Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
12 декември 2010
Мислења
10.694
Поени од реакции
11.807
Во право е далтонот скроз кога вика дека не знаат кај тераат со мерките.
Оваа најпресна мерка која ја предложија комисијата е резил, да нема движење после 23 часот, алоо живо пиле не пее по улици преку неделата тоа време, се знае гужвите кога се.
И шо демек ако јас излезам во кафана, се гужвам до 23 часот и после дома ако си заминам ќе ме заобиколи мене вирусот или како ?
Не сум за тотално затворање на кафичи и ресторани од аспект шо стварно ќе пропаднат ама оние кои ќе бидат фатени дека не почитуваат основни протоколи нека ги затворат за на век, оти заради таквите трпи цел сектор.
со затварање на се послем 23:00 на таргет се младите односно оние сите што се гужваа по дискотекине
значи журкање у време на пандемија не е од есенцијално значење

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
5 март 2018
Мислења
17.441
Поени од реакции
19.917
со затварање на се послем 23:00 на таргет се младите односно оние сите што се гужваа по дискотекине
значи журкање у време на пандемија не е од есенцијално значење

Sent from my iPhone using Tapatalk
Посекако локалите работат до 12 часот, после тоа жива душа нема, дискотеки не работат ионака.
Еден сат ништо не менува.
Нема смисла мерката, да е лето ајде ќе речиш се збираат по паркови и шо ти јас знам ама вака ...
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
296
Поени од реакции
452
Посекако локалите работат до 12 часот, после тоа жива душа нема, дискотеки не работат ионака.
Еден сат ништо не менува.
Нема смисла мерката, да е лето ајде ќе речиш се збираат по паркови и шо ти јас знам ама вака ...
Benziskite se mesta za posle 12
 
Член од
2 септември 2013
Мислења
258
Поени од реакции
238
Мене ме чуди како тоа чекавме досега да ни се покачи бројката нагло, реално а и јбг нема што да се оправдам ко да зборувам пред вирулози, ама нели цело лето летувавме, дури и cholismo се предаде на неколку дена па не можеше не ја оддржи темата активна па претпоставувам летуваше негде, и сега преминувам на поентата, зошто после толку месеци дружење, одмори не носење на маски, свадби, крштевки и останато успевавме да одржиме некоја контрола кон бројката на заболени. Единствено можеби влажноста, оваа температура придонесува или па станува збор за замајување на јавноста па чисто да се бавиме со нешто .. како и да е ќе биде интересен периодот ..
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.869
Поени од реакции
6.383
Ќе објасни некој како во Април на 70 илјади новозаразени умирале по 7000 луѓе , а денес на 400 илјади новозаразени умираат 6000 ? И зошто уште има луѓе, (фала богу премалку и небитни се) кои се палат на корона ?
1602895755083.png
 
Прегледај го приврзокот 270754
Ваљда сега се прават повеќе тестови, друго објаснување нема, најлогично е тоа.
Тргни од кај нас, првиот бран по 300 тестови денот имавме, сега над 2000 секој ден.
Да не тестираа тогаш кој знае колкава бројка ќе извадевме.
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.869
Поени од реакции
6.383
Ваљда сега се прават повеќе тестови, друго објаснување нема, најлогично е тоа.
Тргни од кај нас, првиот бран по 300 тестови денот имавме, сега над 2000 секој ден.
Да не тестираа тогаш кој знае колкава бројка ќе извадевме.
Аналогно на тоа смртноста е мизерно мала и џабе целиот циркус... или не ?
 
Член од
5 март 2018
Мислења
17.441
Поени од реакции
19.917
Мене ме чуди како тоа чекавме досега да ни се покачи бројката нагло, реално а и јбг нема што да се оправдам ко да зборувам пред вирулози, ама нели цело лето летувавме, дури и cholismo се предаде на неколку дена па не можеше не ја оддржи темата активна па претпоставувам летуваше негде, и сега преминувам на поентата, зошто после толку месеци дружење, одмори не носење на маски, свадби, крштевки и останато успевавме да одржиме некоја контрола кон бројката на заболени. Единствено можеби влажноста, оваа температура придонесува или па станува збор за замајување на јавноста па чисто да се бавиме со нешто .. како и да е ќе биде интересен периодот ..
Да, на одмор бев фала шо мислеше на мене :backa:
А за поентата твоја ваљда не е исто на отворено да имаш контакт и во затворена просторија, летно време е подруго.
Не сум од оние веруваат во завери и слични срања ама можно е и бројките кои ги објавуват да се изманипулирани, јбг светот е превртен наопаку, не ме чуди ништо.
Автоматски споено мислење:

Аналогно на тоа смртноста е мизерно мала и џабе целиот циркус... или не ?
Така некако иди :)
Јас и порано викав не можи да се утврди точен процент на смртност од причина шо не се тестираат сите и има лица асимптоматски, се кријат контакти на заразени и слични работи.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Носењето на маска и почитување на протоколите не ме прави асоцијален тип, напротив, ме прави општествено одговорен член на заедницата, додека тебе личните интереси и ставање на истите пред другите те прави емоционално незрел, саможивник и егоист. Воспитан сум да го почитувам туѓото мислење и кога не се согласувам со него, но не и да трпам навреди кога соговорникот нема аргументи, па затоа, тука нашата комуникација завршува.
Иако носењето маски и протоколите се благо речено нелогични, народски кажано дебилни?
 
C

CoolIris

Гостин
Ке му дадеш ти пола од твоите примања на некој конобар-студент кој едвај преживува у Скопје?
Вчера нешто спомна сентиментална база?! Зошто си сега ти сентиментален?!

Вирусот се исфрла преку зборење, како водена прашина, и таа може да заврши на некоја површина или да се вдиши. Доколку двајца носат маска на уста е доволно. Тоа е проста логика, не знам што толку замарате околу маските, носете ги и не замарајте, заштите се себе и тие околу вас.
Не е точно. Секретот од носот исто така е извор на флигеовите капки. И не само при зборење, кашлање, кивање, туку и при дишење може да се ослободат истите. Уште една причина зошто треба да се носи маска. А маската ако ја покрива само устата, тогаш нема никаков ефект. Маската мора да ги покрива и устата и носот.
 
TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.419
Поени од реакции
30.017
Како немав една лабараторија....милионер ќе станев.
"Приватните лабаратории инкасираа над 5 милиони евра"
Е ај сега....што е позадината на сето ова, исчезнал Ковид-от во Кина....интересно.
Кријат бројќи или нешто друго се крие....како и да е никад нема да разбереме.

*едит
Овие уште ништо не научија за вирусот.....година дена го имаат на располагање. Прво маска да носи болниот, после сите, па се ширел на еден начин, после пу пу не важи поинаку било...лебдел во воздухот. Ниту еден лек не измислија, добра вакцина којзнае кога. Уште немаат прецизни тестови....дно.

..и ќе заборавев, една од приватните лабаратории од лично искуство знам дека не издаваше фискални сметки, барем во јули така беше....за другите не знам.
 
Последно уредено:
Член од
17 август 2011
Мислења
10.440
Поени од реакции
18.625
Можеби треба да се размисли за промена те намалување на кафанската култура и луѓето кои зависат од неа и адаптација со новото време, коронава којзнае колку време ќе трае, па после тоа може и друг некој вирус да фати, нема ваљда пак да се вергла зошто кафичите или туристичките работници немаат можност за работа како и порано.:)
Мислам не ти е јасно зашто идат луѓе по кафани и кафичи. Не идат зашто не знаат да си напраат плескавица или кафе, идат да се социјализираат со други луѓе. Луѓето се такви по природа, бар нормалните луѓе, сакаат да живеат во заедница. Дал ќе биде местото за дружба кооперациија, дома или кафана небитно. Е сеа ако замислуваш некаков живот без тоа, имаш безброј македонски села кај што ќе можеш не 2 метра, туку 2 километри дистанса да држиш од други луѓе. Ќе се адаптираш на новото време и ќе ја преживееш оваа чума и сите наредни.
Останатите мислам немаат намера да се адаптираат на таков живот ни по цена да умрат.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom