грантови за тренирање магариња од друга страна ништо не се презема за да се стабилизира економијата и да се помогнат вработените. Мислам дека некој индустрии мора да бидат затворени и помогнати адекватно али целосно затварање е глупост. ОК е полициски час навечер, иако нема некоја смисла, идеата е да се намалат обврските на џандарите, да се растеретат малку и они плус нормално младите да не се собираат. Од 8-9 до 5-6 е ОК, нема нешто што неможеш да свршиш преку ден за тоа премногу да те тангира. 100 пати поглупо е тоа што го правеа предходно каде по 3-4 дена не ве пуштаа да излезете од дома. Глупа работа е и со маските надвор... Маска има потреба да се носи каде има луге али надвор е глупост. Глупост е и во канцеларија, таму треба да се обезбеди доволно простор за да не мора некој да носи маска цел ден. Нека се работи во смена од дома, работодавецот треба да си најде решение.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.523
Поени од реакции
9.413
Poradi nekoi nesovesni luge, bolnicite se polnat.

Poradi nekoi luge koi sovesnite gi narekuvaat hipihondri, panicari I idioti, se zatvaraat ucilistata I gradinkite.

Poradi nekoi luge sto ne gi pocituvaat merkite, se zatvaraat kafani, restorani, klubovi.

Poradi nekoi necovecni luge ke se vovede policiski cas.
Poradi necija neposlusnost ke ne stavaat vo karantin.
Poradi nekoi luge ke zamre normalniiot zivot.

Dosta se inaetite, pa tolku umni luge Ima na ovaa planeta a poradi nekoi maloumni treba da stradaat nevini dusi, da se unisti ekonomijata, da kolabira zdravstvoto.
Pocituvajte gi merkite, samo toa se bara od nas site.
 
Malak

Darth Malak
Член од
15 април 2008
Мислења
48
Поени од реакции
38
Има една стара поговорка, вика ’акло те лаже,нема кој да ти каже*
Толку ти се наводите во кои веруваш дискутабилни, што 20 страни може да се дебатира, а пак нема да мрднеме од место.
Го следам форумот, особено оваа тема, и еве после 10тина години решив да пишам.

Прво, чоече, ти ми стоиш дека веруваш во овој човек.
crazy ppl.png

Имено, човекот од сликата е српски јутубер кој шири дезинформации и бричи овци во Македонија и Србија за тие што незнаат.

А ти јузеру страшен, се сметаш за разбуден, а уствари ти со во заблуди и го загрозуваш јавното здравје.

Антиваксер си оти неможеш да ја прифатиш ново-настаната ситуација и да се разбира не веруваш во науката (таа наука на која одиш кога ќе се влоши твоето здравје). Твојата фантазија стана твоја реалност, а далеку си од разумно размислување. Не веруваш во медицината, и веруваш во теории на заговор. Сметаш дека вирусот е настинка, а тоа што гледаш вакви видеа те пропаѓаат во зајчката дупка (побарај на Гугл и види што значи таа фраза). Сметаш дека луѓето кои велат дека вирусот е страшен се платеници, а ти си платеник на човековата најмрачна мана - неинформираноста, т.е. инфомирање од погрешни извори.

И да Били Гејтс го има твоето име прв на листата за чипирање и иде по тебе GigovIt

Вразуми се и престани да пропаѓаш во зајчката дупка.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.067
Поени од реакции
8.123
Poradi nekoi nesovesni luge, bolnicite se polnat.

Poradi nekoi luge koi sovesnite gi narekuvaat hipihondri, panicari I idioti, se zatvaraat ucilistata I gradinkite.

Poradi nekoi luge sto ne gi pocituvaat merkite, se zatvaraat kafani, restorani, klubovi.

Poradi nekoi necovecni luge ke se vovede policiski cas.
Poradi necija neposlusnost ke ne stavaat vo karantin.
Poradi nekoi luge ke zamre normalniiot zivot.

Dosta se inaetite, pa tolku umni luge Ima na ovaa planeta a poradi nekoi maloumni treba da stradaat nevini dusi, da se unisti ekonomijata, da kolabira zdravstvoto.
Pocituvajte gi merkite, samo toa se bara od nas site.
е ајде де кога ке се наполнат веке 1 недела го збори тоа а никако да се наполнат......

Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Pocituvajte gi merkite, samo toa se bara od nas site.
....ама тие што укажуваат да ги почитуваме мерките, а НИЕ ГИ ПОЧИТУВАМЕ, тие не ги почитуваат, и што со тоа ? се вртиме во круг?
ај да ги наредам кои не ги почитува мерките, а нас ни укажуваат- политичарите, министрите, премиерот, претседателот на државата, градоначалници, министерот за здравство, директори, членовите на комисија за заразни болести, ако треба ќе поставам и фотки како доказ! :cool:
П.С.
... членов (истомисленик) над мене беше побрз! :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom