C
CoolIris
Гостин
Види дечко, ти си тој што ме цитира мене со твоите прости сфаќања полни со омраза кон поедини групи во општеството и ти си тој кој што се обидува да ги испревртува моите зборови во секој пост на форумов. Немам ништо против тебе и твоето постоење на форумов, меѓутоа имам против тоа што го фураш низ темава. Искажи си го твојот став, ама бирај зборови човече. Се гушиш во твојата омраза, ароганција и безобразлук, а се обидуваш истото да ми го наметнеш мене. Уствари не, не да ми го наметнеш, ами да ми го препишеш!Не е ова тема за мене.
Збори за тоа како ми се неточни податоците за заразувањето или негирај го тоа што го тврдам.
Батали ме мене.
Јас во неколку наврати кажувам дека јас не ги разликувам луѓето по националност, политичко или верско убедување, туку ги делам на добри и лоши, воспитани и невоспитани, луѓе со кои можам да дискутирам (дури и кога нашите ставови се спротиставени) и луѓе со кои одбивам да дискутирам (јер нема поента). Ти спаѓаш во категоријата нема поента, заради тоа што секоја дискусија со тебе е беспредметна, поради фактот што твојата омраза кон Албанците е толку голема што решаваш своите фрустрации да ги лечиш на форумов. Најпријателски совет ти дадов, да се фокусираш на побитни и поубави нешта во животот, а не на генерализација и национализам.
Поздрав.