Најдобар бенд на сите времиња (GOAT) (Читај прв пост правило)

Најдобар бенд

  • Вкупно гласачи
    98

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Тој што ги ставил и овие што ги бараа треба да се врзат околу „Воинот на коњ“ и да се запалат додека свири Creep.
За ова кривична се попијува да ти кажам како адвокат. Ама оти си добар дечко ќе премижам. А решен бев да одам да вадам лекарско за претрпен страв, да ја спремам лека полека пријавата :D

п.с Крип е тапа, ја би одел во позадина со Where I end and you begin. Барем по желба да ми е песничето.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.052
Поени од реакции
6.530
Се лажеш. Секс Пистолс и ден денес се побитни од Квин. Без разлика како настанале. Знаеш дека Достоевски седнал да пишува памлфет против претераната употреба на алкохолот во Русија а завршил со Злосторство и казна?

Квин не се никаква трајна вредност. Квин се добро спакувана забава за широки маси. Затоа ти напишав дека техничката супериорност на некој рок музичар не го прави уметник. Има рок гитаристи кои можат буквално се да направат со гитарата, а повторно се безначајни. Лу Рид е нула од пејач, и повторно е поважен од Фреди. Албумите на Квин немаат никаква уметничка вредност. Нула. Секс Пистолс можеби се никакви музичари, но успеа да артикулираат бес и незадволство на цела една генерација луѓе. Не велам дека тоа е целта на уметноста, но и тоа е многу повеќе од она што го направија Квин, кои се ништо.
Широки народни маси вс. одбрано малцинство кое знае што е уметност, тоа се тие ситуации :)
Достоевски и Секс Пистолс во иста реченица, i cringe :D
Напротив, Секс пистолс се големо ништо, никогаш не биле битни, let alone побитни од Квин, нит артикулирале бес на генерација луѓе нит ништо, единствено ако насочиле поединци кон самодеструктивен животен стил.

Квин се трајна вредност, за што сведочи тоа што и ден денес се слушани од маса народ, половина век од нивното формирање и скоро три децении по смртта на Фреди. Значи нови и нови генерации на слушатели се одушевуваат од нивната музика, лица кои не биле ни родени за време на култни настапи како оној на НЕП стадион, Будимпешта 1986.
Ако знаеш за друга дефиниција за трајна вредност би било интересно да прочитаме што е тоа.
Каква уметничка вредност има албумот на Џој Дивижн? Мумлањето во микрофон на Иан Кертис? Дај да видиме на што сме, конкретни примери.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440

„Гаси тоа Секс Пистолс, пушти Квин да изгинемо“ - ниту еден млад човек, никогаш, никаде.
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436

Исто е и со Цеца, која е трајна вредност, за што сведочи тоа што и ден денес е слушана од маса народ, скоро 35 години после појавувањето на нејзиниот прв албум, Цветак зановетак. Значи нови и нови генерации на слушатели се воодушевуваат од нејзината музика, лица кои не ни биле родени кога се појавил нејзиниот прв албум.

Тоа ти се вика убиствен аргумент во дискусија.
 
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.536
Поени од реакции
2.658
За ова кривична се попијува да ти кажам како адвокат. Ама оти си добар дечко ќе премижам. А решен бев да одам да вадам лекарско за претрпен страв, да ја спремам лека полека пријавата :D

п.с Крип е тапа, ја би одел во позадина со Where I end and you begin. Барем по желба да ми е песничето.
Намерно му е ставена крип за поболна смртта да ни биде :pos: :pos: :pos:
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
Гласав за Iron Maiden, доста субјективно, ама ваљда така гласале повеќето тука. Тешко е да се одреди најдобар бенд на сите времиња, пред се зашто има различни жанрови, а богами и различните периоди се битни.

Јас најмногу слушам хеви метал, а тука нема подобри од Maiden. Да, Black Sabbath се највлијателни, ама Maiden се за мене ненадминливи. Брус Дикинсон е феноменален вокал и фронтмен, една од најинспиративните фигури за мене.

Од другите бендови, нема зборови, Pink Floyd се институција, музички генијалци. Еве гледам и на анкетата убедливо водат, а и генерално мислам дека повеќето музички фанови би ги ставиле како бр.1. Led Zeppelin исто така заслужуваат почит, мислам дека ако активно твореле повеќе време денес ќе беа сметани на ниво на Pink Floyd. Queen за мене сепак не е на тоа ниво. Одличен бенд се, едни од најголемите, ама мислам дека најголема улога има Фреди со неговата појава и харизма.

Битлси и Стоунси имаат огромно влијание, ама што знам, јас никогаш не сум бил преголем фан ни на едните ни на другите, иако многу ги почитувам.

Nirvana имаат огромен печат, посебно за генерациите што растевме во 90-тите. За мене и Guns N' Roses секогаш ќе имаат посебно место, ама тоа пак ќе кажам чисто субјективно, растев со таа музика, мада денес скоро и да не ги слушам. И да не го испуштам и панкот како правец, тука Ramones би ги ставил на прво место.
 
Член од
15 јули 2009
Мислења
3.488
Поени од реакции
3.479
Type O Negative.

Не ми е гајле дали се познати како Pink Floyd, Zeppelin, Purple, Metallica итн.
Таков уникатен музичар како Peter Steele немало и нема ни да има. Генијалец! Штета што нема никогаш да го слушнам во живо..
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.052
Поени од реакции
6.530
Исто е и со Цеца, која е трајна вредност, за што сведочи тоа што и ден денес е слушана од маса народ, скоро 35 години после појавувањето на нејзиниот прв албум, Цветак зановетак. Значи нови и нови генерации на слушатели се воодушевуваат од нејзината музика, лица кои не ни биле родени кога се појавил нејзиниот прв албум.

Тоа ти се вика убиствен аргумент во дискусија.
Аргумент?
Чекај сега, нели спомена трајна вредност.

Цеца нема вредност, така да неможе да претставува трајна вредност. Нејзиниот домет е неколку балкански припиздини, меанчиња по дијаспора и толку. Дури и меѓу тие параметри, звуците на Цеца се слушани све помалку и помалку од новите генерации. Не се денес славните 90-ти. Цеца практично не постои.

Квин има вредност, има феноменални песни, нешто во што се сложуваат лица на кои струка им е или им била музиката. Еден Дејвид Боуви пример, меѓу многуте, дури и соработувал со Фреди а се памети неговиот феноменален настап на трибјутот за Фреди на годишнина од смртта. Освен вредност имаат и трајност (пола век). Hence, трајна вредност. Можеби Боуви бил во заблуда, кој ќе го знае.
 
Чекај, како ти знаеш кој што слуша сега? Ева јас на пример не познавам никого кој слуша Квин. Како ти го знаеш тоа?
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.052
Поени од реакции
6.530
„Гаси тоа Секс Пистолс, пушти Квин да изгинемо“ - ниту еден млад човек, никогаш, никаде.
Еден млад човек, некаде, рани 90-ти, можеби година пред смртта на Фреди, дупли винил Queen greatest hits, го имам сеуште :)

Со пистолси се запознав подоцна, околу 17-18-19 години.
Автоматски споено мислење:

Чекај, како ти знаеш кој што слуша сега? Ева јас на пример не познавам никого кој слуша Квин. Како ти го знаеш тоа?
Едноставно знам дека е така како резултат на моја интеракција со околината, што не би можел да кажам за 90-те. Немам слушнато цеца во угостителски објект може едно добри 10-12 години најмалку.
Пример знам и дека цеца не се слуша во Бразил. Дали се согласуваш со едно вакво, априори тврдење? И дека Квин се слуша во Бразил ден денес? Можеме да претпоставиме такво нешто?
Јас имам некои индиции, пример 1,2 милијарди слушатели на Bohemian rhapsody на Youtube, сепак е некаков показател бидејќи се работи за 45 години стара песна.
 
Последно уредено:
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Еден млад човек, некаде, рани 90-ти, можеби година пред смртта на Фреди, дупли винил Queen greatest hits, го имам сеуште :)
Од млад страдаше од хроничен недостаток на вкус за музика. Какви пост панк бендови имаше во тоа време, ти Квин слушаше. :pos: Јас одев Солун во едно забателено продавниче и купував плочи од Bauhaus и Christian Dead, ти слушаше балалајки од Квин, зашеќерени глупости.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.052
Поени од реакции
6.530
Од млад страдаше од хроничен недостаток на вкус за музика. Какви пост панк бендови имаше во тоа време, ти Квин слушаше. :pos: Јас одев Солун во едно забателено продавниче и купував плочи од Bauhaus и Christian Dead, ти слушаше балалајки од Квин, зашеќерени глупости.
Со Ад хоминем ништо не правиме, не е добро тоа.
Пост панк се почеток на 80-ти колку што знам, не сум бил во можност да купувам плочи.
Баухаус е де факто умјетност. Кмечењето на Иан Кертис и најдосадниот и најпретенциозен бенд во галаксијата Dead can dance се нешто невидено. Човек треба да има истанчано уво да ги возприеме. Ние обичните слушаме шлагери како Seven seas of rhye, Killer Queen, Another one bites the dust etc.
Јас сум благодарен на случајноста и судбината што немам музички вкус како твојот :)
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
најдосадниот и најпретенциозен бенд во галаксијата Dead can dance се нешто невидено.
Само овие три песни вредат колку целокупното творештво на Квин. Квин се како телевизијата, за секого по нешто, вкупно земено едно големо ништо.

Автоматски споено мислење:

Јас сум благодарен на случајноста и судбината што немам музички вкус како твојот :)
Кога ќе дојде до прашања за музика, јас сум arbiter elegantiarum.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom