Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Сериозно многу нешто не штима во одбрана. За Шо веќе со години се знае дека стои премногу блиску до центархалфот, и е надвор од позиција нон стоп. Лани Бернардо Силва го внесе во гол сосе топка ради лошо позиционирање. Ме чуди лошата форма на Бисака и Мегваер.

Завчера Мегваер беше повеќе на лев бек позиција отколку Шо. Седиме со другар пред телевизор и двајцата за глава се држиме. Не знам како издржав да ја изгледам цела утакмица, душата ме болеше.
 
На сите од последните неколку утакмици бековите одат кон средина, а по страните оставаат простор колку сакаш. Не е еднаш или два пати, буквално 90 минути. Енигма ми е засега ова со одбраната. Делуваат тотално аматерски.

Shredding his legacy at every turn

Напишано на 31.7.2006та, за Ферги.Наредната сезона освојува лига и почнува многу успешен период на клубот, се тоа со само купен Керик тоа лето.Не би да правам паралели, ама везе си немаат медиумиве што зборат.
 
Најдобрите 11 на Манчестер Јунајтед во историјата на ПЛ. Ако им излезе оваа екипа на овие сега што играат, има сегашните да поминат полошо од Ливерпул против Астон Вила. Видете ги само резервите во тимот.
 
Последно уредено:
Shredding his legacy at every turn

Напишано на 31.7.2006та, за Ферги.Наредната сезона освојува лига и почнува многу успешен период на клубот, се тоа со само купен Керик тоа лето.Не би да правам паралели, ама везе си немаат медиумиве што зборат.
Уште да ги памтиш муабетите кога го купија Керик :facepalm: Пола фудбалер, еднодимензионален....... После пола сезона сите се фатија за глава, колку Ферги бил у право со Керик. Неатрактивен ама баш тој шраф кој фалеше на тимот!
 
После пола сезона? Керик заслужениот респект од фановите почна да го добива дури после неколку години. Коментарите беа дека не знаел да клиза, да разбива, да игра одбрана... Знам имаше неколку грешки поради кога поради него примивме голови, тоа беше врвот за хејтерите.
 
Не ме фаќај за збор, ама постручната јавност сФати колку е саат! А тоа што навивачите и сеирџиите очекуваа нов Кин, друг муабет! Сега и јас после толкава дистанца не се сеќавам на периодите на критики и успеси, плус јас сум ти човек кој у рок балада може да ги слуша само тапаните, не ме земај за озбилно :D
 
Бара десно крило добива лев бек. Бара централен дефанзивец добива центарфор. Координација во клубов минус сто.

Sent from my SM-G960F using Tapatalk
 
Сега излегле 4 засилувања последниот ден, па имам прашање. Сите ли се достапни одма играчи, некое инфо за нив некој Амид Диало, Пелистри? Веднаш ли во прв тим ќе бидат вклучени.?
 
Автоматски споено мислење:

Сега излегле 4 засилувања последниот ден, па имам прашање. Сите ли се достапни одма играчи, некое инфо за нив некој Амид Диало, Пелистри? Веднаш ли во прв тим ќе бидат вклучени.?
Сите се, освен Диало, тој ќе се приклучи од Јануари поради работна дозвола. И Кавани веројатно ќе ја пропушти утакмицата против Њукасл, освен ако не направат нешто да нетреба да биди во карантин.
Мајтапот настрана, сите го фалат овој и го ставаат во топ таленти.

Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom