Premier League - Season 2020/2021

  • Креатор на темата Креатор на темата RickyLFC9
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион во сезоната 2020/2021?


  • Вкупно гласачи
    166
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Не ја гледав, видов дека дал гол и да ја испоштувам процедурата. :gjavol:

Даде убав гол, ама на 1-1 сам излезе пред голман и нормално се сплетка.
 

Би сакал и јас да знам, пошто бааги се радваја последните две сезони на победите на Сити.
 
Ајде Пеп има уште два дена да спука една стотка на Кулибали. :angel:
 
Денес се виде колку на Сити му фали класична деветка. Не можиш со Стерлинг во нападот, кој троши илјада топки за да дај еден гол. Де Брујне нерви искина со него цела утакмица, многу погрешни додавања.
 
Стартот на сезоната на Лидс сега за сега се одвива според моите предвидувања

Ќе бидат најпозитивно изненадување на стартот на сезоната и потоа ќе потонат и ќе завршат некаде на средина на табелата
Ги пратев малку во Чемпионшип последните две сезони, ама секој пат им се дешава пад проследен со лоши резултати, најверојатно ќе има таков период и во ПЛ, премногу трчаат, на физички аспект не знам колку е одржливо вакво темпо да практикуваш, али поголем состав имаат сеа, па останува да видеме.
 
Не се сеќавам Пеп да изгубил посед на утакмица во ПЛ, ги утепаа Лидс денеска, не само поседов најнебитно е тоа, каков машки фудбал играат лудациве секоја чест.

Screenshot_1.png
 
Каква доминација на Лидс во второ полувреме, еден куп шанси.
Арно рече Пеп дека Биелса е подобар тренер од него пред некој ден :D
 
Ги пратев малку во Чемпионшип последните две сезони, ама секој пат им се дешава пад проследен со лоши резултати, најверојатно ќе има таков период и во ПЛ, премногу трчаат, на физички аспект не знам колку е одржливо вакво темпо да практикуваш, али поголем состав имаат сеа, па останува да видеме.

Во вториот дел од сезоната им се случуваше најчесто. Ќе соберат сега бодови и од јануари ќе уживаат во лигата.
 
Најдобриот купи 739 играчи од среден ред и одбрана, за сеуште да се потпира врз 35 годишниот Фернанндињо, интересно. :kafence:
 
Последно уредено:
Лук Ајлинг многу тaктички паметно игра.
Уште лани во ФА куп го приметив против Арсенал, одличен перформанс даде, еве и од кога се во ПЛ.
Па и од школата на Арсенал бил, а ни настап не добил за нив...

Штета што ваков бек не го земал до сега некој подобар тим. Со оглед на годините, тешко дека допрва ќе направи кариера, ама ќе биде запаметен како капитен на Лидс сигурно.
 
Најдобриот купи 739 играчи од среден ред и одбрана, за сеуште да се потпира врз 35 годишниот Фернанндињо, интересно. :kafence:

Оваа година ако не освои ПЛ ќе нема никакво оправдување за Гвардиола...ајде изминатата сезона му се простува бидејќи претходно две титули освои...ама сега на толку пари дадени е срамота да се жали.
 
Лук Ајлинг многу тaктички паметно игра.
Уште лани во ФА куп го приметив против Арсенал, одличен перформанс даде, еве и од кога се во ПЛ.
Па и од школата на Арсенал бил, а ни настап не добил за нив...

Штета што ваков бек не го земал до сега некој подобар тим. Со оглед на годините, тешко дека допрва ќе направи кариера, ама ќе биде запаметен како капитен на Лидс сигурно.
Он е вице-капитен, Купер е капитен. Но, не знам уште колку ќе биде во стартни 11 доколку Љоренте се наметне. Кох беше многу добар и со Шефилд и денеска.
 
Си знае Кев, братот. Дојди си ваму кај нас, има кој да те слуша :X3: :X3:

 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom