Малклу оф топик, ама јас на овие беливе фармери би им понудил земја и би им дал субвенции, за да се преселат во Македонија.
Во ваква ситуација, во каква што се наоѓаат таму, мислам дека би имале шанса да привлечеме добар број од нив.
Сосема нереална ти е приказната, кај нас тие бели фармери не доаѓаат.
Во САД, Трамп и Помпео се осмелија да зборуваат јавно за проблемот со нападите врз белите фармери во ЈАР.
Сепак со оглед на политиката на Трамп нема шанси САД под водство на Трамп конкретно да им помогнат на белите фармери, а се знае дека само ако добијат воена заштита, само така ќе бидат оставени на мир белите фармери во ЈАР, се друго им преостанува само да пакуваат куфери и да одат во прекуокеанските мигрантски земји Австралија, Нов Зеланд или Канада.
Има еден политичар од ЈАР, којшто е многу популарен со неговата партија, и тој политичарот отворено кажува при политичките митинзи дека се залага белите фармери да бидат убивани и протерани. Овој е тој политичар, доаѓа од партијата Африкански национален конгрес, партија која од 1994 наваму е постојано убедливо победник на сите избори.
en.wikipedia.org
ЈАР тргнаа кон патот да го истребуваат белото население, факт е дека белците во ЈАР сеуште живеат економски подобро отколку црнците, но решиле црнците да не му дадат мир на белото население. ЈАР ќе стане Зимбабве, и Мугабе своевремено протера бело население ( да во Зимбабве имаше многу помалку белци отколку во ЈАР).