Не читам, не отворам апсолутно ништо поврзано со COVID и не, не сум од тие што викаат дека нема и ставаат лајк и амин на икони по фесјсбук, сакам само да споделам мое искуство и мислење. Закачив почетокот на август, појма немам од каде и како, сите што беа околу мене никој немаше симптоми, на работа и друштво, мислам дека нема начин да се заштитиш(барем не 100%). Овие идиотскиве мерки за маски на отворено и на точак нема никогаш да ги почитувам па 1000 евра казна нека стават. Мора да знаете дека сите ќе го закачат вирусов, дека нема кај да бегаш како што нема кај да бегаш од обичен грип, нити ваквина е некаква гаранција дека нема да закачиш. Тие што се со слаб имунитет и луѓе во години ќе мора да седат дома или во стерилна средина (викендица, на село, или двор), за колку што е можно да се заштитат, друга заштита нема.
Ја го прележав само температура 38 два дена и со изгубен вкус и мирис 10-тина дена, здрави млади луѓе што ми се во окружување после мене исто лесно го прележаа.