По последново што го кажавте, за нас обичните купувачи останува пред купување да идеме или на баачки или у цркви, или да ни гатаат дали сме правилно одлучиле, или поп да викаме да ја благослови климата пред монтирање и пуштање
Не, на обичните купувачи им останува внимателно да избираат, вака да прочитаат на форумиве кој колкав преварант е и да одлучат што и од каде ќе купат, а исто така и да пренесат на останати купувачи што и од каде да купуваат.
Чуствувам дека не бев доволно разбран, мислев на СИТЕ увозници, продавачи монтери и сервисери. Сите ги кријат вистинските податоци и недоволно професионално ја обавуваат нивната рабаота
СЕКОЈА ЧЕСТ НА ЧЕСНИТЕ ИСКЛУЧОЦИ
Море доста професионално ја обавувваат нивната работа, само што тоа не е во полза на крајниот корисник. Доста вешто ги кријат и манипулираат со податоците и знаењата кои ги имаат се за своја лична корист, никој не го јебе обичниот корисник ни 5 пари.
Има и такви кои не знаат така вешто да манипулираат, па оставаат предност на повештите, како случајот цитиран подолу.
Ve letnal pametot, inaku ima soodvetni clenovi tuka ke vi objasnat zosto/sto/kako...
Како така да нема да прочиташ за Митсу, марката со "најточни" податоци на светов
Еве ти за LN25VGHZ , која е Бивалентна тука -10 или -15??
А битно е да знаеме зашто бекапот од Бивалентната веке ни е потребен нели ?
како што читам напишани се две бивалентни па ти сеа што незнаш ни да најдеш податок ке знаеш да толкуваш
Ова со бивалентната е чисто како пример како муваат со податоци и големите јапанци.
Прегледај го приврзокот 269406
@Strelec од што се правиш на мутав дури и смешен ми си
Не можам ни да посомневам дека не знаеш што значи она што си го извлекол како исечок од документацијата на Митсу LN25VGHZ и сакаш да рационализираш ситуација као и Мицубиши прави грешки па и ние од Грее сне направиле грешка така??!?!?
Ама еве сепак ќе ти нацртам и ќе ти објаснам јас, за тебе за секој случај, а и за другите што следат дискусија.
Во исечокот кој си го споделил од Митсу LN25VGHZ - Бивалентна температура има една, таа е -10С и пишале дека климата испорачува 3.2kw.
Тоа подолу Tj=-15С што пишува дека дава исто 3.2kw топлина, значи дека климата може да испорача 3.2kw и на -10 и на -15 надворешна температура. МЕЃУТОА со различен (помал) COP, кој е прикажан во табелата на исто ниво хоризонтално.
Еве реков и ќе ти насликам, се надевам сега ти е појасно
Дали за тие 3.2kw на температура од -15С бара бекап греење не знам,но не верувам затоа што во документацијата што си ја споделил погоре и од која што си го вадел овој исечок, ќе го додадам и тој дел тука подолу, единствено нагласува дека - да има потреба од 2.1kw бекап греење но на темепратура од -22С.
Еве тука може да се види исто дека без бекап греење на -22С самиот клима уред по дизајн испорачува 2.6kw + бекапот од 2.1kw доаѓаме до она 4.7kw што стои на налепницата во делот за ладна зона.
И како што гледаш иако не знаев да најдам податок, знаам да го протолкувам.
На крај на ден, не се занимавам со оваа проблематика професионално, и ги немам сервисните и сите документации за сите модели на клими од нашиов пазар во мојот компјутер како што ги имаш ти.... меѓутоа вешто се снаоѓам со онлајн пребарувачи, може ќе ми бидат потребни часови да најдам соодветна докуметнација, но ако сум решителен ќе ја најдам.