Интересно како во Пекабеско акционерската состојба е толку консолидирана што нема веќе ни кој да продава. Еден табор се Кутревци со вработени инсајдери, а друг се малите акционери што се свесни за вистинската вредност на акциите. Дури ни со максимална количина лоши вести цената никако да падне...
Исто така, просто ми е шокантно како стотина акционери што го читаат форумов, а меѓу нив има и брокери и „менаџери“, немаат никаков интерес за пресудата којашто набргу ќе ги претвори во овци за стрижење. Се надевам дека директорите ќе им напишат благодарници на
@TENDO и на
@mishevski затоа што преку затајување на информации што се од клучна важност за 80.000 мали акционери им направиле услуга на апашките директори полесно судски да им се валидира претстојниот грабеж.