Најекономично греење и ладење

Член од
14 август 2018
Мислења
4.860
Поени од реакции
10.828
Da ve zamolam nekoj da kaze procedurata na cistenje na vnatresna edinica so ekosal, so alkohol kako bese?
Imam 3 inverteri pa da gi pripremam za sezona
Fala.
Јас ќе ти кажам јас како чистев. Ама сепак не го зимај ова за правило!
1.Отвараш капак,вадиш филтри и си ги переш стандардно како и секогаш! Јас и нив ги дизинфицирав со екосал!
------------------------
Ова наваму е малце покомплицирано и добро е да имаш живци или уште еден пар раце на припомош!
Земаш стол или скала сеедно,битно да бидеш стабилен на висина до климата оти бааѓи ќе се пимплаш околу неа!

2.Капакот како што е отворен,со движење уште наназад или со благо поместување во страна испаѓа од лежиштата и се вади целосно! И тој оди на перење наравно!

3.Перката на климата со нежно влечење на средина излегува од страничните лежишта исто! Употребувај две раце и види мозгај малку,не е за сила работата! (Кај мене СТ лесно се откачи перката,ама на фуегото ме изнамачи оти имаше трет држач точно на средина,па малку во страна,лево,десно,горе,доле ама и бидна)!

4.Главната пластика е следна! Таа се држи на клампи/обични пинови(или како и да се викаат стручно),и два1три штрафа!
Ќе ти изгледа малце страшно,ама веруј просто е ко грав :)
Прво ги вадиш штрафовите,а потоа ја стискаш пластиката дел по дел,држач по држач додека не се откачат сите стеги. Таа ќе крцка за време на вадењето,ама затоа реков живци требаат.

5.Ако стигна до тука честито,не си бил фанат во рацете :cool:
Сите пластики на перење и триење под ту
Пред тебе ќе ја имаш климата во целата нејзина величенственост (y)

6.Ако има дисплеј на средина,со флет кабелче ќе биде! Пробај цел дисплеј да го откачиш исто како и термисторот! Сосе кабелче тргни ги настрана!
Од десна страна посебно затворен е делот со електроника! Тој не го чепкаш!
Земаш ќесе,најобично како од гранапче,и го навираш од десната страна на климата! Така бар јас направив и функционира топ! Под ќесето можеш и дисплејот,термисторот да го ставиш да не ги прскаш.

7.Земаш една мека четка и правосмукалка.Ако е многу нечиста,прашината како кал ќе биде стврдната. Нежно четкаш уз крилцата на изменувачот и усисаваш. Ќе се запрепастиш каде не прашина и гадотии ќе видиш,а тоа можеш само вака отворена да ја исчистиш.

8.Зимаш една градинарска рачна пумпа и еден леген.За чистење добив препорака исклучиво екосал! Нормално ќе го разредиш ама глеј бар 2-3л вода по клима за перење!
Набиваш убаво притисок,и во едната рака пумпата,во другата легенот под клината(ова за да не ти капе наземја) и си почнуваш да переш одблиску! Глеј сантим или помалку да има од дизната до климата за да биде појак млазот! И нормално внимавај да не прснеш под ќесето во електричниот склоп :rolleyes:

9.Е турбината!! Ова веќе беше премногу авантуристичко за мене... ама кога видов каков убав пристап имам до неа... решив да ја перам и неа,ама на лице место неизвадена!
Пази само оти од десна страна е моторот,ама и моторчето на перката...
Јас тука малку ушлакав по земја,оти колку и да пазиш ќе капе. Татко ми ми помагаше така што со прсти ја вртеше,а и леген држеше,јас со пумпата и четка ја чистев! Сепак убаво се исчисти турбината и вака.

10.Враќаш се назад по ист редослед! Верувај многу е потешко да ја расклопиш отколку пак да ја склопиш! И job done (y)
 
Член од
23 март 2009
Мислења
723
Поени од реакции
559
9.Е турбината!! Ова веќе беше премногу авантуристичко за мене... ама кога видов каков убав пристап имам до неа... решив да ја перам и неа,ама на лице место неизвадена!
Пази само оти од десна страна е моторот,ама и моторчето на перката...

турбината се вади лесно на новите клими,на старите со R22 треба цела да ја расклопиш.
турбината се вади од левата страна.имаш два штрафа на пластиката.
го отвараш просторот колку да ја извадиш турбината.
претходно треба да го најдеш штрафот и да го одвртиш внатре во турбината.
штрафот ќе го најдеш кога добро ќе се загледаш од долна страна и има една пластика од турбината празна....

тоа што си чистел од турбината на лице место без да ја извадиш е само 50-70 %
 
Од старите е кај мене... така да зафркнато за вадење. Ама прилично сум сигурен дека едно 95%+ ја исчистив ;)
 
Член од
27 јули 2020
Мислења
344
Поени од реакции
567
Секоја чест на - PticaSelica и macci - , ќе се придружам кон нив.
Погледајте ги видеата. Се работи за конкретен модел, меѓутоа е доста детално прикажано.
Битно да потенцирам да видите ако не ја одржувате внатрешната единица, со што го загадувате воздухот во собите. Што дишете.
Внимателно со расклопување за тие што не се извежбани, пластиките, посебно на старите клими може да се крути и лесно кршливи. За турбината- перката сепак треба и знаење, за да легне на место при враќање, а за жал таа е најпрљава.

НАПОМЕНА НЕ ГО ВАДИТЕ ДРЕНАЖНОТО ЦРЕВО ОД КЛИМАТА, ДА ОСТАНЕ ВО НЕА

ЧИСТА КЛИМА ЗДРАВИ И ЗАТОПЛЕНИ ДОМАЌИНИ

Последно уредено:
Член од
8 мај 2020
Мислења
77
Поени од реакции
147
Zdravo
Sakav da ve prasam za inverter klima (za moite roditeli, lani sum prasala za mene - da nema konfuzija :D).

Se mislime za Daikin Sensira 5 kw za individualna kukja vo prostorija od 50 m2, mnogu dobar izoliran koja recisi voopsto ne gubi toplina.
Dosega se greeja na drvja - cela sezona na 4 kubika no sakat sega da se prefrlat na greenje so inverter.
Prasanjeto im e dali e prejaka 5kw za prostorot ili dovolna e,

ili ako imate drug predlog za inverter,
Budzet do 60-70.000 den
Vi blagodaram!
Во моментов најдобра понуда за тој буџет ти е Тошиба Сузуми Плус 18 кој ти е на акција.

Овој модел ти е понапреден и со многу предности (Twin Rotary, 3d Air Flow, одлична модулација и ниска бучавост) Згора на тоа моделот е еден од најдокажаните за секакви услови.
Секое добро.
 
Член од
15 јуни 2017
Мислења
62
Поени од реакции
95
Овај мерачот SP3S ви работи без проблеми?
Кај мене на приближно на 3 дена ја губи мрежата и мора да го рестартирам( да го отштекам ) за да проработи пак. Ме интересира дали ваков случај се јавува кај некој друг или мене нов ми цркнал нешто :)
 
Член од
29 август 2008
Мислења
5.724
Поени од реакции
4.114

Isto e i kaj mene se pojavuva devicee offline
 
Attachments

Член од
27 јули 2020
Мислења
51
Поени од реакции
46
Zdravo, imam dve gree g tech , ednata mnogu krcka plastikata od koa ke se iskluci od greenje bas vo spalna mi e i me nervira , dali deka e poretko pustana uste e nova ili? Drugata u dnevna ne primetiv deka krcka taka koga se ladi.
 
едноставно таква пластика користат ГРИ,не квалитетна.
 
Член од
8 ноември 2017
Мислења
2.532
Поени од реакции
2.828
Zdravo, imam dve gree g tech , ednata mnogu krcka plastikata od koa ke se iskluci od greenje bas vo spalna mi e i me nervira , dali deka e poretko pustana uste e nova ili? Drugata u dnevna ne primetiv deka krcka taka koga se ladi.
Batali go komentarot od "strucnjakov", ostavi ja da poraboti podolgo.
Od koga e klimata?
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Zdravo, imam dve gree g tech , ednata mnogu krcka plastikata od koa ke se iskluci od greenje bas vo spalna mi e i me nervira , dali deka e poretko pustana uste e nova ili? Drugata u dnevna ne primetiv deka krcka taka koga se ladi.
И кај мене крцка кога ќе исклучи. Квалитетот им е таков. А можеби и до монтажата е. Кој ќе знае?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom