Фудбалски/трансфер дискусии

Член од
7 декември 2019
Мислења
4.636
Поени од реакции
8.216
Не знам колку е вистина, али Окампос е 10 пати подобра опција од Дембеле.
Многу безобразен играч, нема никаква почит према кој противник и да игра, никогаш до сега не исчезнал на голем натпревар, мозокот им го испи на Баерн во Супер Купот го убија од фаули зашто не можат да го сопрат.
Најважно од се, нема да ја пропушти цела сезона поради повреди.
И тој е хроника со повреди! Плус нели е лево крило? Јас во Севиља цело време го гледав продорите му се од левиот врв на шеснаесетникот!
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Не знам колку е вистина, али Окампос е 10 пати подобра опција од Дембеле.
Јас сум подобра опција од Дембеле.

Еве едноставна математика. За него треба да платат 50 милиони евра, мене би ме потпишале на фри трансфер. Јас би се нафатил да потпишам за Манчестер за десетина од платата што тој би ја земал. Тој би го губел времето играјќи игри, јас би го губел времето на Кајгана. Импакт на играта би имале подеднаков, односно никаков. Ниту јас ниту тој би играле.

И кој е сега подобра опција?
 
Последно уредено:

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
9.207
Поени од реакции
25.400
И тој е хроника со повреди! Плус нели е лево крило? Јас во Севиља цело време го гледав продорите му се од левиот врв на шеснаесетникот!
Добро зашто збориш на памет, па во денешно време со неколку клика можеш лесно да дојдеш до информацијата.
Минатата сезона само еднаш бил повреден на почеток на сезона, станува збор за мускулна повреда најверојатно поради недоволна физичка спремност, поради која отсуствувал 14 дена или само еден натпревар за Севиља.
Единствена сериозна повреда му била на зглобот, во сезона 2015/16 каде отсуствувал два месеци и пропуштил 14 натпревари за Марсеј.

Untitled.png

Природна позиција му е десно крило, но знае често во натпреварите ако осети дека десниот бек е послаб или поспор да се префрли на лева крилна позиција.
 

Dino-Juve

Juve Per Sempre
Член од
20 октомври 2005
Мислења
1.147
Поени од реакции
458
Ај сменетеја темава Фан Клуб Манчестер Јунајтед, 10 страни наназад се коментира за Дембеле...
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Ај сменетеја темава Фан Клуб Манчестер Јунајтед, 10 страни наназад се коментира за Дембеле...
И што треба, за Меккени да зборуваме, што не го знаат од дома дека фудбал игра?
 

Dino-Juve

Juve Per Sempre
Член од
20 октомври 2005
Мислења
1.147
Поени од реакции
458
И што треба, за Меккени да зборуваме, што не го знаат од дома дека фудбал игра?
Не реков за Меккени да зборуваш ама го отековте со Јунајтед... Да носевте некој топ играч ајде ќе ве разберев ама носите просек платен трипати повеќе од релната сума.. И што е најтрагично пак ќе бидите на ивица помеѓу 4-6 место..
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Не реков за Меккени да зборуваш ама го отековте со Јунајтед... Да носевте некој топ играч ајде ќе ве разберев ама носите просек платен трипати повеќе од релната сума.. И што е најтрагично пак ќе бидите на ивица помеѓу 4-6 место..
Гледам си разбрал за што се дискутира.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.934
Поени од реакции
23.732
Не реков за Меккени да зборуваш ама го отековте со Јунајтед... Да носевте некој топ играч ајде ќе ве разберев ама носите просек платен трипати повеќе од релната сума.. И што е најтрагично пак ќе бидите на ивица помеѓу 4-6 место..
Во последно време тренд на форумов стана да се пишуваат поплаки за дискусијата која се одвива во фудбалските теми. И тие поплаки во главно доаѓаат од членови кои речиси не влегуваат во никаква дискусија воопшто, само пратат и клаваат лајкови на "своите"
Јас не те разбирам што ти смета таа дискусија или било која воопшто.
Јас ја отварам темава, ако нема ништо интересно за читање, идам на Нагорно-Карабах или Гурманско катче.
И ако Владимир збори за Манчестер само не мора да значи дека тоа е главна тема и дека не можеш да започнеш дискусија на пример за Борха Мајорал во Рома, Адриен Силва во Сампдорија или Дармијан во Интер...
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.550
Поени од реакции
8.130

Веродостоен ли е изворов? Вака така се чисти ѓубрето, Далот, Переира, Смолинг, потенцијално Фосу Менса.

Лордот Лингард изгледа е од оние 0.01% бактерии што не ги уништуваат средствана за хигиена.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.636
Поени од реакции
8.216
Добро зашто збориш на памет, па во денешно време со неколку клика можеш лесно да дојдеш до информацијата.
Минатата сезона само еднаш бил повреден на почеток на сезона, станува збор за мускулна повреда најверојатно поради недоволна физичка спремност, поради која отсуствувал 14 дена или само еден натпревар за Севиља.
Единствена сериозна повреда му била на зглобот, во сезона 2015/16 каде отсуствувал два месеци и пропуштил 14 натпревари за Марсеј.

Прегледај го приврзокот 268991

Природна позиција му е десно крило, но знае често во натпреварите ако осети дека десниот бек е послаб или поспор да се префрли на лева крилна позиција.
Јас не сум ептен фанатик за Ла Лига па да го гледам стално Окампос, ама може и со големи букви АМА, во посткорона делот ми се погоди да ги гледам Севиља 5-6 пати. Окампос го вадеа секогаш меѓу првите, играше со стегач на бутниот мускул! На двапати имаше кавги и трескање од земја зошто го извадиле, после на неколку места прочитав дека е превенција да не му се влоши повредата. А викаш и дека на почетокот на сезоната отсуствувал, му се собрало.
Галиба да те опита нешчо: ти момче го имаш гледано Окампос втората половина од првенството или збориш врз основа на статистиката?
Може не сум 100% запознаен со Севиља, ама не зборам на памет. А тоа со статистики, викаат ако сакаш да ја сокриеш вистината, повикај се на статистика ;)
 
Последно уредено:
Член од
15 ноември 2008
Мислења
5.770
Поени од реакции
11.773

Веродостоен ли е изворов? Вака така се чисти ѓубрето, Далот, Переира, Смолинг, потенцијално Фосу Менса.

Лордот Лингард изгледа е од оние 0.01% бактерии што не ги уништуваат средствана за хигиена.
Vitiello e Tier 1 za Milan, verojatno kje bide do vecer gotova rabotata za Dalot. Platen loan so opciia/obligacija.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom