- Член од
- 2 јануари 2011
- Мислења
- 1.573
- Поени од реакции
- 1.043
Знаеш под каква контрола се тенисерите и тенисерките во топ 100? Најдобриот пријател на еден мој познаник во Хрватска и беше долги години тренер на Магда Линет. Е овој мојот познаник бидејќи и тој е тениски тренер, пред неколку години беше во тимот на Линет. Се погодило ситауција овој да има уплатено неколку тикети, онака на ситно за забава, и кога оваа ги видела тикетите буквално збеснала. Цели животи и кариери им зависат од тоа да не бидат обвинети за кладење, не е тоа толку едноставно.
Овие што се надвор од топ 200, и што играат на селски турнири, тие местат, и на такви турнири треба многу пазење.
Чекинато беше осуден за местење на меч, па еве го си игра како ништо да не било. Иначе за видеото што го објави @Chazzspaz, гледајте го вториот поен и се ќе ви стане јасно, гледајте како кога одигра Сизикова скоро со колена на земја намерно се задржа у таа позиција уште 1-2 секунди за да не може да го стигне топчето после.