Статистиката не е најголема лага, туку нејзината различна интерпретација води кон сосема различни заклучоци. Просечната плата во Македонија е некои 21 000, ама ако побараме медијана ќе дојдеме до многу поразочарувачки резултати. Секој си ја толкува од перспектива која му одговара.
Бројот на починати во една година зависи од многу фактори, така што повеќе би се задржал на конкретниот број на починати од оваа болест. Се сеќавам на еден дечко на кој му се смеевте, дека бројот на починати бил помал поради полициските часови, со што се намали бројот на жртви од сообраќајки, жртви од повреди на работно место, жртви од тепачки и убиства чиј број веројатно би бил поголем. Немам никакви информации за овие статистики, но неговиот заклучок мене ми беше сосема логичен. Пак ќе кажам, она на кое би се задржал е тоа што е директен резултат од болеста, бројот на починати (можеби споредбено со жртвите од сезонскиот грип), бројот на хоспитализирани, очигледниот хаос кој владее во СВЕТОТ, неизбежниот хаос во и онака кревкото македонско здравство.
Караџовски спомна дека ние имаме различен начин на кој ги броиме жртвите од корона, односно секој што починал и му бил дијагностициран вирусот, се смета дека починал од корона. Чисто во одбрана на нападите зошто имаме поголеми бројки на починати од останатите држави. И тоа му беше најголема грешка, затоа што овде некои го земаат тоа како аргумент за поткрепа на мислењето дека фамилиите земаат пари за умрените да ги пишат дека биле короносани.
Јас веќе те прашав, колкава треба да биде бројката на починати за да кажеме дека стравот на некои членови бил основан? Колку очекувавте да умрат? Па не очекувавте веројатно дека 500 000 луѓе ќе умрат во држава која нема ни 1 700 000 жители? Нашата дискусија оди во ќор сокак, затоа што двајцата имаме различна мерка за тоа колку е опасен вирусот. Ти гледаш според промената на бројот на починати во државава, јас судам по бројот на починати заразени луѓе и секако, бројот на хоспитализирани, заедно со кажувањата за ситуацијата на инфективна, кои ги имам од блиски. Не знам дали се спомна на темава, ама пред почетокот на есенва, во здравството им текна одлична идеја да интернистите ги ротираат со лекарите од КОЖНО за да помагаат на инфективна. Таму имаш суети, партиски препукувања, борба за статус, за пари. Ова се работи кои од бројките не ги гледаш, но ситуацијата во реалноста е многу поинаква, само ќе ја осетат оние кои ќе дојдат до таму.
Следиш ракомет, го знаеш Доне кугла. Од Доне се имаа опростено сите, човекот се врати од мртвите. Дали Доне ќе беше во таква ситуација да немаше корона?
Не можам да гледам бројки кога се работи за луѓе кои ми се блиски, не знам како не го разбирате тоа
Патем, во темава не гледам хипохондрици, гледам луѓе кои бараат да има посериозни мерки и посериозно да се пристапи на ситуацијата. Не гледам дека некој некого убедува дека сите ќе умреме, но спроти тоа секој ден темава е преплавена од луѓе кои не убедуваат дека луѓето не умирале од корона, се' е некоја голема игра што ете ние не можеме да ја сфатиме и најстрашното, не трујат со некои вести од портали кои господ знае од каде ги копаат.