- Член од
- 14 август 2018
- Мислења
- 4.862
- Поени од реакции
- 10.833
Јас ќе ти кажам јас како чистев. Ама сепак не го зимај ова за правило!Da ve zamolam nekoj da kaze procedurata na cistenje na vnatresna edinica so ekosal, so alkohol kako bese?
Imam 3 inverteri pa da gi pripremam za sezona
Fala.
1.Отвараш капак,вадиш филтри и си ги переш стандардно како и секогаш! Јас и нив ги дизинфицирав со екосал!
------------------------
Ова наваму е малце покомплицирано и добро е да имаш живци или уште еден пар раце на припомош!
Земаш стол или скала сеедно,битно да бидеш стабилен на висина до климата оти бааѓи ќе се пимплаш околу неа!
2.Капакот како што е отворен,со движење уште наназад или со благо поместување во страна испаѓа од лежиштата и се вади целосно! И тој оди на перење наравно!
3.Перката на климата со нежно влечење на средина излегува од страничните лежишта исто! Употребувај две раце и види мозгај малку,не е за сила работата! (Кај мене СТ лесно се откачи перката,ама на фуегото ме изнамачи оти имаше трет држач точно на средина,па малку во страна,лево,десно,горе,доле ама и бидна)!
4.Главната пластика е следна! Таа се држи на клампи/обични пинови(или како и да се викаат стручно),и два1три штрафа!
Ќе ти изгледа малце страшно,ама веруј просто е ко грав
Прво ги вадиш штрафовите,а потоа ја стискаш пластиката дел по дел,држач по држач додека не се откачат сите стеги. Таа ќе крцка за време на вадењето,ама затоа реков живци требаат.
5.Ако стигна до тука честито,не си бил фанат во рацете
Сите пластики на перење и триење под ту
Пред тебе ќе ја имаш климата во целата нејзина величенственост
6.Ако има дисплеј на средина,со флет кабелче ќе биде! Пробај цел дисплеј да го откачиш исто како и термисторот! Сосе кабелче тргни ги настрана!
Од десна страна посебно затворен е делот со електроника! Тој не го чепкаш!
Земаш ќесе,најобично како од гранапче,и го навираш од десната страна на климата! Така бар јас направив и функционира топ! Под ќесето можеш и дисплејот,термисторот да го ставиш да не ги прскаш.
7.Земаш една мека четка и правосмукалка.Ако е многу нечиста,прашината како кал ќе биде стврдната. Нежно четкаш уз крилцата на изменувачот и усисаваш. Ќе се запрепастиш каде не прашина и гадотии ќе видиш,а тоа можеш само вака отворена да ја исчистиш.
8.Зимаш една градинарска рачна пумпа и еден леген.За чистење добив препорака исклучиво екосал! Нормално ќе го разредиш ама глеј бар 2-3л вода по клима за перење!
Набиваш убаво притисок,и во едната рака пумпата,во другата легенот под клината(ова за да не ти капе наземја) и си почнуваш да переш одблиску! Глеј сантим или помалку да има од дизната до климата за да биде појак млазот! И нормално внимавај да не прснеш под ќесето во електричниот склоп
9.Е турбината!! Ова веќе беше премногу авантуристичко за мене... ама кога видов каков убав пристап имам до неа... решив да ја перам и неа,ама на лице место неизвадена!
Пази само оти од десна страна е моторот,ама и моторчето на перката...
Јас тука малку ушлакав по земја,оти колку и да пазиш ќе капе. Татко ми ми помагаше така што со прсти ја вртеше,а и леген држеше,јас со пумпата и четка ја чистев! Сепак убаво се исчисти турбината и вака.
10.Враќаш се назад по ист редослед! Верувај многу е потешко да ја расклопиш отколку пак да ја склопиш! И job done